Monthly Archives: м.г

Излегувајќи од оковот на една жена

        Ја гледав покрај себе не можејки ништо да изустам.Беше слаба,расплакана,се тресеше од нашиот последен разговор кој го прекинав само со причина да не ја растревожувам повторно.Ја гледав крај себе.Не беше ни пола од тоа што го … Continue reading

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Галактички одговор

Едно прашање зачинето со горчина и чемер, одговорот е сместен во тунелот темен  И нејасни звуци се мачат, да продрат во заматената свест   Не е тага а не е ни бес, и сепак се борам и треперам во себе … Continue reading

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Kaфански џган

Се разбудив со тапа болка во главата и мирис на алкохол и цигари во устата. Здивот ми горчеше ко да сум џвакал пикавци. Седнав на шоља да кењам. Помислив желудникот ќе ми прсне. Цревата беа убаво натапкани. Предходните три дена … Continue reading

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Сперматологија

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Збогум на мојата шеска

  Одамна е скапана,одамна не блеска, се спремам за збогум со мојата шестка, ради нејзе веќе не можам ни да пољубам женска, од нејзе се шири миризба тешка…..   Пред клештата да заигра со оброк ќе ја почестам, за последен … Continue reading

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Ептен лош ден

Ептен лош ден

Седнав покрај езерцето во градскиот парк и нарачав Гроздова струмичка мастика.Побарав и салата со многу маслинки и едно тањирче таратур.Краставичките внатре беа исецкани како мевлем а лукот ми даваше убав шмек кој го претопував во ладната мастика.Седев пиев,се мезев и нешто читав.Го отврив весникот и на насловната страна го видов лидерот на една политичка партија.Толку неоригинален човек,толку тешко креле,толку прочитана книга,толку ефтин фолирант не сум сретнал.Се качува на врвот користејќи ги стравовите на луѓето,лажен патриотизам,афтократ.Кој го ебе!Не го ни прочитав насловот и ја свртев втората страница.
Вести од светот.Израелците го бомбардираат појасот Газа!Ништо ново…Свртев да читам од позади.Ги загледав умрените со објава на нивните слики каде што се најубаво испаднати.Мене тоа ми изгледаше трагично и помалку саркастично.Еден тип бил армоникаш и го ставиле на слика со растегната армоника окезен до уши.Господе боже прости ми,но мене ова ми е невкусно…Мрзам погребни церемонии,ги мразам муабетите кои се прават таму.Реметење на мирот на покојникот.А за него??Не верувам и дека некој зборува за него.Кога ќе се матнат неколку ракии не ретко и се преминува на вицови,на кикотење.Убав собир..А кој беше поводот?А да,имаме починато лице.Лесна му земја.
Ја свртев страната кон спортската рубрика.Како по обичај,жалби и поплаки кон судиите,подметнувања,обвинувања за лажирања на утакмци и чудно…сите беа во право.Не видов доблесен човек да признае вина.Тогаш го фрлив весникот и сватив,односно се уверив зашто многу ретко и го отворам тоа ѓубре.
Ја љуштев својата мастика и ги гледав заљубените парови како се љубакаат по клупите.На есенското сонце,во паркот прелеан од жолти бои се продаваа романси,се даваа бакнежи со врвот на усните.Стомакот на заљубениот трепереше,дланките беа топли а ташаците отекуваа на големо.После петинг машкото оди како шатка,добива запушување на тенките каналчиња околу ташаците па дркањето е неизбежно кога веќе нема секс или пушење.Ги гледав овие работи околу себе и се прашував каде јас припаѓам.Вечен самотник на кого му е удобно во тишинита и празнотијата,ги мразев групните забави,излегувањата во викенд кога сите беа под некој транс…Демек иде Петок Сабота и треба нешто посебно да му се секирам за тоа.Жими кур.Ни петок ни сабота не се ништо посебно од другите денови.Напротив.Тоа се најлошите денови во неделата.
Го отворив паричникот и таму случајно најдов залутана слика од една моја бивша девојка.Ја гледав сликата добри 10 тина минути и ја замислував во секакви изданија.Каква и беше фацата кога е тажна,кога е весела,кога е лута,кога е во исчекување или кога е изнедена.Да,се присеќав убаво и забелажав дека ни една од тие гримаси не е ни приближна како оваа што е испадната на сликата.Тогаш како е можно да испадне оваа слика?Што ли тука размлисва кутрата.За миг забегав со мислите но брзо се вратив.Ја ставив сликата под многуте визит картички кои обожувам да ги собирам и го затворив паричникот затоа што таа слика не беше вредна да се фрли.
Најчесто ги фрламе сликите на оние кои нешто ни значеле,не турнале во очај,не врзале во љубовно ропство.За среќа немав фрлено ни една слика во мојот живот од ни една жена.Ги собирав сите на дното во фиоката и не често ради тоа јадев испади од моите девојки.Љубомора,очај..беда…За нешто што ич не ме засега.Кур ме заболе,тоа е нивни проблем а не мој.Да беше мој ќе ги тргнев сликите од таму,но за моја среќа сеуште се таму.Еден куп девојки заробени во кадар седат на дното од мојата фиока и ме кинат со погледот.Бев сардисан од стотици погледи и од неколку стотици женски раце кои сакаат да ме задават.Со ни една не сум останал непријател по завршувањето на врските.Напротив.Со оние кои што беа паметни и понатаму контактирав на мој начин,оние кој што сакаа да ме вратат по секоја цена моментално ги бришев,а оние малкуте кои сакав јас да ги вратам беа исто така далеку од мене.На некој начин пата-пата ситуација.Фер ситуација.И зашто би се осеќал грозно проади мојот карактер.Така е тоа во животот.Работите кои ги бркаме и кои не бркаат се секогаш далеку од нас.Проста логика.
Одако го изделкав шишето со мастика почнав да го листам именикот од мобилниот телефон и да барам некоја од моите фукари каде што ќе можам да го исчадам алкохолот.
Просто невозможно е каков сексуален манијак станувам кога сум под алкохол.Се што е во мене човечко паѓа некаде во подсвеста а од подсвеста излегуваат црвените ламби,високите штикли и скинатите хулахопки,белите долги нозе со убави црвени гаќички помеѓу нив…Од мене извираше еротичната уметност.
Кога би правел музеј од восочни фигури,100 % би бил со женски примероци во различни пози,облечени во разна секси-гардероба со најразлични гримаси на лицето.Насмеани,замислени,попалени,со полузинати усни и јазикот прилепен до усните.Со рацете помеѓу нозете а цицките истртени надвор од тенките деколтеа.Натртени во газот со погледот свртен кон објективот,со тенки мокри бели маички од каде се проѕираат набарени брадавици,врв од црвен нокт малку навлезен помеѓу усните од клиторисот……….
И заѕвонев на Јулијана.Веднаш го примети мојот пијан глас па муабетот ни отиде на ебем страну…..-Имам за учење,спремам испит во фрка сум-ми кажа со лигав глас….
Не и возвратив ништо.И исклучив.Јулијана беше мало ниско тртлесто девојче со силен задник и големи цицки.Имаше поглед на ѕвер а насмевка на ангел.Се керебечевме некогаш многу често но одкако увиде дека не сум за врзување се одалечи од мене.
Потоа и свртев на Берта.Смеѓа девојка,висока околу 175 см,со уморен но многу провокативен поглед.Носеше секогаш широки фустани каде и покрај тоа, прекрасно и се исрцтуваа еротичните облини на бутовите ,на листовите на нозете и на задникот.Телефонот ѕвонеше до крај кога ми префрли на секретараката од говорната пошта….
Ах да ти ебам денот си реков…тргна работава на опаку а јас бев изгорен за пиче.
Потоа ми текна на Персида,на кратко Пепи.Од скоро беше мажена па и тазе разведена а јас го искористив моментот да ја побарам.На времето се киневме од секс,се пердашевме по 5-6 пати на едно гледање.Црпење до крај.Ја немав побарано неколку месеци,па ја изненади мојот повик.-Еј педерче никаде те нема,сега најде да се јавуваш…пијан си па ти треба нешто за тепање време-ми се обрати со доза на задоволство што јас ја барам а она ме одбива.
Тоа се курвите-си реков-цел живот ќе ти го цицаат курот,ќе ти ја голтаат спермата а во првата шанса што ти ќе им ја дадеш ќе се претоврат во лажни кралици со шкарт круна и на тепих ќе ја распостелат целата гомнарија и сите фрустрации кои ги имав воочено од многу порано.Ќе се изненадев да постапеа поинаку.Не се трудев на Пепи да и кажам било што.-Пријатен ден мадам-клапнав со слушалката. Пуши кур курво-си реков пијано на самиот себе.
Следна на списокот беше Ирена.Девојка што цел живот беше сама,и која беше секогаш достапна само на мене сега ме пресече…-Се шетам со дечкото на Водно,кај тебе што има ново,како се твоите????Ми постави некои глупави прашања на кои морав да возвратам глупаво-Фала добри се,поздрави ги и ти мајка ти и татко ти.
Ни она не ги познаваше моите родители нити па јас нејзините.Беше во очаен обид да најде љубов па морав да ја прифатам таа малоумна дискусија.Ах,се уморив од вртење.Подобро поминував кога излегував без телефон,сам на некој шанк секогаш наоѓав нешто интересно.На крајот решавам да бидам човек,се јавувам на поранешните ебачици а од нив добивам еден тон лакрдии.Браво Кико.Потона на дното од канализацијата.Те потонаа во гомна најдолните неморални мивки.Жените од шанкот,од прчварата.Дозволив да паднам на грб како мало дете и да ги голтнам сите гомна кои самиот сум ги посрал.Ако.Се напив уште една Гроздова ,мастика.Од карши на другата маса како со двоглед здогледав една сама девојка како пие вино.И се приближив.Само што пробав да и се обратам со јазикот врзан во чвор,целиот испотен по челото и со изгубен поглед,го забележав другар ми Кољо како и се доближува на госпоѓата.Не е можно.Посакав да ја зграбам и оваа,а таа се ебе со мој пријател.Ваков ден се дешава само еднаш во 100 години.Барем на мене.Како можев вака да паднам.Да излезам од својата оригинална рамка.Да ме понижат бедните фукси.Се напив и отидов од таму.
Заминав во Капиштец кај Марина.Дебела девојка со убави усни и цицки.Убаво цицаше а и во сексот беше жешка.И го имав фрлено мобилниот број па решив диркетно да одам кај неа на врата.Ми отвори врата еден стар пијан крмак,со голем мев и бела маица синдикалка по прерамки и со бели пожолтени гаќи на курот.
-Курвата се бања-ми рече попуштената бешика- Имаше можеби 55 години,голем мев,му фалеа заби,со дебели ѕидарски дланки и рапави петици.-Боже,овој ли ја дупи Марина-си реков…..
Заминав по скалите како пијана џукела раскинат од глутница хиени.
СЕ ВРАТИВ ВО МОЈАТА КАФАНА.КОНОБАРОТ ВЕЌЕ ГИ ПРЕВРТУВАШЕ СТОЛИЦИТЕ НА МАСИТЕ.ФАЈРОН……….И овде ми е вратата затворена….Немав трет избор…Веќе бев уморен и немотивиран.Реши да одам дома и да одспијам едно три четири дена.А таму се моите ќошеви,моите прашања и одговори.
Во едно сум сигурен.Сликите на тие жени и понатаму ке останат на дното на мојата фиока и ќе се гледаме на попреку……..

Continue reading

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Крнтија

Крнтија

Крцкаа осовини,шкрипеа гуртни,
а и гумите не беа некои сортни,
во зима голем ризик на кочница да згазнам,
ризикував муцката во шофершајбна да ја мавнам,
кога парното ќе дувнеше,со прашина ме ранеше,
мојата крнтија ко споменик,на паркингот зјаеше..
Ниту птица не ја кењаше,и никому не му сметаше,
зафаќаше простор на паркингот,а никој не ја гледаше..

Знам еден ден,со сајла останав кус,
па шлепањето го заменив со градски автобус,
непрописно паркирана ни пајак да ја крене,
па кој сака со крнтија беља да си земе?
Со пластичното црево директно у карбуратор,
резервоар,пластична канта..и половен акомулатор….

Тоа му доаѓа нешто како недвижен имот,
автомобил, голубарник…има повеќе намени,
заради нејзе на коцка го ставав својот живот,
најчесто ѓонот од кондурата и беше заменик..

Додека пешки ги млатев своите километри,
ја пцуев мојата крнтија и никој не се сети,
да ја собере со ваљак,багер или слично,
немаше никому да му замерам лично…..

Continue reading

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Дисконекција на двете мозочни хемисфери,под десјтво на алкохол..

Седев дома, напукан од секојдневието, набор на негативна енергија, препизден од телевизиски спикери, од медиумски психолошки подјебавања на простите маси, од презирот на најблиските, од неверноста на пријателите, на колегите. Од парадоксите на оваа шиптарска држава која стана држава на … Continue reading

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Дедовина   Од Вардар,Пирин,до Белото море, од земјата натопена со крв, па се до небото горе, низ вековите татнат,легии и војски, а во црната земја оставени се многу коски….   Македонија!!!   Таа болка,тој чемер, Таа  љубов во мојот свет … Continue reading

Posted on by komitamkd | Напишете коментар

Град

Град…….   Со денови се пијанчев и не излегував од дома.Не спиев воопшто.Од време на време паѓав во транс,се губев саат два и пак продолжував да пијам. Надвор одамна ми згасна желбата да излегувам. Скалите од влезот беа темни, ѕидовите … Continue reading

Posted in Uncategorized | Напишете коментар