Ептен лош ден

Ептен лош ден

Седнав покрај езерцето во градскиот парк и нарачав Гроздова струмичка мастика. Побарав и салата со многу маслинки и едно тањирче таратур. Краставичките внатре беа исецкани како мевлем а лукот ми даваше убав шмек кој го претопував во ладната мастика. Седев пиев, се мезев и нешто читав. Го отвoрив весникот и на насловната страна го видов лидерот на една политичка партија. Толку неоригинален човек, толку тешко креле, толку прочитана книга, толку ефтин фолирант не сум сретнал. Се качува на врвот користејќи ги стравовите на луѓето, лажен патриотизам, афтократ. Кој го ебе! Не го ни прочитав насловот и ја свртев втората страница.
Вести од светот. Израелците го бомбардираат појасот Газа! Ништо ново…Свртев да читам од позади. Ги загледав умрените со објава на нивните слики каде што се најубаво испаднати. Мене тоа ми изгледаше трагично и помалку саркастично. Еден тип бил армоникаш и го ставиле на слика со растегната армоника окезен до уши. Господе боже прости ми, но мене ова ми е невкусно…Мрзам погребни церемонии, ги мразам муабетите кои се прават таму. Реметење на мирот на покојникот.А за него?? Не верувам и дека некој зборува за него. Кога ќе се матнат неколку ракии не ретко и се преминува на вицови,на кикотење. Убав собир..А кој беше поводот? А да,имаме починато лице. Лесна му земја.
Ја љуштев својата мастика и ги гледав заљубените парови како се љубакаат по клупите. На есенското сонце во паркот прелеан од жолти бои се продаваа романси, се даваа бакнежи со врвот на усните. Стомакот на заљубениот трепереше, дланките беа топли а ташаците отекуваа на големо. После петинг машкото оди како шатка, добива запушување на тенките каналчиња околу ташаците па дркањето е неизбежно кога веќе нема секс или пушење.
Ги гледав овие работи околу себе и се прашував каде јас припаѓам. Вечен самотник на кого му е удобно во тишинита и празнотијата, ги мразев групните забави, излегувањата во викенд кога сите беа под некој транс…Демек иде Петок Сабота и треба нешто посебно да му се секирам за тоа. Жими кур. Ни петок ни сабота не се ништо посебно од другите денови. Напротив. Тоа се најлошите денови во неделата.
Го отворив паричникот и таму случајно најдов залутана слика од една моја бивша девојка. Ја гледав сликата добри 10 тина минути и ја замислував во секакви изданија. Каква и беше фацата кога е тажна, кога е весела, кога е лута, кога е во исчекување или кога е изненадена. Да, се присеќав убаво и забелажав дека ни една од тие гримаси не е ни приближна како оваа што е испадната на сликата. Тогаш како е можно да испадне оваа слика? Што ли тука размислува кутрата? За миг забегав со мислите но брзо се вратив. Ја ставив сликата под многуте визит картички кои обожувам да ги собирам и го затворив паричникот затоа што таа слика не беше вредна да се фрли.
Најчесто ги фрламе сликите на оние кои нешто ни значеле, не турнале во очај, не врзале во љубовно ропство. За среќа немав фрлено ни една слика во мојот живот од ни една жена. Ги собирав сите на дното во фиоката и не често ради тоа јадев испади од моите девојки. Љубомора,очај..беда…За нешто што ич не ме засега. Кур ме заболе, тоа е нивни проблем а не мој. Да беше мој ќе ги тргнев сликите од таму, но за моја среќа сеуште се таму.
Еден куп девојки заробени во кадар седат на дното од мојата фиока и ме кинат со погледот. Бев сардисан од стотици погледи и од неколку стотици женски раце кои сакаат да ме задават. И зашто би се осеќал грозно проади мојот карактер? Така е тоа во животот. Работите кои ги бркаме и кои не бркаат се секогаш далеку од нас. Проста логика.
Откако го изделкав шишето со мастика почнав да го листам именикот од мобилниот телефон и да барам некоја од моите фукари каде што ќе можам да го исчадам алкохолот.
Просто невозможно е каков сексуален манијак станувам кога сум под алкохол. Се што е во мене човечко паѓа некаде во потсвеста а од потсвеста излегуваат црвените ламби, високите штикли и скинатите хулахопки, белите долги нозе со убави црвени гаќички помеѓу нив…Од мене извираше еротичната уметност.
Кога би правел музеј од восочни фигури, 100 % би бил со женски примероци во различни пози, облечени во разна секси-гардероба со најразлични гримаси на лицето. Насмеани, замислени, попалени, со полузинати усни и јазикот прилепен до усните. Со рацете помеѓу нозете а цицките истртени надвор од тенките деколтеа. Натртени во газот со погледот свртен кон објективот, со тенки мокри бели маички од каде се проѕираат набарени брадавици, врв од црвен нокт малку навлезен помеѓу усните од клиторисот……….
И заѕвонев на Јулијана. Веднаш го примети мојот пијан глас па муабетот ни отиде на ебем страну…..-Имам за учење, спремам испит во фрка сум -ми кажа со лигав глас….
Не и возвратив ништо. И исклучив. Јулијана беше мало ниско тртлесто девојче со силен задник и големи цицки. Имаше поглед на ѕвер а насмевка на ангел.
Потоа и свртев на Берта. Смеѓа девојка, висока околу 175 см, со уморен но многу провокативен поглед. Носеше секогаш широки фустани каде и покрај тоа,  прекрасно и се исрцтуваа еротичните облини на бутовите , на листовите на нозете и на задникот. Телефонот ѕвонеше до крај кога ми префрли на секретараката од говорната пошта….
Ах да ти ебам денот си реков…тргна работава на опаку а јас бев изгорен за пичица…
Следна на списокот беше Ирена. Девојка што цел живот беше сама, и која беше секогаш достапна само на мене сега ме пресече…-Се шетам со дечкото на Водно, кај тебе што има ново, како се твоите???? Ми постави некои глупави прашања на кои морав да возвратам глупаво
-Фала добри се,поздрави ги и ти мајка ти и татко ти.
Ни она не ги познаваше моите родители нити па јас нејзините. Беше во очаен обид да најде љубов па морав да ја прифатам таа малоумна дискусија. Ах, се уморив од вртење. Подобро поминував кога излегував без телефон, сам на некој шанк секогаш наоѓав нешто интересно. На крајот решавам да бидам човек, се јавувам на поранешните ебачици а од нив добивам еден тон лакрдии.
Браво Кико. Потона на дното од канализацијата. Те потонаа во гомна најдолните неморални мивки. Жените од шанкот, од прчварата. Дозволив да паднам на грб како мало дете и да ги голтнам сите гомна кои самиот сум ги посрал. Ако. Се напив уште една Гроздова мастика. Од карши на другата маса како со двоглед здогледав една сама девојка како пие вино. И се приближив. Само што пробав да и се обратам со јазикот врзан во чвор, целиот испотен по челото и со изгубен поглед, го забележав другар ми Кољо како и се доближува на госпоѓата. Не е можно.Посакав да ја зграбам и оваа, а таа се ебе со мој пријател. Ваков ден се дешава само еднаш во 100 години. Барем на мене. Како можев вака да паднам? Да излезам од својата оригинална рамка. Да ме понижат бедните фукси. Се напив и отидов од таму.
Заминав во Капиштец кај Марина. Дебела девојка со убави усни и цицки. Убаво цицаше а и во сексот беше жешка. И го имав фрлено мобилниот број па решив диркетно да одам кај неа на врата. Ми отвори врата еден стар пијан крмак, со голем мев и бела маица синдикалка по прерамки и со бели пожолтени гаќи на курот.
-Курвата се бања-ми рече попуштената бешика- Имаше можеби 55 години,голем мев,му фалеа заби,со дебели ѕидарски дланки и рапави петици.-Боже,овој ли ја дупи Марина-си реков…..
Заминав по скалите како пијана џукела раскинат од глутница хиени. Кога сум упорен во некоја лошо тргната работа дебело го јадам.
СЕ ВРАТИВ ВО МОЈАТА КАФАНА. КОНОБАРОТ ВЕЌЕ ГИ ПРЕВРТУВАШЕ СТОЛИЦИТЕ НА МАСИТЕ.ФАЈРОН……….И овде ми е вратата затворена….Немав трет избор… Решив да одам дома и да отспијам едно три четири дена. А таму се моите ќошеви,моите прашања и одговори.
Во едно сум сигурен. Сликите на тие жени и понатаму ке останат на дното на мојата фиока и ќе се гледаме на попреку……..

About komitamkd

Десничар,Реалист,
Image | This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s