Излегувајќи од оковот на една жена

 

 

 

 

Ја гледав покрај себе не можејки ништо да изустам.Беше слаба,расплакана,се тресеше од нашиот последен разговор кој го прекинав само со причина да не ја растревожувам повторно.Ја гледав крај себе.Не беше ни пола од тоа што го видов првиот пат.Изумрен лик во моите очи,досаден муабет,празнина и студ во душата.Нервоза од нејзиното присуство.Ме нервираа нејзините планови за нашата иднина.Таа почна да го замислува мебелот во нашиот дом,името на нашите деца,изгледот на детската соба.Јас го замислував начинот како си заминувам.Се кинев,се прашував во себе.Да ја прекинам нејзината идила и да и ја кажам вистината или да ја оставам сама да свати.И едниот и другиот начин е суров.Таа ќе ме обвини на крајот секако дека сум безчуствителен скот,а не е така.

 

Минутите покрај неа споро ми минуваа а во пределот кај грлото осеќав стисок на силни женски раце кои ми го одзимаат воздухот.Ме запознаа нејзините родители,ручав со нив,се напивме и по некоја ракија.Остаив убав впечаток.Бев духовит и влегов не свесно во нивниот живот.Ќерка на полковникот.Ранета со кавијар,воспитувана во војнички патријахален дух таа немаше многу настани во животот.Јас и бев можеби првиот настан.И тоа каков!Пијаница,доцнев на состаноците,ја возев безобразно во сите полиња,ја понижував во сексот за на крај повторно да  ја качам на коњ.Ја ранев од моите раце,и кажував интересни прикаски во кои јас и таа бевме главни ликови.И влегов не сакајќи во секоја пора на животот.Ја будев со влажни пораки,обвиени со секс,порно сцени,а ја испраќав да спие со романтики,полни месечини,и истурени пијалоци покрај каминот.Кога сето тоа ми скурчи еве ме сега со кнедлата во грло ја гледам во тој распаднат лик кој се побезгласно ми се обраќа.

 

Од секоја врска излегував се поуморен и во секоја наредна влегував без ни мала пауза од предходната.Секоја наредна беше љубов на мојот живот.Всушност ниту една од нив не била ни приближно од тоа.Чуствував вина без да има ни најмала потреба за тоа.Не ја ни изневерував,но моментот кога сконтав дека не ја сакам го правеше нејзиното присутво до мене непростилив злостор што го правам над една заблудена и заљубена мала душа.Мала душа,а многу поголема од мојата.Јас и речиси да ја немав.Како е можно да се заљубуваат во мене.Јас никогаш и не се трудам тоа да се случи.Не сум учтив,не сум културен,зборам за политика,за спорт,за курви доцнам на состаноци,ждригам,не знам да приредувам изненадувања,ги заборавам датите,родендените.Не сваќам.Делувам ли можеби толку безпомошно и изгубено па тие се замислуваат како мои спасители?Тина беше таков случај.Ми купуваше чорапи и гаќи кога се враќаше од град.Ми доловуваше момент дека е дете од домаќинска куќа но каква врска има тоа со мене?Сакаше да ме носи на свадби кај нејзини блиски пријателки а јас се правев за да најдам изговор за одсуство.Имаше години за мажење,а моментите кога почна да ми се гасне светлото кон неа зачестија тие монотони седенки со нејзините пријатели.Седенки во парови,играње карти,воздржување од пцуење и слични курци палци.Се дружевме во нејзиниот круг на луѓе затоа што јас и речиси го немав.Тие што ги имав за другари беа заглавени на дрога или алкохол со почетен стадиум на цироза на црниот дроб.Разговорите со нив не беа ни малку среќни настани.Наркомански сленгови,дупки во мозокот,повторување на истите муабети.Кај нив навраќав од почит кон заедничкото минато пријателство.Ги сметав за мои најдобри пријатели и покрај се.Иако немаше многу потреба од гледање и правење муабет со нив.Да им искрсне некоја фрка би станал во 3 наутро за нив.Но да седнам со нив и да пијам кафе и да разговарам?Не.Нема потреба.Животот не изгради во сосема други личности од тие кои бевме коога станавме пријатели.Згора на се и јас не сум интересен на нив.Не сум константен конзуматор на дроги,не сакам машки седенки.Мене ме интересираат курви а нив не.Последниот пат кога бев собран со другарите од детсвото беше седенка на 7 мажи и ниту едно девојче.Се пушеше трева,се кркаше амфетамин и се пиеше многу алкохол.Разговараа живи луѓе помеѓу себе,потоа полуживи,за на крај разговорот да се прошири помеѓу луѓе и инвентар,луѓе со растенија и животни.Тоа беше последно мое присутсво на таков собир.Многу повеќе сакав да се дружам со жени,со курви,со распуштеници.Уживав додека шетам гол по нивниот стан,уживав во пијаните бакнежи и сексуалните игри без емотивни обрвски.Со нив бев најголем пријател.Кај нив не мора да си учтив,љубезен.Тие ќе се церекаат на твоите глупости па колку и да нема врска сетот тоа.Алкохолот беше присутен,играчки од сеиски шоповите.Парадирање во разни домови,скроз гол,врзан со машна на вратот,со цигара во устата и шише вино во рацете.

 

Сега сум далеку од тој свет.Сега сум жртва на заљубена девојка која со мене планира семејство.

 

-Кажи ми дали ти имам нешто згрешено?-ме праша Тина додека јас зјапав низ мокриот џам.Ах,како да и одговорам.Како?Со рацете беше обесена на мене,нејззиниот поглед го бркаше мојот поглед кој бега од неа,се трудеше да стане духовита,па тажна,и на крај ќе почнеше да молчи.Молчев и јас.-Ништо не си ми згрешила,така ми е денеска без врска-ги кажував овие зборови се почесто,секој ден,надевајјќи се дека веќе ќе и здосади да ме прашува.

 

-Слушај мора одам,ќе одам во кладилница да се коцкам и да  гледам фудбал-и реков со надеж дека ќе  земам малку воздух штом излезам од нејзиниот дом.

 

-Ок душичко ќе ми се јавиш вечер?-ме прашуваше како да е се ок.Тоа почна да ме нервира.Не знам ќе видам-и реков.-Добро срци,ќе те побарам јас вечер-тргна да ме бакне а јас осетив како ме гонат глутница хиени и демони.Повторно стисок на вратот,притисок на градите.Се бакнавме некако и тргнав по скалите.Се плашев да го чекам лифотот со мислата да не се појави пак на врата.Ах,како да и кажам?Како да го срушам нејзиниот голем сон.Како да и кажам дека не сум тоа јас.Дека е во заблуда.Дека она е премногу добра за мене.Ќе мисли дека ја заебавам,дека сум идиот.А тоа е навистина така.Не ја замислувам неа во бел невестински фустан.Всушност не сум замислил ни една моја девојка фала богу.Не ја замислувам како мајка на мое дете.Не е мој тип,не е оган.Со неа би пропаднал во калта многу побрзо одошто тонам вака сам.Ми треба оган.Жена што ќе ме води,што ќе ме заебава.Што ќе проба да си игра курот со мене.Е тоа е нешто.Таква жена можеш да ја наполниш до врв со сперма и пак да се чуствуваш инферироно.Секогаш ќе се прашуваш дали и беше доста.Кај случаите како Тина беше доволно малку да го закопаш,да се потрудиш да не свршиш едно 15 минути и да биде се ок.Е после тоа доаѓаа тешките реферати за љубовта,плановите за иднината,списанијата за мебел.Почнав да го мрзам и мебелот, поготово белиот и мазниот.Сакам мрачен мебел,резбаница во дрво.Ако веќе барам нешто.И во тој поглед сме различни.

 

Утре дента Тина ми се јави затоа што имала она план да шетаме низ парк.Она имала план,тоа не е забенција,почнав да пиздам секој ден се повеќе од нејзините планови.Каде се моите планови???Се нацртав во градскиот парк со мртва фаца,со тивок глас и успорен од.Да ти ебам денот кога силното сонце не го забележуваш дека свети –си реков.Почнав да добивам нагон на повраќање,недостаток на кислород,на енергија.

 

-Слушај Тина,ова што го правам јас кон тебе е тешка измама-и реков.-

Ме изневери со друга?-ме праша.Не,направив и правам нешто многу полошо од тоа.Сеуште сум до тебе а не те сакам.Тоа е врв на сите измами-и реков.-Ти си добро воспитано девојче,сакам да бидам искрен со тебе ама јас не сум спремен за сериозна врска,премногу ми дојде сето ова со врските-пробав да бидам директен и да ја кажам вистината.За миг го смени погледот кон мене.Ангелкиот лик и потемне.Гласот и стана чуден.Прв пат ја слушнав во таков тон.

 

-Ти не сакаш да бидеш среќен,си ја одфрлаш среќата-почнаа ниските удари.Што се не правев за тебе а ти мене вака ми враќаш-веќе се изедначи со сите жени на светот.-Господ ќе те казни,нема никогаш да бидеш среќен-е во тој момент падна пониско од сите жени во мојот живот.Да земешеда ме бакне во уста и да ми намигне и да ми посака среќа ќе ја ценев повеќе од сите.Патетиката и недостаток на самопочитување  спиеше длабоко во нејзиниот карактер  и сега тоа почна да царува со неа.И се изврте и ликот скроз наопаку.Тоа не беше Тина.Всушност,тоа беше Тина.Вистинската Тина.Онаа предходната беше една затуцана сељанка која мечтае за брак и деца.Сега истата таа ме проколнува,ми посакува лоша среќа во животот.Кој ја ебе- си реков,Ова  ќе го направам  со стил.Нема да ја понижувам.

 

-Слушај ме Тина,ти го кажувам ова додека сме на почеток,сепак цени го тоа,не сакам да те лажам-и реков и пробав да ја вразумам.-Ти си ѓубре,те запознав со моите,планирав со тебе иднина-стануваше очајна.Почнаа црни врани да и летаат над главата.

 

-Ти посакувам многу среќа-тргнав да си одам а Тина продожи да пелтечи.-Никоја нема да те сака како мене идиоту,ќе патиш во животот.

 

Одев по својот пат и за едно се согласив со Тина.Ни една нема да ме сака како неа.Се надевам дека е така.

 

Тина беше девојка висока околу 175 см,имаше големи цицки,златна виткана коса и зелени очи.Добра пушачка уста.Сите нејзини квалитети се губеа во малодушноста од која е обземана.Да имаше малку мозок со таа убавина ќе ги убиваше мажите.Сигурно и мене.Вака беше заглавена во некој грозен просек.Како и да е.Јас одев по својот пат а Тина остана позади да се губн во видикот и даме презира.Како и да постапиш во ваков случај исходот е скогаш ист.Испаѓаш тешко говедо без исклучок……Затоа и не му се замарав посебно.Вдишав од воздухот….вдишав и воздивнав….

 

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s