Крнтија

Крнтија

Крцкаа осовини,шкрипеа гуртни,
а и гумите не беа некои сортни,
во зима голем ризик на кочница да згазнам,
ризикував муцката во шофершајбна да ја мавнам,
кога парното ќе дувнеше,со прашина ме ранеше,
мојата крнтија ко споменик,на паркингот зјаеше..
Ниту птица не ја кењаше,и никому не му сметаше,
зафаќаше простор на паркингот,а никој не ја гледаше..

Знам еден ден,со сајла останав кус,
па шлепањето го заменив со градски автобус,
непрописно паркирана ни пајак да ја крене,
па кој сака со крнтија беља да си земе?
Со пластичното црево директно у карбуратор,
резервоар,пластична канта..и половен акомулатор….

Тоа му доаѓа нешто како недвижен имот,
автомобил, голубарник…има повеќе намени,
заради нејзе на коцка го ставав својот живот,
најчесто ѓонот од кондурата и беше заменик..

Додека пешки ги млатев своите километри,
ја пцуев мојата крнтија и никој не се сети,
да ја собере со ваљак,багер или слично,
немаше никому да му замерам лично…..

About komitamkd

Десничар,Реалист,
Image | This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s