Дисконекција на двете мозочни хемисфери,под десјтво на алкохол..

Седев дома, напукан од секојдневието, набор на негативна енергија, препизден од телевизиски спикери, од медиумски психолошки подјебавања на простите маси, од презирот на најблиските, од неверноста на пријателите, на колегите. Од парадоксите на оваа шиптарска држава која стана држава на шиптарите и сите останати, од каприците на саканите. Влегов во купатило и го погледнав својот лик! Го опцув и плукнав. Тоа е тој секојдневен конфликт кој морам да го разрешувам. Со себе се карам најчесто. Кој те ебе гомнару!!!

Посакав да отидам на некој шанк.  Да загадам некој локал со моето присуство. Можев да седнам и да пијам 24 часа без прекин и воопшто да не се опијам од што бев сјебан во мозокот. Можев да седнам да пијам и да го срушам шанкот од пиење. Можев да пијам и да ги изгризам и изџвакам чашите и да ги плукнам во фацата на мојот замислен гостин. Депресијата,неканетата гостинка со црно-бел шешир и црно –бел мантил која ме следеше во секој чекор……

Да не беше моето преубаво синче, тоа сонце кое блеска со насмевките и погледите, можев комотно да си свирнам метак во глава, да се фрлам од некој облакодер, да се напијам солна киселина или  едноставно да исчезнам. Да ја напуштам оваа гомнарија преку некој див граничен премин и да заминам во непознат правец. Премногу сум голема пичка да се убијам, па бегањето е баш онака компететнно за мене кукавицата.
Голтачот на свилени гомна, на мувлосани рози, набљудуван од таа црно бела кучка со нозе како прекршени влегов во Џез Клубот ,,Легенд,,
Се влечев како тропски гуштер на артикот кон таа дрвена препрека помеѓу мене и конобарката. Коњопојот беше премногу висок, но и премногу непоходен да се качам на него. Гравитацијата ме туркаше кон подот но некако успеав да ја кренам главата и да нарачам.
-Дупли шшшшшток-и се обратив на провинцијалката на шанкот и го чекав својот алкохолен бакнеж. Замислував дека патувам по сончев зрак од мојот дом до локалот, но сепак пешачев некои си 15 мин. Од мојот дом до локалот и не е многу далеку, но за клошар без автомобил секоја можна дестинација во градов е далечна.

Излегов од своите 4 ѕида седнав на тој прашлив шанк и почнав да пијам. Една за една,па две по две. Сказалките го делкаа часовникот а мојот израз на лицето остана непроменет и после неколку часовна алкохолна агресија.

Се отвори пред мене тунел и силен блесок кој ме ослепи, силуитети на луѓето кои се шлаеа околу мене за миг исчезнаа. Исчезнав и јас. Влегов во временска машина и одпатував во непознат правец. Не знаев каде патувам но не беше ни битно.
Во себе го бев спакувал амбиентот од локалот, мирисот на курви, пијаници, на евтини парфеми го понесов со себе и одпатував. Осетив без тежинска сосотојба а законот за гравитација за мене стана пичкин дим. Се подјебавав со него,се подјебавав со себе и се останато околу мене.Ене го и Исак Њутн во ќошот ги крева рамениците и се предава на моите нови одкритија…

Видов пред себе огромен крст, осветлен по своите контури, ме шибаше силен ветар а пред себе гледав огромен град. Тоа беше мојот сјебан град. Јас седнат на една падина, блесокот кој ме голтна и ме однесе на пат сега беше заменет со блесокот на тој висок крст, Милениумски крст. Во рацете држев полуиспразнет пакет со вино. Видов празни стаклени шишиња, мобилен телефон со неколку пропуштени повици од сопругата и никој друг. Не можев да се кренам од земјата и да исчекорам. Пантолоните ми беа помочани на едната ногавица.Почнав да ги замислувам изразите на лицата на моите најблиски. Нивните коментари.

-Се однесуваше чудно во последно време,беше одсутен,беше депресивен. Се повлекуваше во својот круг, ретко правеше муабет. Пиеше антидепресиви, често ги мешаше пилулите со алкохолот и зборуваше неповрзани работи. Беше одфрлен патриот, скептик кон луѓето, сомничав во се што диши. Често го претресуваше станот. Бараше некои мушички за прислушкување, се чуствуваше жртва на тајните служби.(Ќе речеа самопрогласените пророци и ќе продолжеа)

Беше неповралив идеалист, поборник за правда, луѓето му се подсмеваа, го сметаа за малку забеган, не сакаше да биде присутен во кругот на многу луѓе, ја сакаше самотијата и беше непоправливо лош писател…..За последен пат е забележан во ТЦ Бисер со извалкани пантолони со ,пакет  алкохол и повраќаница на блузата. Беше малку чуден и имаше изместен поглед. На усните имаше расекотина и се загуби помеѓу темните паркови и блокови со згради.

Дневните весници излегоа со надписи за исчезнувањето а веста беше сместена во рубриката за Црна Хроника.,,Писател од Скопје исчезнат е повеќе од 48 часа,, Од шанк исчезнал во непознат правец,,  и слични малоумни копилиња создадени од новинарската фела……

А јас седев на таа падина сам со свирежот на ладниот ветар, засолнет под една голема грмушка  осеќав песок и сува земја во устата па  отворив ново шише со вино. Гримасата ми беше тотално изместена, погледот дефокусиран, но мозокот ми остана ист и после толку алкохол. Тотално сјебан како и пред првата голтка. Крвните садови од пределот кај џигерот беа извадени надвор а истите се влечеа по сувата трева. Ги заплакнав со малку вино и ги вратив назат во организмот.

И испратив СМС на мојата сопруга. -Ме киднапираа вонземјани и со вселенски брод ме оставија на Водно……..батеријата на мобилниот одкажа а јас се подпрев на ѕидот под трафостаницата и продлжив да пијам. Бев потенцијален проводник до таа трафостаница и громобран на истата под ветровитото време. Грмотевиците и молњите како да доаѓаа од вселенскиот брод кој ме остави на планината. Знам дека беа вонземјани, знам никој нема да поверува но убаво се сеќавам кога велгов во таа машина, знам како од еден шанк почнав да патувам со светлината и треснав на оваа планина овде.

Утрото паднав во бесознание, единствено што се сеќавам е дека над мене летаа птици грабливци……

Се разбудив вечерта во медицинска соба, околу себе имав медицински персонал и дел од моите најблиски. Беа во лицата тажни, но не поради мене, туку поради себе. Тоа беше трагедија за нив, не моја трагедија…но како и да е.

-Докторе,тргни ми ги овие црева од рацеве,извадија оваа прoклета инфузија.

Ги извадија иглите од мене и со успорен  чекор и поглед отидов кон гардероберот да се облечам. Излегов од болницата а надвор веќе беше зима…….немав никаква представа колку време сум патувал………………..

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s