ЗА ЛУЃЕТО И НЕЛУЃЕТО

27109_346337306838_5825088_nКонечно зенит на летото и мала декомпресија од политичкиот хегемонизам, набиен од двата наострени табори. Конечно чоек да може да го олади под сенка. И мозокот и оној дел од телото кој најчесто си го пофрламе по мајки, сестри и жени кога општиме на социјалните мрежи. Социјалните мрежи се една галаксија каде глупоста е бесконечна а умните мисли светкаат како ѕвезди на темното небо. Најчесто се пердашиме поделени у табори. Кога би пробале да размислуваме ко единки? Е тогаш двата табора би ни ја ебале мамката и секунд…

Деновиве на нетов видов една убава и малку трогателна слика. Генералот од 2001, господинот Стојанче Ангелов, објави фотографија од роденденот на своето синче. Еден ден порано, затоа што го чека далек пат назад во пеколниот Ирак. Ангелов е лидер на мала политичка партија, која ете, не е на страната на власта. По дифолт, Стојанче е внесен у најцрн контекст во записите на дежурните провладини труби. А човекот едноставно сака да си го заработува денарот чесно. Со крвав труд да си го прехрани семејството. Стојанче во 2001 го остави белодробното крило во Арачиново, а денес како бранител, заработува во туѓи земји. Главниот грев на Стојанче е што не прифатил да биде на цицката од која цицаат провладиниве. Не си го продал гзот за лагодност, мир и редовна платичка. Човекот ќе црнчи надвор од Македонија, а неговото достоинство, ќе го газат луѓе без достоинство. Да беше Стојанче, лик ко Предраг Петрушевски Бинго, дежурен домобран на сите контра-протести, неговиот лик и дело од војната во 2001 ќе беше како ореол на нивната партија. Но пошто ете не е, тој а и сите нормални луѓе кои не сакаат да бидат дел од Акционерското друштво, кое продава национална платформа у пакет со градежни парцели, ќе бидат ставени на ѕидот на срамот. Ќе ги закачуваат по табли, ќе ги боцкаат со шпенагли и ќе им вадат стории колку пати криво мочале у текот на годината….

Додека Ердоган им ја ебава мамицата на предавниците у Турција, провладините овде дркаат на дохтрината на новиот султан и го бараат истото од нивниот водач. Ало батки. Ниту оние кои во Македонија фрлаат со боја, некад ќе фрлат молотов коктел, граната или нешто потешко, ниту па вие, кои навивате денес за Ердоган, некад би легнале под тенк за вашата ви татковина. 10 партизанки со пушки на боја му ја ебаа мамата на градов. А вие си лаете по ФБ. Исто како и оние кои навиваат за пучистите од Стамбола града. Ајде бе сиктер таму! Мрш на Пинкови ѕвездички! Гзот не можете да го кренете од мекиот кревет и главите да ги извадите од тој скапан телевизор кој емитира срцепарателни турски драми! Битно е размислувате сите као под ХАШТАГ. Таговите се Црпко, Сороспии, Шарените, предавниците, Путин, мајка Русија, Нато зликовци и така натаму. Ова Нато зликовци е останато од времето на Слобо, али нема везе. За него палевте амбасади да му ебам мајката!!!

Сеуште во државата преполна со патриоти, не се најде еден лик роден од мајка, кој ќе тропне на масата на градоначалниците кои им ги спасуваат пропаднатите кариери на фолкерите од северот. Лето за лето, фестивал за фестивал и оп, некоја си Рада е херој на вечерта. Која е таа Рада бе да му ебам мајката? Имала добар гс, добра цицка и витка става. Сосема доволно да се продаде прозводот на народ кој црпи животна инспирација од жута штампа и од рекла-казала стории. У меѓувреме, нашите пеачи стануваат предпеачи на Рада и компанија. Дресот на кошаркарската репрезентација ќе ни го носи Ратко Варда и компанијата на некој си анонимус као Раца. Луѓето дигнаа раце и од кошарката и од музиката. Во меѓувреме, некои србомани си го добиле по муцки од старата гарда на Комити. Баткиве сакале со српско знаме да ги провоцираат гостите од Загреб за време на фудбалскиот натпревар. Пошто Динамовци се Усташи и они не се сакаат со Четниците. А шом не се се сакаат со Четниците, тие се непријатели и на Македонците кои се на платен список на ВМРО. Истите оние кои навиваат и за Ердоган. Гоце се превртуе у Гроб а Даме им иде на сон на најблиските и бара да го ескумираат и закопаат што подалеку од овде!!!

Јас ВМРО си го носам во срцето. За мене тие 4 букви тежат подеднакво како и трите прста кои ги спојуваат Отецот , синот и светиот дух. Нема пара ниту фаца која ќе ми ги извалка овие свети букви. Шарените нема да ги избришат како и оние кои заради бенефит на сопствениот гс се закачиле за нив како крлежи и болви. ВМРО е нешто што спие во срцето и одвреме навреме се буди. Но за својата земја, чисто и искрено. Луѓе биле и дечките кои се жртвувале и саморазнеле со бомби, после нерамноправната битка кај Ножот, со неколкуилјаден аскер. Нелуѓето и по 30 години независна татковина, не одбраа начин за достојно да ја одбележат битката. Со државни почести. Бинго е попознат јунак од голобрадиве деца кои умреа за својата мајка и за своите 4 букви. И пак тажен крај на се. Нелуѓето се на цена над луѓето. Се додека луѓето не ја збришат од овде и ги остават нелуѓето, да пропаднат во ниските човечки односи на зајадливост, ситен интерес, местенки и кодошлоци. Живи да се испојадат….

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Бели ноќи, портоколави деној…

downloadПомина фамозната бела ноќ. Една у годината у која можеш да се истрескаш до сабајле, без да му ја думаш за работно време. Али за кој кур? У нивниот шеријат не моеш да купиш алкохол после 19 часот. Алкохол забранија а возачите се по пијани по улициве. Уште малку ќе почнат дома да ни влагаат сосе коли и рефрени на Сека Алексиќ пуштен до даске. Утнат закон батки. Некој во дрогата ви турил ракија купена по 19 часот изгледа. Налет се. На лабавата гардероба ќе мора да носиме ранци у која ќе трпаме залихи со алкохол ко да е војна. А војна е секако. Само онаа најлошата. Кога гине духот, авангардата и татнежот на ноќта. Минута молк за Скопје и неговиот ноќен живот. Некад имаше 20 ноќни клубови, места каде што игравме пинг понг и билијард и каде што се собираше градксата елита. Елитата денес ја нема. Фати џадето у белиот свет.

У нашето празно секојдневие сведоци сме на многу умирачки. Умре музиката, умре македонската тифо сцена, умре духот на младиот човек, умре ноќниот живот, умре бунтот и бунењето за било што. Ако ви измислат ебана сметка дека не сте ја платиле пред 35 години, вие ќе идете ќе си ја платите со затезна камата, со судски трошоци и ќе прашате плус дали има уште. Минута молк за македонскиот човек кој стана мумија заробена у портокалова рамка. Да земеш да го исечеш крв нема да потече затоа шо одма ќе му опнат етикета. Да ги ебам и левите и десните. И да ги ебам гнидите кои лепат етикети а на чело им стои жиг дека се партиски амеби.
У нашиот портокалов живот не моеш да отидеш на фудбалски натпревар а да не треба да поминеш 6 воени зони, ко да си Палестинец што влага на стадион у Тел Авив. Ќе ти измислат правило да понесеш лична  и таман ќе купиш карта, некој мангуп од управа ќе ти заклучи врата на стадион. Вардар напраи фузија со Миравци, палмите има да никнат па мајка Јана да е, стиропорот ќе го шиткаме ко бетон а на Прометеј ќе му тураме гаќи. Додека ни гори душата у ноќта бела, се прашувам кога за последен пат е снимен македонски музички албум, македонски филм. Мрда ли народов за било што а да не е митинг на партија???
А зашто да се снимаат? Ние и онака сме држава за втора српска лига. Се она што пропаѓа и губи кариера у комшилук, ние го собираме овде и му се дивиме ко да се симнал Господ. Ќе го цитирам Пеце од Супер хикс. Еднаш Харис Џиновиќ држел концерт у Македонија 4 дена, пуштил мустаќи и мустаќите никад не ги избричил.

Ма тука се може да пројде само немој да зборуваш вистина. Вистината е глува кучка која седи у партиски штаб, шири нозе и стенка и прешкртува живи луѓе од список.
Него заебете тоа…Кај да купиме алкохол да го ебам? Антидепресивите не ги даваат без рецепта…Алкохол нема дрога има. Жртви по улициве колку сакаш. Шо прајме со вашиов закон бе мајстори???

НАПИША:БУЛЕВАРКО

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

СЕ ЖУРКАВМЕ ЈАКО И КУРВИТЕ ГИ ФРЛАВМЕ НИЗ ПРОЗОР

drama-u-velikoj-gorici-covjek-prijeti-da-ce-se-baciti-iz-stana-504x335-20120831-20120801225124-5e38fde2c81db3f6835c044c3dc9b1c2Малку е насловов експлицитен али ценета екселенцијо, ме заболе искрено кур за сите репери на добро однесување пошто такво нешто одамна кај нас не постои. Може да иде се низ етер па затоа ќе ја искористам бљувотината оставена по порталиве онака неприметно да си пројдам со уште една бљувотина од серијалот, СИТЕ ЖЕНИ СЕ КУРВИ, ОСОБЕНО ОНИЕ КОИ НЕ МОЖАМ ДА ГИ ЕБАМ!!!

Беше 2002 година и со мој другар од Скопје патувавме за Кавадарци кај еден мој војнички другар. Друкавме гас на скапаното ФИЧО за да запали и се напикавме у него као чета на ИСИЛ тргната на воена задача. Сите четворица во себе носевме 10 литри вино, КАВАДАРКА, од флаша и ја пиевме на голо, без разреден степ или било каква хемија у него. Рендавме натуткана пуфка татковинска и непрскана трава и веќе на првата патарина у фаците бевме ко отруени лебарки. Ни пукна гума кај првиот велешки тунел и додека возачот и совозачот се мачеа со дизалици , кључеви и раткапни, јас и ортакот од Мичурин правевме склекови и пеевме некои навијачки песни. Гумата клапна, се утрпавме у ФИЧОТО и наредниот цуг од флашата со вино беше убиствен и по флашата и по мене.
Отиде целото до доле а јас отидов високо горе. Во крнтијата од Крагуевац се возеа четири пијани говеда со вкупно 12 промили алкохол во крвта.

Улетавме у Кавадарци ко да сме го ослободиле Багдад. Буразерот Голи не изгушка братски и ни прекори зашто пиеме евтино и брливо вино…
ИМАМ ВИНО ДОМАШНО ДА ВЕ БАЊАААААМ……Ах бе брат…Ти имаш вино, ние нешто друго….Крцкај си….
Влеговме дома кај него а на горниот спрат трештеше некоја музика. Горан Стапот и величенствениот МИЗАР….Пичулиња млади си ги грееа гзовите на термо-печките а секоја голтка што ни влагаше у преполниот желудник беше без мирис и вкус…Вина, коњаци, штокови и некако се најдовме на некој шанк во село Јосифово, опкружени со гитаристи, пијан вокал и еден тон балкански курви и мафијаши.

Ме завлече Голи надвор према излазот додека дел од локалните мангупи почнаа да не гледаат на криво. Тие не гледаа на криво а ние ги гледавме замаглено. Нема разлика. На крај ќе земеме и ќе си ебеме матер. Осеќав дека алкохолот ми го дига целиот адреналин во крвта и дека во тој момент, мирисот на пичка би го заменил со мирис на барут. Локалниот бандит му прекори на Голи, што бара тип од Кавадарци во неговото Јосифово а флашата со пиво која ми беше во десната рака, му ја ѕвекосав во келавата тиква. Клапушот падна на подот а Голи му фукоса пуна чизма у глава. Клапушот беше патосиран додека другарот од Мичурин се лигавеше со една курва во едно сепаре. За неполниа минута бевме опколени од дваеситина хокштаплери кои сакаа да го одмаздат нокаутираниот клапуш. Се сеќавам дека Голи спомна некое име од Неготино и клапушите за миг се повлекоа. Клапушите отстапија а курвите пристапија. За еден миг полно сепаре со пијачки и напалени жени додека клапушите ни одпоздравија со спортски поздрав ДА ПУКНЕ. Пукна пред тоа…Сега е се рутина и кулирање-си реков-а за кратко време се појави и типот од Неготино. Во истиот миг, непријателската војска ни стана сојузничка и се што беше во селската крчма се тури на агресивно пиење, дерење и мочање.

На одење накај дома се појави и главниот дистрибутер за јужниот регион…Подели зелен зачин замотан во боздоган и го тегневме 15 минути, склопувајќи целосно примирје. Завршивме како гости во некој стан во Гевгелија…Батето од Неготино им нареди на пичонките да се соблечат голи и да ги исполнат сите наши желби. Имавме многу желби но малку можност да се пенетрира во нивната влажна суштина. Во тој момент беа сосема зрели да ги џитнеме низ прозор и да паднеме у кома…Се шетаа низ станот по гаќички и со голи цициња додека Голи и тајфата од Неготино се трудеа да погодат некои акорди на гитарата…Веќе почна да се разденува…Утро на кое никогаш нема да се сетам……А другар ми Голи и таа вечер ќе ги памтам цел живот….
Деновиве го сретнав после цели 12 години….Првиот муабет ни беше токму овој текст кој сега го нафрлам….Ова е за тебе брате мој…За другарот со кого прв пат во животот го осетив татнежот на 120 милиметарската Хаубица…Бевме копиљаци и обучени артилерци. Ги гаѓавме белите чаршави на далечина од 8 км и се радувавме подеднакво ко да сме пенетрирале во пичката на 45 годишна тета..Бевме артилерци и напалени пилци…Многу поразлични од денес…

НАПИША: БУЛЕВАРКО

Posted in Uncategorized | 1 Коментар

СПЕКТАКУЛАРНО ЈАВУЕЊЕ ОД БЕЛГРАД!!!

nasl[16]Недај Боже да упалиш телевизор. Вестите исти од 1991. Македонија е 30 години независна држава а таму сеуште ќе ги видиш приказните дека Аркан е жив, дека Србите и Русите ќе му ја ебеле мамицата на Косово и дека у Босна не се десил геноцид туку сините шлемови ги измислиле оние 8 000 мртовци у Сребреница. Се е тука драматично прикажано. Насловот те пљачка у старт, даваш дел од своето драгоцено време да ја отвориш веста, кога тоа таму некаде у Сурчин или Курчин…или каде беше…Некоја населба или предградие на Белград, некој овчар удрил дете на точак и побегнал со својот автомобил…..

У реду…Веста ни пренесува една дегенска постапка, ама што кур мене ме заболе за секоја прдотина од настан шо се дешава у мојот комшилук, и тоа исклучиво горе на Север? Ко да ми се малку оние сељачишта напиканиу жири у оние дегенски претстави кои ментално пенетрираат у мозокот на широката маса у државата, подејбаваат некои нискоинтелектуално развиени суштества кои решиле да си ја пробаат среќата и да бидат српски кафански певаљки. Ајде бре бришка таму. Може тоа телевизиите, порталите и радијата да си ги пренесете у Белград. Сосе персонал, ентериер и сосе цели згради и ќерамиди.

Кој курац бараат тие овде и се нарекуваат наши национални сервиси???
Тоа што од 24 часа, 80 % од програмската шема им е на српски јазик? Тоа што ја едуцираат нашата младина да ги знаат нивните народни песни подобро од нашите татковци и дедовци? Тоа што македонската народна музика која за нивна жал, мора да ја пуштаат, оди во порно термин од 00-00 до 04-00 сабајле? Тоа што го васпитаа народов да не жали и по 2000 денари за карта кога Арканица ќе ни дојде на НЕЗАПАМТЕН концерт а да им бидат многу 1500 денари за пејачка ко ПИНК, или 300-400 денари за фудбалски натпревар на нашата репрезентација?
Тоа што ја васпитавте оваа младина на македонски свадби да ги бара моравските и шумадиските хитови а на македонските песни да дремат ко мисири на маса? Дајте нешто српско, народов ни заспа. Пуштете ТВ да гледаме ЅВЕЗДЕ ГРАНДА, ТВОЈЕ ЛИЦЕ ЗВУЧИ ПОЗНАТО, каде оние у жири треба да се гледаат со надзор на родител!!! Пуштете вести да не има поплава некоја у комшилук пошто само за таму се замараме кога има поплави!!!

Нашиве естрадни уметници кај шо ја ебаа својата кариера и освен препев на песна, немаат абер да снимат нешто ново, почнаа да одат по некои ТВ шоу циркузи во соседството и од себе да праат будали. Тие праат од себе будали а народов наш уште побудала и штанца СМС пораки за демек- НАШИТЕ. Да, да…Нашите кои заборавија да изустат еден македонски збор и кога одат во тие ТВ студија го причаат српскиот јазик со подеднакво меко Ч као и нивните домаќини. За кој кур се осамостујувавме бре и праевме своја држава? За кој кур бре дрндаме дека браниме некој национален идентитет? Не знам колкава национална свест имале нашите револуционери пред крајот на 19 век, пошто тоа нели е спорно, али свеста на денешнава генерација Македонци се гледа од авион.

Тоа се нашите браќа кои за да не ги нервираме со Прохор Пчињски кога треба да славиме, таму некој си собир на АСНОМ, си го напраивме ПЕЛИНЦЕ. Автентично и со слични мотиви на Прохор Пчињски али што е најбитно, нема да се караме со нив и на раат ќе можеме да ги гледаме нивните ШОУ ПРЕТСТАВИ на ТВ.
А да…Ќе заборавев…И Булеварко е шовинист и нема поим што е тоа музика а што култура. За оние што така ќе ми спинуваат да им кажам дека констатацијата е точна, но, ако зборуваме за култура и за вистинска музика. Ја видовме културата нивна кога нивните пеачи по нашите концертни сали паѓаа дупе пијани по бината со некои песни од 70 тите…..
Алооо….го ебат интелектот на еден цел народ! Она што фаќа прашина по подруми и е снимено на касета у ПГП РГП ви е денес духовна матрица. Земете тоа даљинската фрлете ги низ џам. Или во најдобар случај остајте на ПРВА…Замислете….ПРВА стана најдобра телевизија. Таму барем ќе сретнеме некоја наша музичка икона од пред 10-15 години. Нови нема. Нема ни да има. Бината ја зафатија курождерки, тезгарошки и евтини пазарџики. Роба фалц за фалц публика и клиентела…Еби му мајката. Ќе си проаѓа уште долго а јас ќе бидам неразбран, србофоб или не знам што…
Дијазепамот не го даваат без рецепта ниту со две ударања на глаата од каса на аптекарката. Ќе пробам да се смирам. Се до наредниот НЕЗАПАМТЕН концерт и СПЕКТАКУЛАРНО ЈАВУВАЊЕ од Белград…..МАКЕДОНИЈО!!!

Posted in Uncategorized | 13 Коментари

ДИЈАЗЕПАМ ТЕКСТ

doktor za facebookГомнарката у аптека ми побара рецепта. Веројатно да и ја акнев глаата од каса немаше да ми ја побара.650 000 евра била казната ако ми препише анти-депресив без налог од матичниот. Ќе мора на некој друг да му покажам колку сум луд и сјебан. Се вратив кај матичната докторка и веднаш ми ги препиша. Барањето беше жигосано на мојата налудничава фаца, искривена од левитација и благо лебдење над површината на земјата. Не можеше да ми ја разбере депресијата. Ја па не можев да ја сфатам нејзината окезена фаца. Се кезеше постојано како Мона Лиза со некој перверзен пастув под нејзиниот фустан. Депресија е дури премногу весело име. Ја би ја нарекол поинаку. Би можел и да ја поебам али најчесто она го прави спротивното. Почнав веќе и да уживам во нејзиниот секс. Црно-белата курва која ми го парализираше нервниот систем стоеше пред мене со црна чипкаста подвезица, со дигната нога и со штиклата зариена во мојот грклан… Посакав да и го искинам прслукот, да и и ги напикам гаќите во меѓуножјето и да и го напикам сосе гаќи. Да наздравиме кучко. Ги кљукнав зелените топчиња и се навалив на фотељата. На мене го поставив лап-топ компјутерот и почнав нешто да шкрапам:

Надвор е сиво. Градот е поробен од волци а луѓето се побегнати во шумата. Во шумата еден пазач со двоглед кој го гледа градот како полека умира и останува без душа. Излегов да се проакам по улиците кои смрдат на шахта и запушена цевка од канализација. Курвата наплаќаше од својот клиент а овој пробуваше да и го начука одпозади. Безуспешно. Му го испуши, т.е повеќе му го издрка на јазик а оваа стенкаше ко да ја тегнат десет црнци. Зашто стенка дрољава? Муштеријата е мртов среќо, оди исплакни си ја устата ти бзди на немиен селски кур до другата страна на кејот.
Ме заболе за сите транзициски жртви! Гледам дека оваа багра и друго не заслужува. Накомена кон моќта и парите, ја силуваат вистината и ја влечат врзана за нога по асфалт. Вистината офка, плаче и моли. Ја ебат и ја силуваат простаци кои мислат дека нивното царство ќе остане вечно. И за тоа ме заболе кур. Кога ќе дојде судот и кога тркалото на животот ќе мавне со својот чекан по масата, ќе им пукне глаата и ќе се свестат.

Ме заболе кур кој тоа ми ѕвони на мобилниот, дали е нешто итно и неодложно. Ме заболе кур дали пензионерот има слободно место во автубусот и дали ќе пропадне неговиот одвратен петок! Ме заболе кур за сите пломби на УЈП и за сите авиони со млад свет кои си отидоа од овде. Не би ги приметил и доколку останат тука. Ме заболе кур и за навивачките групи кои се приклонија кон партиските мајмуни. Ме заболе кур за неписмената торлачка банда која го управува нашиот сјебан систем. Ме заболе што ќе каже и како ќе ја пренесе новата вест суртукот што чита вести и истовремено го зима со две шаки, шмука од мудата надоле и оди према врвот на органот. Најава за вести. Да не продолжуваме понатаму.
Ме заболе кур и за мојата прва девојка која некогаш ми изразуваше голема љубов а рестото од животот ме колне зашто не ја оженив. Кој ја ебе и неа! Кој ги ебе сите мои другари шо посакале да и го бапнат на мојата ебачица или девојка! Ајде брееее….И тоа е приметно али недоволно битно да се изреагира.

Кој го ебе ликсурот шо му маав заушки и го тепав ко магаре пред зграда а сега е шеф на општински комитет и преку него се вработува и ќоро и сакато! Кој го ебе неговото ЗДРАВО и неговото ШТО ИМА НОВО?! Кој ги ебе сите корумпирани сообраќајци кои казнуваат пешаци, дигаат коли кои немаат каде да паркираат а се пазарат со криминалци кои згазиле дете на улица. Ќе го јадат овие првите. И за тоа е заболе кур!
Кој го ебе и Драган Вучиќ, ѕвездите на Гранд и сите српски емисии кои ни ги начукаа на јавниве сервиси. Можат тоа телевизиите сосе бетон да ги пренесат у Белград али се сомневам дека ќе бидат така гледани ко овде. За дијазепамот е потребна рецепта ама за оние гомна кои го палат мозокот не треба! И за нив ме заболе кур!

Ме заболе кур за сите естрадни уметници кои го дадоа газот под кирија и пеат, глумат и играат тоа што другите ќе им го кажат! Ме заболе кур и за навивачите кои не смеат да зуцнат против своите управи и им даваат песни на лист кои смеат и не смеат да ги скандираат. Ме заболе кур за сите контра-протестанти. Не ни се свиѓа поскапувањето на лебот и млекото. Е јеби га….Има и такви на кои им се свиѓа. Нивно право. Сите до еден, од поп до криминалец се конструктори на овие извитоперени норми, на ова трчање по ситнежот и глобално курвање. Ама до дијазепамот е проблем. За него треба рецепта. Како да не е доволна сета оваа гомнарија што ја живееме уште треба да докажеме на докторката дека СЕ НИ Е УЗ КУРАЦ! Нема везе…Ќе одам да ја посетам. Она е срцка.Ќе се кези на своето биро и ќе се жали дека и паднал системот за закажување. Кај неа секогаш е паднат системот. Јеби га. Ќе се кези и ќе каже -ЗДРАВЈЕ… Нека потпише рецепта и нека продолжи да се кези. На излегување се запрашав на што таблети е она. Ќе ја прашам нареден пат….

НАПИША: БУЛЕВАРКО ( ПОД ДИЈАЗЕПАМ)

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

ПАТРИОТИТЕ ОД ЈОРГАН ПЛАНИНА

republika-ilirida-287x300Македонија треба да части. Добивме нови комшии и соседи. Мекици за новороденчето не пробавме а ниту па некоја баклава не изчколобртавме. Као туристичка атракција ќе дојде ова новово знаме што чика Невзат го развиори у име на новата конфедерација помеѓу нас и нив. Сонцето од Кутлеш над двоглавото орле. И орлето нивно сонце да го огрее. Ете. И браќата по рамковен успеавме да ги антиквизираме и ни криви ни должни да ставаат антички симболи над нивната Илирида. Македонските патриоти немаат против нормално. Независноста на Илирида Чика Невзат ја помина без оние укачи и букачи кои спонатно се собираа на разно разни манифестации. Носење на буџет, демолирање на опшина у Центар, кршење на плочата на Мара Бунева и фрлање на поликолор по спомениците на Тодор и Чакаларов.

Патритоишта од невидени размери. На бронзени статуи им идат у заседа и од зад грб. У сред ноќ. Со кантата боја по ладната статуа и ДИМ ДА ГИ ЊАМА. Оние по кои што фрлаат гинеле у борба гради у гради. Некои и од бајонет и од непосредна близина на тиранот свој го осетија здивот на смррта. Затоа и се качени на постамент. Оние што ги сквернават се качуваат по маси по кафани и ги пеат рефрените на Сека и Цеца. Патриоти од невидени размери. Нека бегаат од нив сите што идат на одмор у Грчка и извадиле Бугарски пасош. Невзат и компанија ич кур да не ги боли. Не е во генот на Античкиот Македонец да почнува расправии таму кај шо не смее. Ќе ги караат.

На денот на прогласувањето на Илирида, еден куп патритотски здруженија на Македонците положиваа цвекиња на спомениците на знајните и незнајните херои. Срам да им е. Не се сетија да тркнат до Скендер-бег, една бомбоњера да однесат. Ама ќе се појават сигурно кога Каракачанов ќе става спомен плоча за Мара Бунева. Тогаш ќе излезат од под јорганите и ќе покажат колкави Македонци се. Само едно не ми е јасно.

Што не беа толкави Македонци кога се славеше 100 годишнината на Зебрењак? Што не беа толкави Македонци кога браќата славеа ослобудување на некои си српски средновековни територии у срцето на Македонија? Што неа беа толкави Македонци кога карши споменикот на Александар и Филип, едно типче со кече ја везеше на мандолината песната за поробените албански земји? Што не бевте бре толкави Македонци колку што бевте Срби, да ги браните интересите на оние кои со душа чекаат да се здавиме у крв и у крвава прегратка да го повлечат остатокот од ова парче земја во нивниот двор. Како компензација за изгубеното Косово.
Како бе не контате со тоа главите дебели кој ни ги вози овие филчиња на војна и мир, овие 23 години откако решивме да проодиме и свoја земја да направиме? Ќе проодиме кур мој. На секој втор чекор по една сопка и по некој рефрен од Гранд продукцијата на нашите патритотски канали . Децава наши ги везат рефрените се помлади. Тоа ми дава за право да се надевам дека онаа девиза ЕДИН НАРОД ВОВ ДВЕ ДРЖАВИ ќе премине у ЈЕДАН БРАТСКИ НАРОД У ДВЕ ДРЖАВЕ. Она првото не пројде. Буагрите се Татари ама Србиве се невидени шмекери. Е кај нив братската прегратка ќе пројде као надрвен патлак у шупак намачкан со вазелин. Еби му мајката. Патритоите можат да спијат мирно. Нареден патриотски зафат кои ќе треба да го одработат у својата патритоска кариера ќе им биде некаде према Срем. Или можеби Косово ќе го ослободуваат. Како што тоа го правеа едни други патриоти пред 60-70 години и кои едвај успеавме да ги пратиме во историјата. Еве ги се вратија пак. На здравје нека ни е….

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Борис Тадиќ ни се извини а Тито не стигна на време

indexБорис Тадиќ им се извини на Македонија и на македонскиот народ за сите репресии што ги има правено српската жандармерија за време на нејзиното управување со Вардарска Македонија. Јебала нас бановина, некои си го примија до крај оној српски код во гените. Ја како докажан СРБО-ФОБ од голем број на македонски патриотишта бев обвинет дека создавам поларизирање и ладни односи со најголемите браќа на овој народ Србите. На секој мој текст во кој се пишуваше за српските терори во Македонија,без разлика дали било Тиквешкото, Охридското востание, или пак периодот за време на НОБ и после него, од добар дел на Македонци, кои се кријат позади сликите на Вергина или Кутлеш, позади некои си патритски здруженија, добиваав лекции како тоа Србите не имале ослободено од ропство 1913 година и како тоа ние, а вклучително и јас, сум бил голем неблагодарник поради сето тоа. Нека почиваат во мир и Мара Бунева и сите жртви од Кавадаречко и Охридско, стреланите Велешани и Струмичани! Во име на нивниот мир нема да тарашкам по пепелта и урнатините. Тие загинаа за Македонија и за својот дом. Овие безрбетници денес гинат само за тоа да не се наруши иначе убавата слика за нивните ментални ментори, преваспитавачи и учители од Белград. Србите не се наши тирани!!! Тирани ни се Бугарите и Албанците! ВМРО е бугарашка организација а ние треба на Србија да и кажеме фала шо сме држава. Е тоа се дефинициите на дел од моите сограѓани кои и по 23 години независна држава, плачат и се лигават за некој си мртов систем кој Македонецот го напраи Македонче а Македонија ја направи царството на црната металургија!!!

Борис Тадиќ им се извини на Македонците ни крив ни должен. Јас не знам за што ни се извинува кога никој тоа од него не го побара? Ние извинување бараме само од Бугарите и не знам шо му требаше сеа овој луксуз на Борис. Ова е гест кој треба да го поздрави секој човек во Македонија и гест преку кој може да се воспостават темелите на искрените односи во иднина кои до сега беа се, само не искрени. Со фрлање на проблемите под тепих проблемите не се решаваат туку се чуваат за некои добри времиња кога ќе ни затреба пак да ги извадиме и да си ги плеснеме у очи.

Тадиќ знае и затоа се извини! Тадиќ знае за што загина Мара Бунева на кејот покрај Вардар, Тадиќ знае за злоделата на Србите во Тиквешко и Охридско.Тадиќ знае а добар дел од Македонците не знаат.Или пак не сакаат да знаат! Од мене едно големо БЛАГОДАРАМ и искрено ЧЕСТИТАМ за големиот човек кој ја извади христијанската догма и им ја плесна у фаца на оние кои немаат самопочитување. Можеби Тадиќ во Србија ќе го прогласат за предавник но тој направи многу повеќе од многу Срби кои изминатиов период се лупаа у гради, продаваа патритозам а седнаа на иста маса со фраерот Хашим. Тадиќ е европска фаца. Можеби залутана на овие балкански простори и ако во иднина не се родат нови како него, треба да ги клонираме.

Овој осврт ќе го завршам со актуелноста околу новоименуваниот кеј во Охрид кој од Маршал Тито стана кеј Македонија. Оние со старата матрица се дигнаа на џенг. Македонија било проблематично име затоа што со бришењето на Тито, ние сме го бришееле нашето минато. Тогаш мои пријателчиња, ако се согласувате дека нам Тито ни дал држава и нација, одете седнете на иста маса со Каракачанов и Самарас и по тоа прашање нема да имате никакво разидување. Закоппајте ја целата плејада на борци пред НОБ и јавно застанете до ставот дека сме ние творба на коминтерната. Ова ми делува бугарашки! Хм….Но кога доаѓа од устата на повампирените комуњарски бандити треба да делува многу патриотиски нели?
Јас искрено се надевам дека во догледно време, во Македонија нема да остане ниту еден спомен од времето на Тито. Тоа им го должиме на Ченто, Брашнаров и сите уапсени делегати на АСНОМ кои коските ги оставија по занданите по налог на Кумровачкиот тиранин!Немам воопшто против кејот во Охрид да се вика Борис Тадиќ. Како симбол на едно искрено помирување. А и поради фактот што Тито не стигна да ни се извини нам Македонците. Немаше време чоекот. Малку проживеа. Скоро 90 години. Да доживееше стотка, можеби и ќе се извинеше за пролеаната младелашка крв на многу македонски дејци и револуционери!

Posted in Uncategorized | Напишете коментар