ЗА ЛУЃЕТО И НЕЛУЃЕТО

27109_346337306838_5825088_nКонечно зенит на летото и мала декомпресија од политичкиот хегемонизам, набиен од двата наострени табори. Конечно чоек да може да го олади под сенка. И мозокот и оној дел од телото кој најчесто си го пофрламе по мајки, сестри и жени кога општиме на социјалните мрежи. Социјалните мрежи се една галаксија каде глупоста е бесконечна а умните мисли светкаат како ѕвезди на темното небо. Најчесто се пердашиме поделени у табори. Кога би пробале да размислуваме ко единки? Е тогаш двата табора би ни ја ебале мамката и секунд…

Деновиве на нетов видов една убава и малку трогателна слика. Генералот од 2001, господинот Стојанче Ангелов, објави фотографија од роденденот на своето синче. Еден ден порано, затоа што го чека далек пат назад во пеколниот Ирак. Ангелов е лидер на мала политичка партија, која ете, не е на страната на власта. По дифолт, Стојанче е внесен у најцрн контекст во записите на дежурните провладини труби. А човекот едноставно сака да си го заработува денарот чесно. Со крвав труд да си го прехрани семејството. Стојанче во 2001 го остави белодробното крило во Арачиново, а денес како бранител, заработува во туѓи земји. Главниот грев на Стојанче е што не прифатил да биде на цицката од која цицаат провладиниве. Не си го продал гзот за лагодност, мир и редовна платичка. Човекот ќе црнчи надвор од Македонија, а неговото достоинство, ќе го газат луѓе без достоинство. Да беше Стојанче, лик ко Предраг Петрушевски Бинго, дежурен домобран на сите контра-протести, неговиот лик и дело од војната во 2001 ќе беше како ореол на нивната партија. Но пошто ете не е, тој а и сите нормални луѓе кои не сакаат да бидат дел од Акционерското друштво, кое продава национална платформа у пакет со градежни парцели, ќе бидат ставени на ѕидот на срамот. Ќе ги закачуваат по табли, ќе ги боцкаат со шпенагли и ќе им вадат стории колку пати криво мочале у текот на годината….

Додека Ердоган им ја ебава мамицата на предавниците у Турција, провладините овде дркаат на дохтрината на новиот султан и го бараат истото од нивниот водач. Ало батки. Ниту оние кои во Македонија фрлаат со боја, некад ќе фрлат молотов коктел, граната или нешто потешко, ниту па вие, кои навивате денес за Ердоган, некад би легнале под тенк за вашата ви татковина. 10 партизанки со пушки на боја му ја ебаа мамата на градов. А вие си лаете по ФБ. Исто како и оние кои навиваат за пучистите од Стамбола града. Ајде бе сиктер таму! Мрш на Пинкови ѕвездички! Гзот не можете да го кренете од мекиот кревет и главите да ги извадите од тој скапан телевизор кој емитира срцепарателни турски драми! Битно е размислувате сите као под ХАШТАГ. Таговите се Црпко, Сороспии, Шарените, предавниците, Путин, мајка Русија, Нато зликовци и така натаму. Ова Нато зликовци е останато од времето на Слобо, али нема везе. За него палевте амбасади да му ебам мајката!!!

Сеуште во државата преполна со патриоти, не се најде еден лик роден од мајка, кој ќе тропне на масата на градоначалниците кои им ги спасуваат пропаднатите кариери на фолкерите од северот. Лето за лето, фестивал за фестивал и оп, некоја си Рада е херој на вечерта. Која е таа Рада бе да му ебам мајката? Имала добар гс, добра цицка и витка става. Сосема доволно да се продаде прозводот на народ кој црпи животна инспирација од жута штампа и од рекла-казала стории. У меѓувреме, нашите пеачи стануваат предпеачи на Рада и компанија. Дресот на кошаркарската репрезентација ќе ни го носи Ратко Варда и компанијата на некој си анонимус као Раца. Луѓето дигнаа раце и од кошарката и од музиката. Во меѓувреме, некои србомани си го добиле по муцки од старата гарда на Комити. Баткиве сакале со српско знаме да ги провоцираат гостите од Загреб за време на фудбалскиот натпревар. Пошто Динамовци се Усташи и они не се сакаат со Четниците. А шом не се се сакаат со Четниците, тие се непријатели и на Македонците кои се на платен список на ВМРО. Истите оние кои навиваат и за Ердоган. Гоце се превртуе у Гроб а Даме им иде на сон на најблиските и бара да го ескумираат и закопаат што подалеку од овде!!!

Јас ВМРО си го носам во срцето. За мене тие 4 букви тежат подеднакво како и трите прста кои ги спојуваат Отецот , синот и светиот дух. Нема пара ниту фаца која ќе ми ги извалка овие свети букви. Шарените нема да ги избришат како и оние кои заради бенефит на сопствениот гс се закачиле за нив како крлежи и болви. ВМРО е нешто што спие во срцето и одвреме навреме се буди. Но за својата земја, чисто и искрено. Луѓе биле и дечките кои се жртвувале и саморазнеле со бомби, после нерамноправната битка кај Ножот, со неколкуилјаден аскер. Нелуѓето и по 30 години независна татковина, не одбраа начин за достојно да ја одбележат битката. Со државни почести. Бинго е попознат јунак од голобрадиве деца кои умреа за својата мајка и за своите 4 букви. И пак тажен крај на се. Нелуѓето се на цена над луѓето. Се додека луѓето не ја збришат од овде и ги остават нелуѓето, да пропаднат во ниските човечки односи на зајадливост, ситен интерес, местенки и кодошлоци. Живи да се испојадат….

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s