Бели ноќи, портоколави деној…

downloadПомина фамозната бела ноќ. Една у годината у која можеш да се истрескаш до сабајле, без да му ја думаш за работно време. Али за кој кур? У нивниот шеријат не моеш да купиш алкохол после 19 часот. Алкохол забранија а возачите се по пијани по улициве. Уште малку ќе почнат дома да ни влагаат сосе коли и рефрени на Сека Алексиќ пуштен до даске. Утнат закон батки. Некој во дрогата ви турил ракија купена по 19 часот изгледа. Налет се. На лабавата гардероба ќе мора да носиме ранци у која ќе трпаме залихи со алкохол ко да е војна. А војна е секако. Само онаа најлошата. Кога гине духот, авангардата и татнежот на ноќта. Минута молк за Скопје и неговиот ноќен живот. Некад имаше 20 ноќни клубови, места каде што игравме пинг понг и билијард и каде што се собираше градксата елита. Елитата денес ја нема. Фати џадето у белиот свет.

У нашето празно секојдневие сведоци сме на многу умирачки. Умре музиката, умре македонската тифо сцена, умре духот на младиот човек, умре ноќниот живот, умре бунтот и бунењето за било што. Ако ви измислат ебана сметка дека не сте ја платиле пред 35 години, вие ќе идете ќе си ја платите со затезна камата, со судски трошоци и ќе прашате плус дали има уште. Минута молк за македонскиот човек кој стана мумија заробена у портокалова рамка. Да земеш да го исечеш крв нема да потече затоа шо одма ќе му опнат етикета. Да ги ебам и левите и десните. И да ги ебам гнидите кои лепат етикети а на чело им стои жиг дека се партиски амеби.
У нашиот портокалов живот не моеш да отидеш на фудбалски натпревар а да не треба да поминеш 6 воени зони, ко да си Палестинец што влага на стадион у Тел Авив. Ќе ти измислат правило да понесеш лична  и таман ќе купиш карта, некој мангуп од управа ќе ти заклучи врата на стадион. Вардар напраи фузија со Миравци, палмите има да никнат па мајка Јана да е, стиропорот ќе го шиткаме ко бетон а на Прометеј ќе му тураме гаќи. Додека ни гори душата у ноќта бела, се прашувам кога за последен пат е снимен македонски музички албум, македонски филм. Мрда ли народов за било што а да не е митинг на партија???
А зашто да се снимаат? Ние и онака сме држава за втора српска лига. Се она што пропаѓа и губи кариера у комшилук, ние го собираме овде и му се дивиме ко да се симнал Господ. Ќе го цитирам Пеце од Супер хикс. Еднаш Харис Џиновиќ држел концерт у Македонија 4 дена, пуштил мустаќи и мустаќите никад не ги избричил.

Ма тука се може да пројде само немој да зборуваш вистина. Вистината е глува кучка која седи у партиски штаб, шири нозе и стенка и прешкртува живи луѓе од список.
Него заебете тоа…Кај да купиме алкохол да го ебам? Антидепресивите не ги даваат без рецепта…Алкохол нема дрога има. Жртви по улициве колку сакаш. Шо прајме со вашиов закон бе мајстори???

НАПИША:БУЛЕВАРКО

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s