ПАТРИОТИТЕ ОД ЈОРГАН ПЛАНИНА

republika-ilirida-287x300Македонија треба да части. Добивме нови комшии и соседи. Мекици за новороденчето не пробавме а ниту па некоја баклава не изчколобртавме. Као туристичка атракција ќе дојде ова новово знаме што чика Невзат го развиори у име на новата конфедерација помеѓу нас и нив. Сонцето од Кутлеш над двоглавото орле. И орлето нивно сонце да го огрее. Ете. И браќата по рамковен успеавме да ги антиквизираме и ни криви ни должни да ставаат антички симболи над нивната Илирида. Македонските патриоти немаат против нормално. Независноста на Илирида Чика Невзат ја помина без оние укачи и букачи кои спонатно се собираа на разно разни манифестации. Носење на буџет, демолирање на опшина у Центар, кршење на плочата на Мара Бунева и фрлање на поликолор по спомениците на Тодор и Чакаларов.

Патритоишта од невидени размери. На бронзени статуи им идат у заседа и од зад грб. У сред ноќ. Со кантата боја по ладната статуа и ДИМ ДА ГИ ЊАМА. Оние по кои што фрлаат гинеле у борба гради у гради. Некои и од бајонет и од непосредна близина на тиранот свој го осетија здивот на смррта. Затоа и се качени на постамент. Оние што ги сквернават се качуваат по маси по кафани и ги пеат рефрените на Сека и Цеца. Патриоти од невидени размери. Нека бегаат од нив сите што идат на одмор у Грчка и извадиле Бугарски пасош. Невзат и компанија ич кур да не ги боли. Не е во генот на Античкиот Македонец да почнува расправии таму кај шо не смее. Ќе ги караат.

На денот на прогласувањето на Илирида, еден куп патритотски здруженија на Македонците положиваа цвекиња на спомениците на знајните и незнајните херои. Срам да им е. Не се сетија да тркнат до Скендер-бег, една бомбоњера да однесат. Ама ќе се појават сигурно кога Каракачанов ќе става спомен плоча за Мара Бунева. Тогаш ќе излезат од под јорганите и ќе покажат колкави Македонци се. Само едно не ми е јасно.

Што не беа толкави Македонци кога се славеше 100 годишнината на Зебрењак? Што не беа толкави Македонци кога браќата славеа ослобудување на некои си српски средновековни територии у срцето на Македонија? Што неа беа толкави Македонци кога карши споменикот на Александар и Филип, едно типче со кече ја везеше на мандолината песната за поробените албански земји? Што не бевте бре толкави Македонци колку што бевте Срби, да ги браните интересите на оние кои со душа чекаат да се здавиме у крв и у крвава прегратка да го повлечат остатокот од ова парче земја во нивниот двор. Како компензација за изгубеното Косово.
Како бе не контате со тоа главите дебели кој ни ги вози овие филчиња на војна и мир, овие 23 години откако решивме да проодиме и свoја земја да направиме? Ќе проодиме кур мој. На секој втор чекор по една сопка и по некој рефрен од Гранд продукцијата на нашите патритотски канали . Децава наши ги везат рефрените се помлади. Тоа ми дава за право да се надевам дека онаа девиза ЕДИН НАРОД ВОВ ДВЕ ДРЖАВИ ќе премине у ЈЕДАН БРАТСКИ НАРОД У ДВЕ ДРЖАВЕ. Она првото не пројде. Буагрите се Татари ама Србиве се невидени шмекери. Е кај нив братската прегратка ќе пројде као надрвен патлак у шупак намачкан со вазелин. Еби му мајката. Патритоите можат да спијат мирно. Нареден патриотски зафат кои ќе треба да го одработат у својата патритоска кариера ќе им биде некаде према Срем. Или можеби Косово ќе го ослободуваат. Како што тоа го правеа едни други патриоти пред 60-70 години и кои едвај успеавме да ги пратиме во историјата. Еве ги се вратија пак. На здравје нека ни е….

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s