Борис Тадиќ ни се извини а Тито не стигна на време

indexБорис Тадиќ им се извини на Македонија и на македонскиот народ за сите репресии што ги има правено српската жандармерија за време на нејзиното управување со Вардарска Македонија. Јебала нас бановина, некои си го примија до крај оној српски код во гените. Ја како докажан СРБО-ФОБ од голем број на македонски патриотишта бев обвинет дека создавам поларизирање и ладни односи со најголемите браќа на овој народ Србите. На секој мој текст во кој се пишуваше за српските терори во Македонија,без разлика дали било Тиквешкото, Охридското востание, или пак периодот за време на НОБ и после него, од добар дел на Македонци, кои се кријат позади сликите на Вергина или Кутлеш, позади некои си патритски здруженија, добиваав лекции како тоа Србите не имале ослободено од ропство 1913 година и како тоа ние, а вклучително и јас, сум бил голем неблагодарник поради сето тоа. Нека почиваат во мир и Мара Бунева и сите жртви од Кавадаречко и Охридско, стреланите Велешани и Струмичани! Во име на нивниот мир нема да тарашкам по пепелта и урнатините. Тие загинаа за Македонија и за својот дом. Овие безрбетници денес гинат само за тоа да не се наруши иначе убавата слика за нивните ментални ментори, преваспитавачи и учители од Белград. Србите не се наши тирани!!! Тирани ни се Бугарите и Албанците! ВМРО е бугарашка организација а ние треба на Србија да и кажеме фала шо сме држава. Е тоа се дефинициите на дел од моите сограѓани кои и по 23 години независна држава, плачат и се лигават за некој си мртов систем кој Македонецот го напраи Македонче а Македонија ја направи царството на црната металургија!!!

Борис Тадиќ им се извини на Македонците ни крив ни должен. Јас не знам за што ни се извинува кога никој тоа од него не го побара? Ние извинување бараме само од Бугарите и не знам шо му требаше сеа овој луксуз на Борис. Ова е гест кој треба да го поздрави секој човек во Македонија и гест преку кој може да се воспостават темелите на искрените односи во иднина кои до сега беа се, само не искрени. Со фрлање на проблемите под тепих проблемите не се решаваат туку се чуваат за некои добри времиња кога ќе ни затреба пак да ги извадиме и да си ги плеснеме у очи.

Тадиќ знае и затоа се извини! Тадиќ знае за што загина Мара Бунева на кејот покрај Вардар, Тадиќ знае за злоделата на Србите во Тиквешко и Охридско.Тадиќ знае а добар дел од Македонците не знаат.Или пак не сакаат да знаат! Од мене едно големо БЛАГОДАРАМ и искрено ЧЕСТИТАМ за големиот човек кој ја извади христијанската догма и им ја плесна у фаца на оние кои немаат самопочитување. Можеби Тадиќ во Србија ќе го прогласат за предавник но тој направи многу повеќе од многу Срби кои изминатиов период се лупаа у гради, продаваа патритозам а седнаа на иста маса со фраерот Хашим. Тадиќ е европска фаца. Можеби залутана на овие балкански простори и ако во иднина не се родат нови како него, треба да ги клонираме.

Овој осврт ќе го завршам со актуелноста околу новоименуваниот кеј во Охрид кој од Маршал Тито стана кеј Македонија. Оние со старата матрица се дигнаа на џенг. Македонија било проблематично име затоа што со бришењето на Тито, ние сме го бришееле нашето минато. Тогаш мои пријателчиња, ако се согласувате дека нам Тито ни дал држава и нација, одете седнете на иста маса со Каракачанов и Самарас и по тоа прашање нема да имате никакво разидување. Закоппајте ја целата плејада на борци пред НОБ и јавно застанете до ставот дека сме ние творба на коминтерната. Ова ми делува бугарашки! Хм….Но кога доаѓа од устата на повампирените комуњарски бандити треба да делува многу патриотиски нели?
Јас искрено се надевам дека во догледно време, во Македонија нема да остане ниту еден спомен од времето на Тито. Тоа им го должиме на Ченто, Брашнаров и сите уапсени делегати на АСНОМ кои коските ги оставија по занданите по налог на Кумровачкиот тиранин!Немам воопшто против кејот во Охрид да се вика Борис Тадиќ. Како симбол на едно искрено помирување. А и поради фактот што Тито не стигна да ни се извини нам Македонците. Немаше време чоекот. Малку проживеа. Скоро 90 години. Да доживееше стотка, можеби и ќе се извинеше за пролеаната младелашка крв на многу македонски дејци и револуционери!

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s