До кога со ВАШИТЕ деца?

naredeni golemaНе напунија Србите у фудбал као порно глумица шо е напунета на крај од порно филм. За тоа сељачизмот со името нема да го дрвиме, јасно е ко ден, кажано е се. Меѓутоа она што сам можеш да си го напраиш не можат ни стотина други а со односот кон државниот дрес на оние дрводелци што се прошетаа до Јагодина не заслужија ништо повеќе освен со Там камион да ги вратат у Скопје као артикл од дрвената индустрија( и тоа без печат).
Долги години репрезентативниот дрес на многу фудбалери им беше само убава шанса да се шитнат на странскиот пазар и да напраат каква таква кариера во некоја од лигите на Кипар, Азербејџан, Србија или у некоја второлигашка екипа у Швицарска. За мене прав европски ков е кога фудбалер ти игра у Италија, Англија, Германија или Шпанија. Такви ги имаме на една шака. Пандев, Новески, Попов, Ибраими и тука кругот се затвара. Можеби е тука веднаш до нив и малиот Давид но секако премногу е рано и нефер на него да ослонуваме надеж за некаков напредок кога 22 години од првите луѓе у нашиот фудбал го гледаме истиот партизански филм. Непотизам, фурање на свои копиљаци, менаџерски врски околу селекторите на репрезентациите и сето тоа без никаков отчет за сработеното. Нашето надалеку прочуено селекториште на младите категории Бобан Бабунски од циклус у циклус влага у нови фијаска но секако ниту на дневен ред не е досега дојдена темата за негова смена и разрешување. Еве започна и нов циклус на кфалификации со младиќите. Со Азербејџан дома 0-0 и со просечната Норвешка пораз од 2-1. Со добра среќа можеме да го избегнеме последното место. Кому му е грижа? На Бобан сигурно не. Шемите околу него многу тешко ќе се срушат и поарно е да смениме 70 фудбалери во еден циклус отколку еден тренер нормално.
Синоќешниот дебакл од Србија не заслужува осуда заради високиот резултат туку единствено заради НЕзалагањето на поголемиот дел од нашите примадони. Од првата минута се насети онаа анемичност, безволност, летаргија и ме боли кур за се, без притоа да се сетат чиј грб носат на левата страна од дресот и од чија репрезентација направија фудбалски кариери. Нашиве новинарчиња веднаш го најдоа виновникот. Ден после поразот фрштат наслови како тоа Агим не сакал да игра во второ полувреме, како тоа фудбалерите се испокарале и изпичкарале измеѓу себе. Сваќам дека за многу од вас Агим има смешна фризура но реално бе батиња тоа ни е единствениот наш фудбалер кој го оправда епитетот НАПАЃАЧ во овој квалификациски циклус. Никој не сака да ја чепне суштината на овој проблем. Како тоа на мала врата го отеравме Хари хоштаплерот а на голема врата дојдоа овие спасителиве. Едино што не спасија од нешто е мизерното 4 то место. Сега сме 6 ти а плукањето ќе се насочи нормално кон Чеде Јаневски и кон фудбалерите. Чеде бил педер оти си заминал ненајавено. Илчо беше арен кога го остави Вардар за прецедничка функција у ФФМ и тоа на сред подготовки. Илчо нема право да го прозива Чеде па колку и да е постапката на Јаневски буљашка и колку и да се големи тие 23 000 евра месечно у новиот негов клуб. Има мобилни телефони, има интернет фала богу светов е денес постојано online. Можеше Чеде онака поштено да ни соопшти а не првите луѓе у федерација да се чудат ко мисири на недела дена пред двомечот со Велс и Србија. Кога веќе тоа не се случи одговорноста оди кај првиот човек на федерацијата. Тој ја имаше неговата доверба секако.
Претпоставувам сега ќе назначиме нов селектор(кој знае кој по ред) ќе се сменат нови 20 фудбалери во националниот тим(зависи селекторов нов со кого ќе шурува) и пак ќе ни ја надуваат главата со помпезни ветувања. Не можам да бидам оптимист дека нешто ќе се смени. А наместо да ветуваат бајки и приказни нека се фатат за работа и конечно да донесат тренерско име што ќе работи со младите фудбалери и нема да дозволи провев на играчи и влечење за уши чие дете да игра а чие не. Еве репер нека им биде Среќко Катанец пошо тој е чоекот кој едно време не искачи до 47 место на ФИФА ранкингот. Човекот воведе дисциплина и препознатлив стил на игра. Со 20 фудбалери ги истера своите 2 години затоа што имаше девиза според која тешко е да се влезе а уште потешко да се излезе од националниот тим. Тоа донесе компактност у препознатливост. Среќко не не однесе на големо натрпеварување но тогаш барем игравме фудбал. Верувам доколку добиеше уште еден мандат ќе не искачеше едно скалило погоре. Ако може една Босна со таков инзвореден фонд на играчи едно добри 10 години да војува за излез на некое големо наптреварување нам очекувањата не смеат да ни бидат дека ќе бидеме побрзи од нив. Се што можеме е од Босанскава прикаска да научиме дека национална селекција се прави етапно и чекор по чекор. Ние од сите селектори имавме големи очекувања а слаба база и никакви темели. Време е за темелно луфтирање и за жал поставување на база. Нешто што не го направивме изминативе 20 години. Тек ко ќе ја создадеме таа база и тие основни темели ќе може да почекаме едно 5-10 години да ни се укаже шанса за некој бараж меч за пласман на големо натпреварување. Додека тоа не го направиме ниту Стратев ниту било кој друг нема да има право да мрчи по играчите. Тие се тие кои ги конструираат темелите и ростерите на младите селекции. Тие тренеришта таму се ваши. Тие заслужуваат отчет кај вас а играчите по потреба кај нас навивачите. Играчите заслужуваат критика за незалагањето а не за лошиот резултат. Зашто не се залагале и зашто нема позитивна клима во тимот, одговорете вие господа од ФФМ. Прстот е повторно насочен во ВАС….

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

4 Responses to До кога со ВАШИТЕ деца?

  1. ХЕЈТЕР напиша:

    тој Алиоски кузнае колку платил за да игра:)

  2. Димитар напиша:

    Друже свака част за текстот, ама поштено е да кажеш дека ние не можевме,а не дека не сакавме.Реално,србиве имаа мерак за освета,запнаа јако,не осакатија за едно полувреме,а у второ оние дрвеа кур,иначе ќе беше 7-8 као од шала.Така да,све ок,ама не беше до нас,него до нив.Сакавме,ама не можевме.

  3. Dzoni напиша:

    dobro be na sekoja izguba so fudbalskava federacija ke go gonite nasevo ime vo fudbalov i ke gi vrejkate igracive,edino za ovaj natprevar ibraimi so pocna da se ligavi on saka da e pojak od pandev ili ova mislam…kaj bevte da se gordeete koga so anglija napravivme 2:2,toa bese najjak debakal za nas,a odma go zaboravivte.Za uspesen fudbal treba da se slozeni igracive i da se pratat planovite na menagerot,50% za samodoverba za igranje deka mozat povise da postignat im treba nasa podrska.Jas ke navivam za makedonija makar i edvaj da se kvalifikuvaat za evropsko za Kvalifikaciite za evropsko,duri za prijatelski natrevar treba da se podrzat,a ne za kosarka da slavite ko’ sankir u vojna pobedivme…ili podrzuvajte ja Makedonija vo fudbal so sekoj prnicip kako navivaci ili voopsto ne se bunite i mesajte vo vrska so Makedonskiot Fudbal!

  4. richard naumovski напиша:

    nadvor site nefudbalski iminja od FFM sose ilco gjogjievski(ama stvarno nema nikakva smena na vrvot vo FFM posto si otide mafijas dojde drug )se znae koj moze da bide pretsedatel na FFM(pancev,ciric,najdovski,saveski,sakiri i eden kup drugi sto imaat poveke postignato u fudbalot) i vreme e sto poveke mladi talenti da dobivaat sansa koi nemoraat da plakjaat da igraat za makedonija posto ima deca koi stvarno vredat a ne dobivaat sansa zatoa sto tatkovcite nivni nemaat da platat ili za inaet ne plakjaat.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s