Too Цецооооо( Ова не е светот на Кили)

CECA-630x401-600x381Денес некој сексуално злоставуван тип во Чаир убил и одрал куче. Во исто време дојде и Тони Блер да ни продава говори во име на мирот… Супер…Не опколија од сите страни дерикожи. Тоа е оној истиот Тонка шо мааше касетни бомби со осиромашен ураниум у соседна Србија? Миротворец е нема шо….Сега у мирнодобски услови на Балканов ќе умираат десетици илјади луѓе од Канцер поради ситните нуклеарки шо ги фрли у име на мирот… Убав ден за проповедање мир у светски размери. Едни дерат кучиња а други воени касапи со добар минат труд еве у пензионерски дани ни шиткаат прикаски за мир иако облеката им труе на барут и осирамашен ураниум. Во име на нивниот мир на Балканов ќе умираат десетици илјади луѓе од Канцери и други болести. Дерикожите облекоа јагнешки кожи а кожите на останатите се искористени за праење килим. Тоа е оној килим на кој се построија сите тие свечени елити кои пробаа да ни ја побркаат дефиницијата за мир. Еден мој читател ми напиша дека се срамел од своето име ради миротворецов. Терај бе брат…Тони Монтана ти е имењак и огледај се на него, ќе ти олесни🙂
Периодов додека интензивно се тегачиме со тоа грчиштата со Хот лајн повици, те преговараме те не преговараме за името, една балканска фолк дива на својот концерт у Ниш го извади сонцето од Кутлеш фрлајќи ги фолк масите у Македонија у транс. Бреј мори Цецо да не пукнеш сега ќе ме маваат по уста сите оние чобани на кои им тролав за тие српски лицемери кои онака културно не подејабаваат за името на спортскиве манифестации…Те не признале под уставно, те секаде за нив сме БЈРМ, те сме браќа по крв, те ни вадат Грчки знамиња на стадион…Студентска љубав жими се, у стилот ела легни до мене нишо не ти праам…Само малку ќе ти го дадам да го дудлаш…Нејсе. Цеца веќе не е Цеца туку таа стана нашата современа Олимпија. Предлагам и за неа да напраиме една статија пред црквана Свети Димитрија до оние разголени доилки карши верскиот храм. Башка цицките на Цеца се поубави и поголеми и боље да ги фаќаме нив него на оние шмизли на плоштад. Ем се сувопичести, ем шмизли се. Нека дуваат у труба.
Но како и да е, ние можеме да си јадеме трици и вафли вака касно навечер ама малкумина знаат дека нашата хероина Цеца своите први музички чекори ги напраила у нашиот славен Штип. Ја па мислев дека од тој град излагаат само контраверзни бараби од нашето минато. Цеца првите аплаузи и првите фаќкања за дупе ги добила по Штипските локали. Од тука ќе да е нејзината страст по знамето од Кутлеш. Иако и таа е жена на еден бивш балкански касап штом се врткала по Штипски кулоари и ликот на Цеца автоматски добива контраверзна контура. Нишо чудно и Аркан да е скењат под Штипска директива. Штип виа Марсеј виа Београд…Ма само серам и се замлатувам. Знамето од Кутлеш е добар знак дека у скоро време Цеца ќе ни дое на концерт а со самиот гест ќе собере неколку илјади луѓе повеќе . Тоа е толку сигурно како шо е сигурно дека после среда доаѓа четврток. Нема разлика помеѓу Аркан, Тони Блер и оној кучешки дерикожа од Чаир. Има разлика само помеѓу мене и нас со оние од Анима мунди. За разлика од нив ние барем ги сакаме животните а тие само чекаат ваков настан за да можат да тролаат и да го оправдаат своето постоење. Кој кур се грижи за преживеаните? Тони Блер? Анима Мунди? Цеца? Ма немој да ме јебеш бре, шо би рекол наш Кили, единстениот Македонец кој заслужи да биде дел од цртаните на Дизни. Неговиот свет е толку шарен и едноставен и многу повистински отколку светот на овие првите шо сакаат да ни го подвалат како нормален…Издржи Кили, од нас тие простено се…То лошо си направи. но барем никому лошо не му помисли….

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s