Црна пеперутка

leptirЧовекот ранет целиот свој живот ќе бега од птиците грабливци и змии подли и отровни и ќе се мачи сиот свој мизерен живот да фрли некоја насмевка или емоција на скаменетиот и безживотен образ. Ќе седи на некој стол како инвентар и ќе го замастува црниот дроб со тешки и обоени алкохоли, ќе посака да ја изебе конобарката и за еден мочан миг да влезе во нејзиниот посран живот. Како пијан натрапник на кого вратата му е покажана нанадвор уште при самото влегување. ,,Извини курво, дојдов да повратам и ако е можно еднаш да ти ко начукам чунки освен тој животински нагон не научив ништо друго. Има место во твојата соба или е веќе полна со тиња налик на мене?”
Толку отпадоци влегле тука чинам нозете ќе ми потонат во шупливиот под од каде излегуваат мрачни дланки кои пробуваат да ме повлечат еднаш за секогаш во тие гнасни катакомби. Мојата душа станува катакомба пред конечно од мене да излезат црните крилја и како црна пеперутка да летнам и да го видам светот од високо. Од високо и далеку…од онаму каде нема ништо да го помати мојот вид. Доле помеѓу луѓето колку си поблиску тоа помалку гледаш чунки се е обвиткано со ниски страсти, блуд и разврат.Чиниш луѓе гледаш а тоа се некои одвратни суштества на кои им се распаѓаат лицата чунки со тие лица бришат гс, бришат под, бришат она што самите го засрале…Лицa или крпи? Се едно….
Се измкнав од кожурецот некако да ги провнам крилјата слаби и да летнам…Крилја со спектар на разни бои, гладни да го видат светот…чинам убав свет, шарен свет, цветен свет со широки полјани и рајски градини. Конечно мир и чистина…Пеперутката го живее мигот, она што за луѓето е векот, и во тој миг ќе го доживее сето она што човек не може да го доживее и осети за еден свој живот. Еден краток лет пред крилјата да изгорат и да станеш ларва за некоја птица грабливка. Уживај во мизеријата чунки ако тоа го научиш и на тоа ќе ти завидуваат….
Ветерот ме крена помеѓу тие стебла, помеѓу тие цветови, помеѓу тие луѓе и секакви води. Јас и моите слаби крилја желен да го видам шарениот свет не забележан од отпадокот кој ме претвори во мала црна сенка… Еден ден на прекрасен лет, никаков и незабележан денес конечно ќе бидам она што во кое што не успеав да пораснав. Бев едно безгрешно дете а животот ми постави така добра замка да пораснам и да се извалкам, да бидам дел од валканата игра, да ме здроби едно општество кое никогаш не го прифатив како свое иако станав негов отпадок и негова кукла. Силуета на уморен играч кој сака за последен пат да летне пред крилјата конечно да му изгорат а со тоа и желбата за повторен лет. Доста беше а и не треба да го извалкаме последниот видик кој ќе остане врежан во умот. Еден прекрасен свет да остане врежан во умот гладен за шарени бои. Би дошол на нечија дланка и спокојно ќе го чекам зајдисонцето. Дали ќе ме покријат или сплескаат, сосема небитно…Мирно ќе се спие! Ја добив својата слика поради која полетав а таа слика ќе остане врежана во мене како вековен жиг на прастара карпа.Тишината,мирот и зборовите волшебни ќе останат да живеат штом денот умре а ноќта завладее а таму мојата црнотија како пркос на една шарена и испревртена планета…

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

3 Responses to Црна пеперутка

  1. aleks напиша:

    Ti gi citav redovno tekstovite se do sega mnogu si be depresiven u toa glavata ebate depresivnite tekstovi.

  2. Jasmina Bojkovska напиша:

    Уживај во мизеријата чунки ако тоа го научиш и на тоа ќе ти завидуваат….

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s