Образ ли е задник ли е…

imagesКај кур ни отидоа навивачите бе да го ебам? Ни по сали, ни по стадиони не можеш да чуеш салвите за свој национален тим. Дали било ракомет, дали било кошарка или фудбал, навивачките карвани во последно време се мртви,публиката ни е како удрена со мокра чарапа и освен оној театарски аплауз, до нашите играчи не стигнува ништо. Само она стандардно Укање и Букање кога песна ќе развеат гостинските навијачи и кога сите наши навијачи скокаат ко од некое бачило да ги исвиркаат и навредат оние кои знаат како треба…
А што им давате до важност бе батиња? Каде е онаа емоционална инетелигенција? Зар дозволивте 100 противнички навијачи да си играат курот со вас и на секоја песна нивна вие да станувате од столчињата и ко од некое бачило да им урликате??? Дај бе запејте некоја ваша ако имате ако не седнете си на местото и глејте тоа натпреварот и зобајте од тоа семките. Ве научија многу гагаџиски.. Те карти мувте, те на лотарија, те спонзори па ко ке дојде ред за спортски настан да платите многу ви се 300 ебани денари да одвоите за вашата светост. На Калиопи свршавате и стадиони и плоштади пуните ама ко ќе ве донесат на гага… За нешто повеќе треба сенс. Она кое ви го утупија оние што се везден ви мрчат како требе а како не требе.
Навијачите биле цел на репресија, навијачите никој не ги сакал на стадионите и види мајката навијачите му ја здувнаа… Толку лесно ве рашлакаа а оние ,,глупави” Германци од Уге ви покажаа како треба. Тие развалуваа вилици, јадеа сузавци и делеа ќотек за наш,македонски симбол. Оној кој повеќе го нема на нашите стадиони и сали. Ним можам да им кажам едно големо фала а вие кои се палите и дркате на овој подвиг и велелепен гест запрашајте се каде сте? Стадионите се празни а на спортските манифестации кога играат оние нашите се слуша една громогласна тишина… Е да. Навивање има кога се бодри локалниот клуб. Сите сме тогаш мангупи и шириме локал-патриотизам. Е до таму стигнавме. Да си го чуваме својот двор пошто за она светото повеќе ич кур не ни чуе. Колективно сме сите за у .П.М!
Некој се навреди на натписот на еден наш спортски портал кога ги посочи оние лошине Балисти од Тетово дека биле пример за навивачи. Епа пример се бе батиња…Дали играле со Турново, дали играле со Напредок од Кичево на стадион си ги имаат оние загарантирани 6-7 000 гледачи. На нашиот најголем стадион во Скопје, дали играл скопскиот бренд, дали играла националната селекција не повеќе од 2-3000….Град метропола да го ебам….Ко ќе видам како е во Белград, Сплит,Сараево, Марибор контам дека ние сме во длабок нокаут. Направивме стадион за арчење струја и околу неговите рефлектори да се собираат мушички и комарци. Навивачи нема пошо се тие дел од некоја репресија…Лесен залак станавте момци или нешто друго е во прашање???
Батките од Битола, популарните Чкембари бараат стадион. Исто така и оние дечки од Прилеп, кои иако имаат два второлигаши знаат да отидат и неколку илјади и да го бодрат својот тим. Истите овие можам да ги видам и во Скопје кога игра Македонија. На овие од Битола, Прилеп и Велес не им е картата скапа. Тие плаќаат и автобуски карти и трошат гориво. И патарините се тука секако а од порано таму не проаѓа она пола-пола…
Епа дајте им го стадионот на оние кои сакаат да бидат на него и кои тоа со сета душа го бараат.
БИТОЛА САКА СТАДИОН, стои на оградата на трошната но преполна трибина од каде се слуша и громогласна песна. Дајте им го стадионот и подарете им ја националната селекција да игра таму, чунки повеќе ја сакаат и заслужуваат од нас. Ние скопските ,,мангупи” сме под репресија.. Рушиме неславни рекорди. Верувам и светски, кога на ноќен натревар на нашата ,,светост” прибравме 50 гледачи сосе оние продавачи на семки. Ја бојкотираме лошата управа и даваме пример како не треба да се бориш за својот клуб, а тоа е да го препуштиш истиот на залутани типчиња кои многу не се потресуваат од празните трибини. Им го подаривме нашиот клуб, оставајќи им лагодност да си праат со него што сакаат а како колтарелна штета отиде и националната селекција..Убедливо најслабо посетена на Балканот а треба да е наша гордост…Треба пред неа да застанеме гордо и да покажеме зошто сме главен град на една држава чии навивачи до скоро беа препознатливи во цела Европа. И тогаш кубуревме со спортски резултати но постоеше онаа теза дека во Македонија е секогаш жешко да се игра и гостува…Беше…некогаш беше…

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

4 Responses to Образ ли е задник ли е…

  1. bela напиша:

    bravo za tekstot ziva vistina koj sto saka neka kaze,ili demantira od ovoj tekst barem eden zbor ili recenica moze samo za inaet da zboruva …uste edno golemo BRAVOOO!!!! fakt oti sme najslabata metropola na balkanot ako ne i vo evropa!!za zal

  2. bitolapride напиша:

    daj brat kazi se koj si sekoja cest za ova se gleda deka si realen coek i deka razbiras kako treba da funkcionirat nekoj raboti vo zivotot … ako idis na kaj bitola kazvaj si davam sofra😀

  3. BitolaSakaStadion напиша:

    Sekoja cest za tekstot…Konecno nekoj normalen coek da izlezi so svoj stav i da ja opisi realnosta vo Makedonija i na makedonskite stadioni…Uste pomilo mi e tekstot sto proizleguva od covek od metropolata…Se nadevam ovaj tekst ke stigne do usite na tie koj treba da go resat ovaj problem…Sofrata od mojot sogragjanin a pijackata od mene druze😉

  4. Safra напиша:

    сакате да слушните навивачка песна, дојдтете во Битола на некој дерби натпревар, да слушните како пеат чкембари, Птицо моја, Признавам неможам без тебе, Еј другарче еј скопјанче, Сите пеат а ти тагуваш…. и многу други
    Оти не идите, да не ни сте скатани ?

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s