,,Бугарски кртови” а по грбот српови

Ги расплескавме Бугарите у фудбал онака класично со две парчиња у мрежа. Колку да не бидеме лоши домаќини и да им начукаме некој плус. Среќа нивна онаа Наполитанкана не сака дрес да поти кога игра за репрезентација иначе маф им беше работата. Најдобриот светски фудбалер на неделата беше засенет од виртуозните потези на малиот Давид Бабунски кој почна да си ја везе неговата тика-така од славната школа на Барса. Пандев излезе и дадовме два гола…Пандев не играше ниту со Србија ама тепавме…Но што е тоа битно. Гоче наш растура у Наполи а сеа ние клетите гомнојадци ќе му замераваме зашо не знае со која нога да ја плесне у гол. Лева или десна се едно, отиде шансата у неврат а за трчкарањето нема да му замериме оти го чекаат предизвици у Неапол.
Многу џева се дигна меѓу рајава ради онаа сенилна старчуга од Софија. Чика Божидар Димитров мавна една егзебиционистичка фора у негов стил сосема доволна да ги разбуди патриотските маси у државава. Мама мамина му расплакаа на клетиов татар па чоекот мораше зелка да реди по телото да ублажуе болка а гарант и аналгетици пиел пред спиење. Нема поопасно орудие од македонски удар на тастатура. Таму се ебава се до седмо колено…Ко шо праеле славните ВМРО-овци на времето. Ама се си мислам дека чика Божидар за ден два ќе се јави па со некоја зелена а ние и понатаму ќе се прашуеме дали е негово она дете у техничка служба на МТВ кој Пандев и Бабунски ги претставија со бугарски знаменца.
Истрагата допрва ќе почне а ние за секој случај има да му ја сотреме семката на младичот за техничкиот пропуст. Таков пропуст имаше и на фудбалскиот натпревар помеѓу Вардар и Македонија ЃП кога кај играч на Вардар излезе амблем од спротивниот табор ама не е исто. Тоа таму е случајно напраено. Кога се Бугари у прашање мора да е завера у питање! Удрете го кртот маме му ебам. Читателите на порталиве побараа од работа да лета бидејќи 100 % бил платеник на Божидар и Каракачанов. Кој е сега крив? Она старо аро софиско или МТВ? Сите се криви! Само Талат Џафери и командант Ваљони не се. Овој вториов ќе добие унапреѓење од чин капетан у чин мајор пошо шкртал со ножеви по телата на оние невини мавровски работници. Кој знае, да ги решел на лице место можда ќе догураше и до пуковник ама тоа не е проблем на никого. Само јас будала онака ќе си прашувам како тоа еден капетан Шеваљ стана Мајор со резбање чоечки грбови а многу други официри на АРМ кои и по 30 години и служеле на Македонија сеуште отплаќаат гајби од 32 квадрати со 20 годишни кредити? Ма ич кур да не ве боли вас како? За ова има да си ќутите иначе ќе јадете по муцки. Вас ви останува да палите Букурешки договори, да лаете по некој историчар од Софија ради некоја преписка на неговиот ФБ профил или да го барате кртот у МТВ кој ни ги побугарчи играчите. Нив може да ги спалите на плоштад заедно со постројаната гарда на Талат. Нека изгорат како Јованка Орлеанка мамето нивно. А што , кој и како чин добива во АРМ ич кур да не ве боли.
Имајте убав ден и силна инспирација… ќе ви треба затоа што востанието ваше продолжува таму до тастатурата. За подалеку ќе ви треба тоалетна хартија и озонер пошо ако не сте се исрале подолго време дебело ќе смрди. Ќе смрди на бугарска шпионажа а ќе боли како расекотина на грб….Пријатна серка патриоти!fedsgfsegr

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

2 Responses to ,,Бугарски кртови” а по грбот српови

  1. Dejan напиша:

    Кои патриоти, комито ?

    Тие кои се удираат во гради урлајќи и пеејќи патриотски песни, или тие кои си ги пакуваат парталите и фаќаат џаде во странство бидејќи испаѓаат поголеми патриоти бидејќи не извадиле татарски пасош, но сепак со македонски пасош фатиле џаде во странство во потрага по подобар живот, бидејќи откриле дека со споменици и со административни згради не се храни семејство ?

    А зошто е сега па тоа битно, нели е побитно да му ја извадиме маста на татаринот за кој е докажано дека бил кодош за бугарските комунисти ?

    Со плукање и молчење додека се сервира поделбата на Македонија на златна тацна, не се создава иднина за идните генерации.

    Или да ја цитирам една од омилените поговорки на пвеводбеничките патвиоти:

    ” Кучињата си лаат, караванот си врви ” .

  2. aleks напиша:

    bravo ako sam si go napisal ova tocno od zbor do zbor

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s