Тие имаат големо срце

?????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????Наближува Европското кошаркарско првенство во Словенија и повеќето од националните селекции ги пополнуваат своите ростери. Горе доле се знаат играчките состави со кои ќе настапат националните селекции а богами кај повеќето сликата и не им е баш розева. Голем број селекции се соочени со откажувања од страна на нивните ,,големи ѕвезди”кои биле многу заморени од напорните сезони во нивните познати Европски и НБА клубови. Таква напорна сезона имаше и нашиот Перо Антиќ со Олимпијакос, капитенот стана по втор пат последователно и Европски шампион со својот клуб. Играч целосно етаблиран во светската кошарка, направи и трансфер во НБА лигата но тоа никако не го подзамисли повторно да се јави како регрут во националниот состав. Сељациве у државава јадеа трици по разни основи за Перо но нивниот најголем патриотизам е секако лупањето празна слама, лупањето у тастатура и ширењето малодушност. Човекот сака да игра за Македонија алоо…Човекот е докажан светски кошаркар и не го прави тоа за себепромовирање. Ај бе одете дркајте на некој порносајт баталете го Перо Антиќ….
И додека некои се уморни, ги болат прстињата или искрено кажано ги боли Тасе за својата национална селекција уште еднаш со големо срце се покажа друг наш спортски воин. Тодор Гечевски! Човекот кој клучниот натпревар од квалификациите за Европското првенство во Литванија против Велика Британија го одигра со скршен нос. Со набиени тампони во носната шуплина и со болка до коска не се штедеше од бескомпромисната битка со Британците под кошевите ами напротив…Со секој поен и секоја блокада ја излуди публиката, атмосферата ја подигна до врв а Британците ги сомлевме као смеса за праење паштета. Тоше бил легенда од секогаш но тогаш постави и репер, граничник од каде треба да почнува љубовта кон националниот состав. Тоше настапи и на Европското во Литванија, заработи фрактура на подлактицата но за големиот Тоше ниту тоа не беше доволно да побара дозвола од своите лекари да продолжи да игра….ПУШТЕТЕ МЕ ВНАТРЕ, ИМАМ УШТЕ ЕДНА ЗДРАВА РАКА!
kire-lazarovИ морам да признаам дека тогаш го осетив оној фанатизам на нашите славни Илинденци, онаа љубов кон својата земја не штедејќи ниту еден атом од телото за помош на своите соборци кои тргнаа кон Европски медал, жртвувајќи ја можеби својата кариера и здравје покрај толку тешка повреда да продолжи да игра и да се бори под обрачите. Еден е и Тоше, и верувам дека на ова Европско првенство во Словенија ќе не поведе чекор понатаму а зашто да не и до медал. Го имаме сето она што го имаат и нашите ривали плус лавовски срца и невиден фанатизам.
И нема да пропуштам во овој текст да споменам уште еден наш великан. Нека ми простат сите кои нема да бидат споменати. Кире Лазаров е еден од најдобрите светски ракометари. И за него не треба да се штедат зборови со каква љубов се бори за својата земја. Човекот сака успеси со својата Македонија….човекот ја сака својата земја на Олимпијада.. Обезбедивме пласман на Еуро во Данска и Кире е спремен за да почнеме од почеток. Она што го пропуштивме во Шведска да се обидеме повторно. Уште еден трнлив пат за својата земја. Целта на овој великан е учество на Олимпијада со својата Македонија. Тоа е ракометарот на кого пасош му нудеа и Унгарците и Шпанците. Кире можеше до Олимпијада и до светски и европски медали со нив. Но Кире реши да тргне по оној потешкиот пат…По Македонскиот…..
Тоа се тие….Тоше, Перо, Кире,Лестер, Пандев и еден куп наши спортски амбасадори кои не прават горди во светот…Тоа се оние кои го одбраа потешкиот, македонскиот пат за промовирање. Не се ко некои кои попрво би дремеле на клупата кај соседот отколку да го испотат газот за својата Македонија….Игњовски….Павловски и еден куп вакви со сомнителна семка…Верувам дека се на правото место чунки во нашиот табор македонски срца зрачат, македонштина и љубов до небото кон својата земја….Тоа се тие…..тоа сте вие……

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s