Не е до жените бре дедо Петре

mkd-49152За митрополитот Преспанско-пелагониски Петар нема дилема дека вината за се поголемиот број на разводи во Македонија е во македонската жена. Жената денес има големи права, но заборава дека мажот е главата на семејството, а таа треба да ги подига децата, рече владиката Петар ден по Велигден. И тоа мојт да било така дедо Петре ама пред едно 3-400 години кога жената освен за праење зелник и трљање гаќи со свински сапун не ја бидуело за ништо. Арно ама денес жениве работат рамноправно со мажите и пари печалат за по дома. Некаде прочитав дека во Луксембург жените заработувале појќе од мужите. Треба ли да праиме компарации помеѓу животот у Луксембург и овој нашиов посран рамковен? 5 лубеници да продадеш треба процентуално да ги распределиш. Само тоа е битно. А да. Битен е и наталитетот. Битно е нацијава да ни се прца и деца да се раѓаат. Бракот како прва тула во општественото скалило дебело се тресе. Бројот на разводи од година во година се зголемува а бројот на склучени бракови се намалува. И според нашиот владика за тоа криви биле жените. Јас пак мислев дека за љубов и кавга се потребни двајца…
Еве ја како тешка и стара распуштеница,татко на (засега) две деца, еден чоек со безброј пороци и маани кој силно си го љуби семејството сепак ќе се дрзнам да застанам во одбрана(овојпат) на жените. Деца имаме се помалку. Крштевки и венчавки исто така. Не ме ни чуди шо стануеме геријатриска држава и Мапет шоуто од година у година станува се помасовно. Не е до жените дедо Петрееее…. Па каде е тука црквата наша пречесна? Арно е да се дадат парите на верникот за крштевка, осветување на дом, пеење на новороденче ама уште поарно ќе беше и црквата да дадеше нешто у возврат. Но зошто во самите цркви кои живеат со парите од народот нема фондови за парична помош на оние македонски православни семејства со три и повеќе деца? Па тоа треба да го стимулира црквата наша православна а не државата ни мултиетничка. Ако чекаме од државата помош ќе помош дочекаат Хазби и Суљо од село Слупчане и Арачиноо а кај нив дечиња има на претек. Наши Македончиња нема, односно ги има се помалку. Не е проблем жената да се оплоди. Проблем ако таа се гледа како сретство за приплод. Ја сум шовинистички настроен околу тие срања за полова рамноправност ама ви се молам, деца треба да се васпитаваат а не добитци. Шо ќе ја кошта нашата православна црква уместо пари за луксузни Мерцедеси да отвори фондови за помош на православните семејства кои имаат повеќе чеда? Јас не знам зашто во самите цркви нема посебна касичка со натпис ЗА ТРЕТО ДЕТЕ…и првиот верник од местото кој ќе приложи трета крштеница од истата црква да ги добие парите како финансиска помош? Многу едноставно ако навистина вас ве заболе за нашиот наталитет. Верујте дека ќе букне ако тоа го правите во секое место каде живеат православни верници.
Да бидеме на чисто. Во црквата се крстиме и ќе се крстиме уште долго додека нашата држава не застане цврсто на своите нозе и нема да зависи од сите оние капиталистички гомнарии каде кариерата е приоритет а љубовта помеѓу мажот и жената се изедначува со љубовта помеѓу двајца шупак мераклии. Сепак напреднавме до троа појќе нашите жени да ги даруваме со цвет, љубов и внимание и да ги цениме како наши партнери во воспитувањето на најмладите. Жената не е само матка која треба да се оплоди, жената е мајка или идна мајка која на своето чедо треба да му овозможи нормални услови за развој. Не сме ниту ѓупци да се котиме и да се фрламе на буниште. Не сме до толку среќлии сите да успееме.
Дали според вас ценет владико треба да почнат да играат шлаканиците и заушките па ова пакосниве жени да почнат појќе да слушаат? Па во оваа ситуација мужите се криви шо жените толку аздисуваат. Слабо си ги имаат васпитано по дома своите куќни помошнички. Но куќни помошнички не се секако. Некогаш македонската жена беше мајчица верна, раѓаше и по 6-7 деца и многу порано старееше од денешниве жени. Но ние си ги сакаме да ни бидат витални и млади. Бар ние кои што сме сеуште млади а за во старост ќе ни требаат убави спомени од времето кога силно сме се сакале и пред се почитувале. На крајот само и почитта ќе ни остане..

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

2 Responses to Не е до жените бре дедо Петре

  1. Dejan напиша:

    Не мора црквата да чека до трето дете за да биде хумана кон сиромашните семејства, доволно е и првото дете за да ја мотивира црквата да биде хумана кон семејството на тоа дете ако е сиромашно, а ако не е, барем нека му ја подарат првата копија од Библијата на 1 или 2 години пред да тргне на училиште, сакаат веронаука, имаат шанса да воведат веронаука во македонскиот дом, наместо да бараат веронаука во македонските училишта.

    Во училиштето, детето ќе го учи науката, но Библијата детето само ќе ја изучува, поради што на крајот самостојно ќе одлучи на кого ќе му верува повеќе. Но не ја гледам црквата да раздава бесплатни копии од Библијата, додека слушам дека ИВЗ, Јеховините сведоци и извесни секташи, без никакво двоумење делат бесплатни копии од Куранот и од извесни секташки писма и евангелија.

    А ако детето потекнува од сиромашно семејство, тогаш црквата нека плати за неговото/нејзиното образование, облека, лекови за не дај Боже ако му притребаат, па дури и нека организира екскурзии до Базиликата Сан Клементе (Свети Климент за православните христијани) во Рим, во која почива Свети Кирил, еден од двајцата татковци на глаголицата, која е мајка на кирилицата, која е јазичното писмо на нас Македонците, Базиликата на Светиот Гроб во Ерусалим, Базиликата Свети Василиј во Москва или катедралата Исус Христос Спасител во Москва, која е највисоката православна христијанска црква во светот, изградена по наредба на рускиот цар и император Александар Први по повод победата на Руската Империја над Наполеон Бонапарта, урната во декември 1931 по наредба на советскиот диктатор Јосиф Висарионович Сталин, а одново изградена од темел во текот на 1990-те години, како и ред други места кои се од огромно значење за православното христијанство.

    Токму ова е вистинската мисија на христијанската црква, која воопшто не прави ама баш ништо за да се држи до својата мисија и за да ја реализира, ги земаат здраво за готово љубовта Божја, верата во Христа и делата на хуманитарците како мајка Тереза, а очекуваат секој кој се крстил во црквата да биде безусловен верник, притоа воопшто не учејќи го/ја на вистинските вредности на христијанството.

    Македонските жени кои одбрале кариера наместо семејство и кои одлучиле дека не сакаат или дека не им е време да се размножуваат, или ќе си умрат без наследници, или ќе си умрат со наследници кои нема да знаат како да го најдат Бога во своите срца бидејќи нивните родители не ги научиле како треба да живеат и како треба да го бараат Бога, секоја им чест на исклучоците, кои дефинитивно ги има, но многу се ретки. Но црквата не е исклучена од одговорноста за ваквите постапки на жените, проблемот не е во слободата на жената, не е во образованите и интелигентните жени кои одлучиле дека сакаат да бидат успешни на одредени полиња во животот, туку е во животот кој им го пружа секуларното општество во кое државата и црквата се одвоени, во кое државата и медиумите велат едно, а црквата вели друго, но за жал, Македонската Православна Црква не вели друго, туку молчи, а неретко ги брани ставовите на државата, на истата држава која ги дозволува разводот, абортусот, операциите за менување на полот, а можеби во иднина ќе ги дозволи и браковите помеѓу истополови партнери.

    Државата има свој пат по кој ги води граѓаните, се вика Устав и државата го форсира со сите можни средства.

    Македонската Православна Црква исто така има свој пат по кој ги води верниците, се вика Свето Писмо, уште попознато како Библија, но Македонската Православна Црква не се обидува на никаков начин да ги убеди верниците во пораките кои со себеси ги носи Библијата и воопшто не се ни обидува да допре до срцата на верниците преку Библијата, а токму тука лежи вистинскиот проблем, а не во слободата на жената и во жените кои одлучиле дека не сакаат или дека сега не е време за да се размножуваат.

  2. make напиша:

    Но зошто во самите цркви кои живеат со парите од народот нема фондови за парична помош на оние македонски православни семејства со три и повеќе деца? Па тоа треба да го стимулира црквата наша православна а не државата ни мултиетничка. Ако чекаме од државата помош ќе помош дочекаат Хазби и Суљо од село Слупчане и Арачиноо а кај нив дечиња има на претек.
    ____________
    одлична идеја

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s