Шупачки стандарди за шупачки народ

gvsdsggsПсихијатри делувајте. Ја молам докторскава фела у државава да ни се обедини и под итно да делува пошо состојбава со народов наш напатен станува алармантна. Забегаа луѓево со некои бедни ликови, те Бандинија, те Саваши те пичке материне….Додека државата ни пропаѓа у секое можно поле народов наш гледа турски, индијски серии, го слуша Синан за нова година, свршава на Шабан а пљука по Боки 13. А не контам зашто плукање по Боки? Затоа шо јавно кажа дека ова е најсељачка нација на светов? Па не е чоекот воопшто далеку од вистината. Боки е можеби имбецил но е најоригинелан од сите овие споменативе а башка бе и детето си има некој посебен интелект да си го вози филмот како него му е ќејф. Се облакал Боки ко жена, голем кур. Одма ми доаѓа на очи онаа слика кога магарици кои се мајки, тетки, снаи се облакаа ко Хуремици и чекаа да изберат која од нив најмногу личела на султанката. И да ги изберат и да не ги изберат од бедниот просек нема да излезат освен шо се облекле у турцка мантија. Да не бидам погрешно сватен, јас немам ништо против турската кулутура, историја туку имам против сето она што се инсталира во моево опшетство како стандарт а тој станува се понизок и се понизок. Некад нашите жени со аскер и заптии ги грабеа од чесните македонски куќи и ги носеа како робинки по сараите. Џабе и македонска крвава свадба, џабе Цвета била толку морална женска. Она шо аскерот не успевал да го праи со сила Вучиќ го напраи со евтини сељачки фори. А на сето тоа како база и основа е сиот оној гоманрски шунд кој се продава по дел од ТВ станициве. Многу јасно и многу разбирливо зашто нашиве уметници живеат од тезги, одат по бродој да печалат и почнаа да трчаат полтронски по политичариве. Не ја бидуе бе луѓе. Вие не си ги сакате своите уметници. Вам Сашко ви е интерсен само на денот кога има избор на Златна бубамара. Кога за последен пат сте отишле у театар бе и да ги испоштувате своите актери, своите уметници? Ја избраа Хурем на годината…. Ја мислам дека сега е на ред да го избереме Роко Сифреди на годината… Нема да е ништо поперверзно и забегано од она синоќа…. Башка и генијалецот за забегани емисии ќе може да се изнагледа адекватен материјал аналогно на неговата војаерска нарав да зјапа по дупиња и цициња..
Станавме црна дупка на Балканот. Нешто поарно од Харис Џиновиќ и Џеј нема да дочекаме да ни дојде у државава. Ми се враќа филмот назат кога пред неколку години у Скопје се напуни цел стадион за онаа циганката Касандра и нејзинион фрлач со ножеви Ранду. На истото тоа Скопје му беше скупа картата за Јamiroquai,многу му се 500 денари да изгледаат врвен фудбалски натпревар, многу му биле да фрли 100-200 денари за театарска претстава и за саат ипол саглам смеење наместо пеглање гс и тупење виуги со евтини турски, индијски, шпански серии. Народецов наш си сака, си поштуе шунд и тоа шо сељаци ко Вучиќ товараат брда пари на тој шунд е доволен доказ за сето тоа. Во песните на некои наши Хип Хоп изведувачи се цензурираат некои зборови. Зборот пичка…педер….курва….дупење…свршавање и слично не смеат да идат у етер. Но целата останата перверзија и бљувотина може секако. ТВ шоу претстави во кои пропаднати психички створења и неморални курветини покажуваат голи дупиња у термин кога децата треба да си легнат и да изгледаат цртан филм врват. Наместо овие дрољиве со кои се потсмеваат и со кои штанцаат пари да ги испратат у некоја установа и да им понудат помош тие се дворски шутеви на овој народ. Лудаци прават претстави за лудаци. Лудаците се задоволни, лудаците ракоплескаат и ги полнат арените. Јебига, мене далек ќе ми е патот до Софија, до Белград да ги гледам Рамштајн, Металика, Депешмоуд и слични. Далек ќе ми е тој пат чунки арениве у нашава држава се зафатени со пропаднати и разнебитени створења. Се што му е сервирано на овој народ лесно си изголта и се појќе ќе голта. После се прашуваме зашо толку лесно не возат? Е ќе не возат бе батиња и тоа како. Утре на плоштад споменик на Хурем да дигнат не ме чуди пола народ да оди и да се поклони на истиот.
Пред неколку години се прашував дали има нешто поотровно од турбо-фолкот кој се инсталира како музички правец? Одговорот го гледам деновиве. Сите колективно се удавија во нискиот шупачки стандарт. Мене ми преостанува да серам и понатаму на белиот лист хартија и да трпам критики дека сум безобразен пишувач и дека имам гнасен речник. И тоа е дел од оваа проклетија која не надјасала. Бар да се воочеше безобраштината и гнасотијата на правото место. Бар да ги отворевме очите и ушите и да видевме што тоа гледаме …што тоа слушаме…

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

2 Responses to Шупачки стандарди за шупачки народ

  1. Nikica напиша:

    ocigledno malku bile 500 godini pod tursko ropstvo…. ovoj narod tesko deka nekogas ke se opameti i zatoa ke si go jademe kurot posteno.

  2. Dejan напиша:

    Па не е баш веродостојна споредбата помеѓу ѓупката Касандра од една страна и турбо фолкот и турските и индиските глупости од друга страна. Касандра е венецуелски производ, кој до денешен ден ужива гледаност во било која држава на било која телевизија на која се емитува, бидејќи станува збор за врвен телевизиски производ од Венецуела, како што се тоа Кум и Династија во САД, колку и да звучи ова глупаво, сепак вистинито е, додека турбо фолкот и турските и индиските глупости се минлива приказна, не верувам дека би уживале некаква гледаност и слушаност надвор од балканското дувло од каде што потекнуваат.

    Кога сме кај шупачките стандарди за шупачки народ истите се наменети претежно за тие без памет, а за жал, во денешниот свет таквите луѓе се секојдневие. Дали се турски или индиски глупости или турбо фолк, или се американски глупости од типот на Озборувачка, каде што гледаш како се пуваат богаташите, како да демек тоа на некаков начин ќе има влијание врз твојот социоекономски развој, воопшто не е важно, бидејќи во основа станува збор за исто срање во друго пакување. И американците не се ништо поарни од нас, додека на нашинците им ги перат мозоците со турбо фолк и со турски и со индиски глупости, на американците им ги перат мозоците со спонзорушите од типот на Ким Кардашија и Парис Хилтон, иако во реалност, нивните секојдневни глупирања нема да ги сменат секојдневните животи на наивните, а неретко и глупавите американци.

    Но лично мислам дека треба да се гледа позитивно на целиот овој идиотизам, бидејќи додека Македонците се зафатени со глупости, еве го Талат, по стапките на неговиот претходник Фатмир, се поклони пред споменикот на “борците за човекови права”, додека Македонците се глупираат, некој си тера своја агенда, на некого таа агенда се вика Голема Албанија, на некого таа агенда се вика Сан Стефанска Бугарија, на некого таа агенда се вика Не за македонска држава и Не за македонска нација, со други зборови кажано, иако не сме империја, иако Влатко и Есма сакаа да не отпејат како империја, сепак ни се случуваат последните години на Римската Империја, која се распадна по принципот:

    Дај му ги гладијаторите на народот, нека има со што да се забавува, додека ги пљачкаш и ги задолжуваш до бескрај.

    И американците и Македонците си ги имаат своите гладијатори, после телевизијата, тука морам да ги додадам и спортистите, спортот од поодамна престана да биде спорт и стана бизнис, а не го велам ова бидејќи Шпанците нема да учествуваат во финалето на Лигата на Шампионите за сезоната 2012/2013, фудбалот е еден од спортовите кои речиси 100% намерно ги игнорирам бидејќи се најкомерцијализирани, во ист кош со кошарката и ракометот, учесниците во овие спортови од поодамна се гладијаторите чија што мисија е да ги забавуваат, или подобро кажано, да ја заслепуваат наивната, а неретко и глупавата раја, а не да се занимаваат со спорт.

    Латиноамериканските теленовели, популарно познати како шпански серии, ми се качија на глава кога владееја со македонскиот етер, но во споредба со денешниот идиотизам дефинитивно ми недостигаат, од нив барем шпански јазик се учи, а тој јазик се говори во речиси цела Јужна Америка, средна Америка и Карибите, за разлика од турскиот и индискиот кои не само што не се учат, бидејќи тие идиотизми од турски и индиски глупости се емитуваат интерпретирани на македонски јазик, наместо преведени на македонски јазик, туку и бидејќи турскиот јазик не се говори на многу места после Мала Азија, а не верувам дека некој би сакал да живее во Индија, иако е втората најголема држава во светот по број на жители после Кина, договорени бракови и селективен абортус на неродени девојчиња само поради полот, бидејќи мајките сакале да раѓаат синови, а не ќерки, не ми делува баш како идеалниот животен сон на секојдневниот Македонец, се разбира, останува можноста да грешам околу ова.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s