Мамо мамо, дај пари за четврт грам…

narkomanВлезе во зрела фаза на дрогирање. Романтично на свеќичката ја донесе лажичката, да ја свари убаво кашичката и да ја преебе веничката. Но вените на двете раце му беа убаво бетонирани па мораше да се пукне во препоната. Го оптегна ременот околу десната препона на ногата и венаta полна со крв и живот набрекна пред малата игла. Се рокна, повлече малку крв, измеша во шприцот и ја внесе целата течност назат во крвотокот. Силната светлина од столната ламба почна да заоѓа во неговата зеница, а таа како се стеснуваше така го заробуваше во бесконечен мир и спокој. Можеше целиот свет да се сруши околу него но неговиот мир бeшe главен столб на неговото постоење. Исчезна ладната пот од челото. немирот и грчењето во говорот. Собата ја имаше демолирано а последните пари од спалната соба на своите родители отидоа за дозата на мирот.

Шајни беше дрогираш прва класа. Можеше во мртва темница да се рокне. Се пукаше насекаде. По улица, по вециња, по паркови па дури и во автобус додека патуваше накај својот дом седнат на задното седиште. Татко му на Шајни беше некогашен пијандура и коцкар. Сега е еден изгубен случај на шалтерите за вработување. Мајка му некогаш беше жена полна со живот. Сега е една истрошена мајка која последните атоми од живот ги дава во обидот да го спаси својот син единец.

Апсурдот на државата која наводно ги лекува овие случаи оди во прилог на тезата дека самата држава има корист од ваквите изгубени случаи. Апатија кај младите, задушена и дрогирана свест каде се создава јавност не заинтересирана за ништо. Големците ги носат тезгите, робата се шитка на големо а свеста е дрогирана и незаинтересирана. Самата терапија Метадон која ги смирува зависниците од Хероин е 3 пати поскапа од 1/4 грам хероин. Лесно е на шиткачите на дрога и Мeтадон. Ако е клиентот во криза многу поисплатливо и полесно му е да се акне пак во вена отколку да плаќа три пати поскап лек. Тезава може и да не ми држи вода меѓутоа кај дрогирашите држи и тоа како.

Таа вечер Шајни остана без ебан динар а кризата почна да го совладува. Јадежот по целото тело се зголемуваше а со самото чешање ги раскопуваше раните од двете дланки. Почна да блада, почна да ја проколнува сопствената мајка да наоѓа пари за неопходниот отров кој може привремено да го смири. Почна да крши инвентар и да ја пцуе спермата на татко му што го зачнал. Почна да коленичи пред своите немоќни родители. На крај го оттргна од вратот на мајка му златното ланче кое и го имаше купено за 20 годишнина од бракот. Го продаде за ич пари. За 2-3 часа скапо купен мир. А потоа истата голгота.
Последниот пат се појави како зомби пред својата мајка. Од него зрачеше студ и изгубен поглед. Тоа не беше поглед на син кон своја родена мајка, туку на забревтан ѕвер налик на зомби гладен за крв и месо.

-Мајкоооооо…..давај ги паритееееее………рикна во болка и ја фати својата мајка за коса. Почна да ја влече по собите и да ја тера со него да бара по мебелот. Некој динар, некое залутано евро. Целиот инвентар беше распродаден. Останаа само делови, остатоци од некогашниот прекрасен живот. Беше млад и амбициозен дечко полн со таленти.Музика, сликарство…пишување…. Склоноста кон хазарден живот го навлече на овој порок. Почна со курвите, продолжи со алкохолот и антидепресивите, за на крај да посегне по шприцот. Од талентот не остана ништо. Само некоја залутана бора на лицето исполнето со подочњаци и крвни подливи.

Вечерта со фантомка преку главата влезе во Супермаркетот пред затварање. Со пиштол плашливец пријде до продавачката а таа му ја наполни торбата со пари. На самиот излез беше пресретнат од Полицијата. Погоден во десната нога лежеше и крвареше на асфлатот. Непосредно до него беа расфрлани украдените банкноти. Со лисици на рацете беше ставен во амулантно возило крварејќи обилно…На самиот влез го чекаше неговата мајка……

МАМО….ДАЈ МИ ПАРИ ЗА ЧЕТВРТ…..говореше во полусознание без при тоа да го осети мајчинскиот допир на неговите дланки…..Беше полусвесен и готов производ за во затворска ќелија……

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

2 Responses to Мамо мамо, дај пари за четврт грам…

  1. aleks напиша:

    arno pisuvase za kurvi i politika sto ti tekna vakvi depresivni tekstovi da pisuvas

  2. Jasmina Bojkovska напиша:

    i posle so se desilo?!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s