Ден после Валијант -закопот на стариот јас(исповед)

jkojКозите ги сликнаа подароците кои ги добија од своите заљубени душички и ги постираа на ФБ. Вниманието што го добија од своите сакани го споделија со секаква багра која крстосува по социјалниве мрежи.А таму се и сешто. Војаери, напалени женки, педофили, накрофили…. Не заболе нас курот шо тие добиле за денот на вљубените. Јас не го славам тој празник. Мојата сакана си ја почестив со подарок ден после тоа. За инат на Валентајн. Да го славиш овој празник е исто ко да славиш Рамазан Бајрам или Кинеска Нова година.
На самиот ден на заљубените падна добар профит. А падна и добар секс богами затоа што некој го чека овој ден со душа да се раздрпа по душекот на креветот. Демек во име на празникот љубената ќе се ја истеслачат. Во име на празникот на љубениот ќе му пружат вруќи прегратки. Во име на празникот ќе се облече долна облека каква шо не се носи во текот на цела година. А затоа ли е празников? Да бидеме она што не сме? Да станеме кукли демек очајно заљубени и да се распрдиме и паднеме у транс од помислата дека љубениот ни купил подарок. Ауч мене ова ми е грозно. Каков подарок какви бакрачи. Еби го денот за вљубените затоа што на овој ден многу повеќе се расфрламе со реклами, комерцијала него вистинска љубов. Ден после Валијант некои се будат во грозен филм. Подарокот седи до нив а маките никој не им ги знае. Вистинска љубов за саканта…а што ли беше тоа? Ден после Валијант осетив психолошки потрес.
Искрено кажано од овој 15 ти Фебруар го исклучувам прекидачот во мојот мозок. Сите прикаски во кои сум верувал и за кои сум мислем дека треба да бидам горд ги затварам у посебен сеф. Ме заболе кур дали Талат ќе стане министер за одбрана и дали Македонија ќе стане негова трета држава… Ако сака и премиер нека стане. Нема голема разлика дали е тој или некој наш. Ден после Валијант гледам дека болна е љубовта кон својата татковина и дека патриотизмот е за будали со неизлуфитиран мозок. Да да….будали сме штом никој не ни ја разбира болката поради овие небулози кои ги живееме изминативе 10 години. Ден после Валијант контам дека залудно сум бил заглавен во филмот од 2001. Ало мајсторееее…разбуди се. Надвор грее сонце а оние клети душмани ги запоседнаа министерските и директориски фотељи.Насмеј му се на денот-ми рече гласот во мојата замутена глава.Да отфрлам или да прифатам? Морам и двете работи да ги сторам затоа што поинаку би пошандрцал. Нашиот генерал ќе оди на Карибите пирати да лови за да прехрани челат а крвникот на Македонија ќе го дрви у министерска фотеља. И генералот наш не е пикиран од нив….пикиран е од своите. Тој е предавник затоа што не е од таборот на преродбата. Ах мори мајко. Што ли му смета на народецов наш. За командант Форина мало гајле. Глеј овие идиотиве од опозицијава улици блокираат. Со тоа се замара овој народ. За некој командант од УЧК шо ќе ја лапне армијата голем кур. И затоа од денес ја менувам својата фрекфенција и мене ќе може да ме најдете на друга бранова должина. За се шо ќе се дешава околу нас станувам некомпетентен и незаинтересиран…..
Своите десничарски погледи исто така ќе ги складирам во еден сеф. Во оваа земја нема десничари. Сите отидоа ултра лево.Ќе станам ако треба Либерал или хуманитарец а и во Хелсиншкиот комитет ќе се зачленам. Ќе почнам да се замарам за животни и екологија. Таму ќе ги видам сите насмеани ликови кои ја имаат голтнато лагата и сега живеат некој среќен живот. Ќе ја голтнам лагата затоа што вистината е премногу болна. Ах Македонијо, ти продадена мивко… Твоите чеда за партии главите си ги искршија. Брат со брат се исподелија по улици се плукаат и паганат. Душманот седи под ладовинка и го гледа филмот во кој главна улога се луѓе со сомнителен морал. Луѓе алчни за власт. Нека ги. Јас излагам од рингот и ќе се потрудам раните да ми зараснат. А тие крварат од 2001 година. На секои 3-4 месеци по една шака сол врз нив. Доста ми е батки. Ден после Валијант ќе ја свртам главата на друга страна и ќе го поздравам остатокот на светот. Има толку многу луѓе да им подарам љубов.Имам свој род и пород оставено врз оваа родна грутка, чашка ракија и здравица со најмилите… Добро ве најдов најмили мои. Со закаснување од 10 години јас се вратив дома. Ене го белиот гулаб застана на олтарот на мојата врата и ми посакува добредојде. А позади таа врата допирот на мојот малечок син, прегратктата на мојата сакана жена и здивот на штотуку родената ќеркичка…..

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

One Response to Ден после Валијант -закопот на стариот јас(исповед)

  1. слобода напиша:

    Многу добро🙂 Истиов муабет вчера со колегите го расправав, после покана од една денес да сме оделе на Февруарскиот што и да е. Не’ исцедија, и едните и другите и третите. Веќе немам волја ни да се карам, ни да докажувам ни да читам кој што рекол на тема политика. Се’ поретко. Животот ќе тече, работите ќе се случат, илузија е дека ние може да го промениме нештото, и да успее, досега, од искуства од цел свет придобивките и промените вистински суштински биле на полошо на крај. Само ние се трошиме емотивно, енергетски. Ние жртви ли треба да бидеме за нечии туѓi фотелји? И љубовта кон татковината нема никогаш да ја разберат ни СДСМ ни ВМРО особено. Една порака до нив

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s