,,Клетите шиптари” и кич патриотизмот

Паметам кога Перо Антиќ беше предавник,Кире Лазаров бараба оти наводно го туркал брат му у репрезентација, и Калиопи дека слабо познавала англиски а еве сега најново Агим и Демири не ја пееле македонската химна.Па па паа…тоа во земја со комплески на тон е доволно да те стаат на гилотина и мамата да ти ја расплачат…
Заслугите на страна. Тие се исплукани и немаат вредност. И тоа од дел на мочковци кои во мудата немаат ни еден грам машкост, ами кукавичлук и фрустрации. Тешко е да се биде херој па трк на стадион како путиња плукај по клетите шиптари. Мислат ќе опцујат некој шпон и со тоа ќе станат современи легенди. Ах да се стануваше херој на тој начин…Но дај тоа херојствата баталете ги кога игра фудбалската репрезентација.. Тоа е онаа репрезентација за која токму двајца нив душата и срцето ја оставаат на теренот. Не тука батиња. Одете оправајте криви дрини таму кај шо треба. Таму кај шо се бара мушкост а не комплекси еден тон. Барајте ги клетите шиптари у чаршија, на автобуските станици, по средниве училишта кај шо дигаат курч. Е таму може со вашите врсници да се пресметате онака мушки, ко шо личи. На ферка….
ksfjsСо поклонета карта гратис, дел од вас изигруваат големи навивачи и си ја покажуваат лажната херојска фаца на некој стадион и стануваат за миг големи МАКЕДОНЧИШТА!!! Можете на пример да преминете на суштинска акција наместо плукање, пцуење и дигање џева. Ако имате муда се разбира. Ако не, бркајте работа и остајте ги дечките да играат фудбал. Тие не се причина за вашиот гнев и за вашата фрустрација. Ја сум Македонец кој многу си ја сака својата земја но се чуствувам засрамено од оние бедни крици на комплекс кои ечат во момените кога националниот фудбалски тим покажува заедништво, сојузништво какво го нема во нашето општество. Таму е се поделено, обоено и до крај сјебано. Остајте го фудбалот како убав пример каде Македонците, Албанците, Бошњаците, Србите…ги симнуваат националните бариери за раздор и стануваат едно….Црвено-Жолта целина…..
Поштувам дечки бараби кои се доследни во својата битка и кои со боксери и шипки си ја бранат честа и македонштината. И тоа е нечиј начин… Да…има и такви кои носат лузни по главите и грбовите, но и на нив им е преку тасе дојдено од џагорењето на некои клинци на кои што од скоро им излетала мала количина на сперма од мадињата. Ги паметам тие мочковци кога после убиството во Смилковци со камења маваа на полицијата, кршеа јавен инвентар и палеа контејнери по скопските улици. Зашто? Против кого маваа тогаш? Не ми е јасно зашто не отидоа отаде Мавровка таму да праат неред?
Мене ми е сосема јасна прикаската со Албанците. Дека има кај нив расипани ѓубриња има. Ги има секаде, тоа не е глобално.Ги има и кај нас… Дека ние ја губиме Македонија затоа што сме мудоњи само заради позирање ја губиме. Нема да си ја опраиме државата нити па во душата ќе ни се врати изгубената слика ако плукаме и навредуваме на спортски настан поединци кои се најмалку заслужни за тоа . Малку ни е од таа грозна политика па ајде сега истиот отров да го фрламе и на спортските арени. Агим Ибраими, Мухамед Демири и Ферхан Хасани не се вистинската цел. Агим ја тресна Србија,претходно и Хрватска а со Данска го даде можеби најубавиот репрезентативен гол што Македонија некогаш го постигнала. Дечкото отиде да и отпоздрави на публиката иако на негово место ја не би го направил истото. Нервите ми се тенки и накурчено копиле сум шо да праам. Би спиздел да сум на негово место, некој да ми ја навредува нацијата без причина… Пробав да се ставам во негова кожа и не би ми било вкусно жими мајка….
Мене ми е апсолутно јасно дека има навреди и кон Македонците по спортските борилишта. Дека таму се навредува Македонија,нашата нација, Тоше, нашите девојки. И таму има фашизоидни повици но ајде да ги обележиме овие акти како нецивилизациски и да се тргаме од нив барем на спортски и културни манифестации.
Агим и Мухамед ги земаа во прегратка и Пандев и Новевски кога овие погодија за Македонија. Тие се дел од македонската селекција и освен податокот дека се Албанци со ништо друго не се двојат од останатите. Носат црвено-жолт дрес и гинат за Македонија. Имаме ли доблест заради нив да ги прекинеме навредите кон цел еден етникум заради некои настани за кои тие не се вооопшто засегнати? Момците играат фудбал и толку. А за пцуење и вадење на валкани гаќи има плоштади има улици. Има дури и закажани тепачки. Е да….Договорете некоја ферка 100 на 100 и решете се. Сигурен сум дека од тие 100 нема да има ниту еден од оние петлиња кои лечат комплекси на стадионите. За барут мирисање да не праиме муабет. Тие се засегнати со едно многу болно прашање за нив. Дали ќе го вратат или не воениот рок??? Ма нека го вратат. Можеби само таму дел од младите ќе имаат вистинска смисла да продаваат патриотизам.

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

9 Responses to ,,Клетите шиптари” и кич патриотизмот

  1. Македонија напиша:

    Многу наивна статија!
    Претпоставувам дека не сте повозрасен од 35-6 години,инаку толку полошо за вас.
    За време на војната(2001-ва) имаше шиптари во репрезентацијата на кои не им пречеше да ГИНАТ,ама во буквалната смисла на зборот…за Албанија и да пукаат(не со играчки,а со вистинско оружје) на Македонци.Факт!
    Друг факт е публиката во Тетово.Последните “домаќинства” на Македонија(значи,не на некое клубче тип Вардар,Пелистер,Брегалница,Силекс…)Шиптарите плукаат со далеку побогат репертоар по нас Македонците.Тие не живеат ли во Македонија?Македонската репрезентација значи не е нивна!
    Тие демек со тие скандирања не ги навредуваат останатите 7-8 души(Македонци)во репрезентацијата?
    Шиптарите во репрезентацијата играат за пари,а не затоа што се патриоти – македонци!
    Кур(без цензура) ги боли за Македонија.
    Гледаат да лапнат пари и да се продадат во некој посилен европски клуб.
    Ако не беа фактор парите – одамна да се надвор од тимот.
    И уште нешто – публиката дава пари,а шиптарите ги земаат парите на таа публика,така да,ако не им се допаѓа публиката која ги плаќа – нека напуштат и нека не играат!
    А,барабите/деликвентите што ги пеат тие песнички(колку и да не ми се симпатични),ќе гинат за Македонија,а не квази-журналистчиња,кои седат на безбедно и се курчат зад мониторот!

  2. komitamkd напиша:

    Пари не даваат оние кои плукаат. Влагаат со гратиси бате. Квази-журналистот во 2001 и се одолжи на својата татковина со повик. Овие за кои ти тврдиш дека би гинеле за Македонија тоа не би го направиле(најголем дел фураат у оној фазон-за која држава да се борам) Кога играа Македонија Србија на стадион имаше 30 000 публика. Знаеш кој јадеше ќотек у центар на Скопје? Македонци бате. Е толку од херојството на оние пичиња кои сила имаат само преку грло и тастатура. Јас не сум тоа сигурно…за мене има многу посуштински репери за патриотизам!!!

  3. Dejan напиша:

    Џабе се сите муабет… ова овде е загноено до степен што гнојот почнал да стврднуе од доле (сталагмити да формира), така да секогаш ќе се најде некој (како и сега) со свое видување, со своја перцепција, свое толкување на одреден настан. Никако нема да има крај овој муабет. Факти се тоа што ги пиша комитамкд, но исто така, факти се и тоа што ги пиша Македoнiја….. нема излез браќа Македонци, само да не почнеме сами меѓу себе да се штовеме…:)

  4. Stip Sport напиша:

    Дуела на репрезентрација на Македонија и Албанија… Шиптарите од нашава држава се организираат да навиваат против НАШАТА репрезентација…. толку само има да се каже друго се е кажано а ти што си ја напишал статијата да отидеш на доктор во Понеделник и тоа рано од сабајле, оти сега иде викенд😉

    • komitamkd напиша:

      абе ретардиран, а да играат во Албанија Македонија-Албанија нашите за кого ќе навиваат таму? Море памет ти истече забриши некоја флека да не ти остане🙂

  5. Перо напиша:

    Абе колку прашина се дигна за ова, уште не ми се верува. Голема работа ако се скандирало. Да бевте вака гласни и да пишувавте кога го прогласуваа за почесен граѓанин на Тетово терористон…ни помалку, ни повеќе…туку на роденденот на Гоце Делчев. Цело време на Македонците им се држи предавање за соживот, а секогаш проблемите искачаат од она племето и никако да прекине со провокации…цвеќе на гроб на УЧК, палење знамиња, стрелање невини деца од чиста мира…

    • komitamkd напиша:

      ја зборам за фудбал..ти ми даваш тука некои објаснувања што немаат поим со тоа …Бог да чува…Пукање со ќорци. Треба да се пука кога треба бате а не само да се скока🙂

  6. Zoran напиша:

    Ти прочитав неколку статии, онака набрзина…..
    ОДЛИЧНО
    Убаво пресликана ( болна ) реалност во Македонија. Штета што изгледа сме малцинство што овака размислуваме во државата ни…
    Само продолжи со пишувањето !

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s