Мамо мори мамо, не сакам во војска!!!

glava-vo-pesokДеновиве во државава топ тема е дали повторно ќе се врати задолжителното служење војска. Се усраа лигушиве од 3 месечно стануење у 5 сабајле. Почит да му се даде на државното знаме наутро и навечер. Да се научи како се расклапа јебан калашников и да се научи како се мести кревет. Ене ги подлизурковците пикнати се под ќебе и чекаат абер. Се се надеваат дека државата се заебава. Чичко Бесими е против. А чим е Бесими против, можат дезертерите да се надаат на 15 000 амандмани од бившата УЧК и кур да не им чуе за идење у војска. За воено способни регрути, чичко Бесими има да најде со една обична свирка. Оди пробај донеси му закон за бранители ко шо се донесе буџет и има да ги построи сите военоспособни обврзници. Министер за респекат. Затоа мамините синчиња ќе јадат ќутеци по градов, ќе ги дигаат на клоци и за тоа ќе цвилат по медиуми. Праени од мочка. Кога веќе јадат ќотек нека се сокријат, нека не плачат..патетика нека не шират. Дух не смее да се крши со два шамари и клоца у газот смрдлив.
А баш се сеќавам како беше кога ја одев во војска. Навечер се дружев со џогери, крпи, прашаци за перење и четки за рибање купатила. Не се жалам. Тоа ми беше тренинг многу добар како денес да ги трпам и издржувам ебењата од страна на државата. Се е ебење, само многу е поарно кога ќе разграничиш од причинско и безпричинско онадење. Она во војска е секс за без пари. Таму исфрустрирани шопови на тебе лечат комплекси, се курчат над тебе затоа што тоа им е едина шанса у животот да бидат над некого. После тоа се враќаат на нивата, на кокошките, на стадото овци….на кавалот и запрежната кола. Кога човек ќе отрпне на безпричинското сексање у мозок, многу полесно ќе научи да го трпи сексот на работа, у банка , у амбуланта, на паркинг-плац, у биро за вработување, у катастар, у општина и во еден тон институции каде курот се јаде као добар ден. Е таму нема мама, нема тато. Кога мајките и татковците создаваат ментални и физички инвалиди себе се сметаат за големи родители затоа што нивното сјебано синче нема да облече униформа. Па макар и на 3 месеци.
Убаво се сеќавам кога во 2001 година носев покани за регрутација поради воениот конфликт во Македонија, какви слики и прилики ми отвараа врати на адресите од мојот регистар. Излагаа некои пичкетини кремски со еден тон папири и дијагнози, излагаа мајки, татковци, сестри и стрини и лажеа као ѓупци на сточен пазар. Да да….Дење педерчињата носеа лонгети, гипсој по нозе и раце, а навечер тераа шема у ЧАО и ЗМИЈА…На крај најдоа и тие чаре за својот проблем. Им го пукнаа законот за амнестија заедно со батките од ОНА. Убаво друштво си најдоа. Само шо момците од ОНА добија амнестија за борба за својата кауза. Овие добија амнестија затоа што биле дезертери и плукнале на својата земја кога најмногу и требале. Сите се лупаат на Александар Македонски, на ВМРО и Партизаните. Само моментот,макар на миг да бидат во нивната кожа не им се бендисуе. Тие радо би да ебат ефтини дрољи од провинција и во кафана да викнат патриотска песна. Тогаш се најголеми факмани. Да научат како се пуца и да станат воено способни за некои црни дани, јок бе брате… Нив друг ќе ги брани. Некои будали кои ја сватиле машката обврска. За нив чаре ќе се бара кај психолози, психијатри и ортопеди.
Не бе батиња. Ај у курац сите ,марш таму на регрутирање. Да си земете број на воена пошта и воена книшка да си отворите. Се се надам дека некој и вас ќе ве дотера на памет. Ќе ве научи и вас некој како се праи муабет, како се пцуе, како нозе се прекрстуваат и како ударите мушки се издржуваат. Ајде марш на регрутација педерчиња. Се надевам дека барем на 3 месеци ќе почнете да се цените многу повеќе од тоа што сте. Иначе не би биле вакви лискури. Не би плукале над ЦРНАТА своја судбина само поради идејата на некоја си будала да го врати воениот рок назат. Будала или паметен….ќе видиме набрзо…

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

11 Responses to Мамо мори мамо, не сакам во војска!!!

  1. Виктор напиша:

    Војската е најмалку спремање за војна таму се стекнуваат здрави навики кои цел живот ке не пратат а овие лигуши што се бунат против војска незнам каков пример ке бидат за нивните деца

    • Dejan напиша:

      На нивните деца ќе им ги остават спортските кладилници и коцкањето, наркотиците, цигарите, алкохолот, кукавичлукот и сите останати и пороци и особини кои го деградираат човештвото.

  2. Dejan напиша:

    Па, како за почеток, јас не сум ни педер, ни педерче.

    Понатаму, супер звучи кога знаеш дека те регрутираат за да се бориш за интересите на татковината, а не за интересите на одредени политички изроди. Но токму ова второво ти се случи на тебе во 2001 година, нели комито Кристијан Македонски, или грешам ?

    Како ти заблагодарија политичките изроди за твојата жртва кон татковината, со тоа што ги амнестираа тие кои те покриваа со дожд од куршуми и им дадоа власт ?

    Истите тие кои те покриваа со дожд од куршуми баш вчера најавија тужба кон ЈСП Скопје бидејќи на неговите возила локациите на кои сообраќаат истите тие возила, се прикажани само на македонски, а не и на албански јазик. А што мислиш, кој ќе биде одговорот на политичките изроди на оваа провокација ?

    Одењето во војска според мене лично МОРА ДА БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗА СИТЕ МАКЕДОНЦИ, бидејќи мораат Македонците да стекнат па макар и минимална подготвеност за самоодбрана, слично како што и американците после секој вооружен масакар купуваат уште повеќе оружје, бидејќи знаат дека нивните политички изроди со нетрпение чекаат вооружен масакр како овој последниов што беше во едно американско училиште, каде што 20 годишен манијак уби 26 деца, ни криви ни должни, откако претходно ја убил сопствената мајка, а на крајот се самоуби себеси.

    А кој беше одговорот на американските политички изроди на овој масакр ?
    Воведување на рестрикции за продажба, поседување и употреба на огнено оружје !!!

    Свесни за ваквата антисамоодбранбена политика на американските политички изроди, американците наместо да попуштат, го прават сосема спротивното – купуваат уште повеќе огнено оружје за сопствена самоодбрана, бидејќи статистиките имаат покажано и докажано дека вооружени грабежи, масакри и убиства се случуваат многу поретко во местата каде што американците се вооружени до заби, додека многу почесто се случуваат во местата каде што американците сопствената безбедност ја ставаат во целост во рацете на полицијата, која во реалност е тука само за да ги обезбеди вреќите за безживотните тела, бидејќи во реалност само за тоа и ги бива. И за пишување казни се разбира, бидејќи мора од некаде да се соберат пари за да се платат долговите на државата, ова со пишувањево казни важи и за Македонија и за САД.

    Некои американци сопствената безбедност ја оставаат во рацете на полицијата, а некои во рацете на сопствените огнени оружја.

    Некои американци се стекнуваат со самоодбранбени вештини во војската, во морнарицата, во авијацијата, или на приватни тренинзи за самоодбрана а некои се кријат во првиот ќош или под првата маса или клупа што ќе ја најдат кога ќе се најдат среде вооружен грабеж или масакр.

    Македонците од друга страна, ниту се заинтересирани за сопствената самоодбрана, ниту се заинтересирани за сопственото самовооружување, сакаат да веруваат во сонот наречен ЕУ и НАТО, истовремено верувајќи дека тој сон ќе ги штити во случај на војна, вооружен грабеж или масакр.

    Тоа е европска догма, која на дебело е всадена во македонскиот менталитет, особено после 2001 година.

    Но дури и да се врати задолжителната воена регрутација, зошто Македонците би се бореле за држава која:

    – не дочека да прослави 4 години независност и самостојност, а веќе им го сврти грбот со менувањето на знамето и со прифаќањето на срамна привремена референца за меѓународна употреба;
    – не дочека да прослави 10 години независност и самостојност, а веќе ги избриша Македонците од сопствениот Устав како конститутивна нација;
    – не дочека да прослави 13 години независност и самостојност, а ги тепаше стружани и пукаше на нив со гумени куршуми, а како капак на се, ги премести Струшките Вечери на Поезијата 2004 од Струга во Скопје;
    – не дочека да прослави 20 години независност и самостојност, а веќе амнестираше воени злосторници кои ги оставија кумановчани без вода, се изживуваа врз градежни работници и ги жигосуваа, врзуваа невини цивили за столбови и ги разнесуваа во воздух, а разнесуваа во воздух и христијански цркви стари неколку векови ?

    Самоодбраната е дефинитивно нешто задолжително за секое човечко суштество на планетата Земја, а не само за одредени индивидуи, но денес кога ние Македонците живееме во антимакедонска држава, треба да се вооружиме и да се подготвиме за самоодбрана, но пред се за да се браниме од антимакедонската држава, а не од надворешните непријатели, кои се ништо во споредба со внатрешните непријатели, почнувајќи со политичките изроди, а завршувајќи со антимакедонската држава.

    Јас немам ништо против самоодбрана и немам ништо против борење за сопствената татковина и за сопствените национални интереси, но во целост сум против борење и гинење за антимакедонска Македонија.

    Мој прапрадедо загинал бранејќи ја Крушевската Република со комитите за време на Илинденското Востание, мој прадедо се борел на страната на партизаните за време на Втората Светска Војна и дочекал да живее во слободна Македонија, но ниту еден од овие мои предци не се борел за антимакедонска Македонија, а знам дека не се бореле ниту за Македонија која ќе ги брани убијците и жигосувачите на Македонците, па уште и да им дава власт, а како што тие не гинеле за таква Македонија, така и јас не планирам да гинам за таква Македонија.

    Секогаш кога поголема група на луѓе ќе даде заклетва за Слобода или смрт за Македонија на Македонците, со задоволство ќе и се придружам на таа група и ќе гинам со нив, но никогаш нема да гинам ни за АРМ која и слугува на антимакедонска Македонија и се клања пред споменици на убијци на Македонци и никогаш нема да гинам антимакедонска Македонија.

    • komitamkd напиша:

      Јас не се борев за антимакедонска Македонија! Борбата не е завршена момак:)

      • Dejan напиша:

        Јас знам дека борбата не е завршена и ти знаеш дека борбата не е завршена.

        Но на секојдневните морони по кафулињата и спортските кладилници борбата не само што е завршена, туку и нема не смисла, туку нема потреба истата повторно да се бие.

        Поважни се спортските утакмици и наредната селска средба во кафаната.

  3. Dejan напиша:

    Патем, среќни новогодишни и Божиќни празници !!!

  4. Martin напиша:

    Bravo Dejan se soglasuvam potpolno so tebe😀

  5. bandit напиша:

    da be a u vojska ic nema droga i kockanje

  6. aleks напиша:

    bravo pizdite skopski se razbegaa koj kaj najde decata od provincijata ja branea makedonija pravata makedonija e nadvor od skopje od koe izleguvaat site iskriveni vrednosti kaj makedoncite

    • komitamkd напиша:

      Опасна предрасуда…..најголемиот број загинати се скопјани и скопјани го бранеа Тетово и Куманово момак….само вакви муабети не е вкусно да ги праам воопшто не знам само кој кур ти е…..

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s