Со фотељата у гроб

k1-300x167На младите иднината останува. Тоа е една затуцана девиза од времето на Фидел Кастро, Тито и Стаљин. Баш така. Светот останува на младите, кога треба да се напраи воена парада, да се подобро некој статистички податок или кога треба да се секса млада пилетина. Старите вампири да ги мрсат брковите, да ги тријат рацете додека малото пиленце им ја праи фотељата на која седат уште поудобна.
А оди па вампир набркај го од доделената доживотна фотеља. Кај шо не ја дава, па цели на втора, на трета. Неговиот гс е укотвен на државниот Универзитет доживотно. Во меѓувреме ќе оди да предава на приватни Универзитети а пошо тоа не му е доволно за живот ќе пишува колумни по разни елетронски и пишани медиуми. Најчесто плука по државата и ништо не му чини. Држи со канџите три работни места, нема маснотии во крвта ниту пак хемороиди , сигурно тера накај стотка и повторно шири нихилизам, меланхолија и негативна енергија. Тоа се тие….
Кога ќе прочитам од некој таков ликсур статија дека животот во Македонија не чини наоѓам логично објаснување на покачената стапка на самоубиства во државата. Ако на овие кои дрпаат три плати, не им чини ништо, шо да праат тогаш младите школувани таленти кои немаат никаква перспектива? Безработица, сиво општество, затворени врати а позади вратите арогантни и неиновативни дебили. Нормално. Перпективата е во скокот низ балконот, шише солна киселина и жилет по вертикала нагоре низ вените.
Ма само серам. Тоа се лабилни особи. Но какви се овие плачковциве? Јадат а се жалат дека умираат од глад. Од нив гладниот ќе умре, а тие ќе се посерат од гнетење. Да не праиме ич муабет за нивните воведени стандарди на работа. Светот оди напред, оние Скандинавците и косоокине жути сорти мислам во секој момент ќе ги запалат вселенските бродови и ќе ни кажат АДИО…..а овие вампириве уште со оние фори од после втората светска војна. Иновација никако, а тој што е талентиран да донесе иновација е опасност за нивното работно место. Тие се непотребни, затоа што работата си врви и вака и онака. Кого заболе дали воопшто врви? Додека не умрат Титовите другари, младите таленти има да го дуваат у запушена свирка. Џабе дуваат у свирка……треба да дуваат у нешто друго, можеби така ќе успеат да влезат низ некоја врата.
Искрено кажано ми се сере кога ќе видам дека за некое слободно работно место аплицира некој дртоња кој веќе чува една фотеља. Има и такви случаи кога работните места им се нудат на пензионери кои матљаат три партизански пензии, заслуга за аплаудирање на митинг на Тито, и климање со глава за одредени ставови по кои немаат и никаков став. Затоа кај овие и не може да се доближат школувани луѓе со сопствен став или визија. Таквите во животот на овие се непотребни, затоа што нивното искуство на чешање јајца се стекнува после 40 годиншно такво дејство. Млад и перспективен кадар кој запознал некои нови стандарди нема да чеша јајца сигурно и нема искуство за држење на такво работно место. Тоа е предодредено за вампирите со црвени образи и младешки тен на кожата.
На една наша приватна телевизија случајно се загледав во една спортска емисија каде водител е еден пензиниран спортски новинар кој долги години го слушав како треска глупости и гафови на државната телевизија. Сега покрај пензијата, зима плата и во приватната телевизија а мозокот му е уште поизветреан и тресе уште по зелени гафови . Нема врска. Фотељашот или каменоломот имаат слични карактеристики. Ко ќе се заријат на едно место, оди помрдни ги и кажи им дека не им е местото таму.. Како и Папата, како и поглаварот на МПЦ кои канонски си го имаат столчето доживотно така и овие. Ако не им се тргнеш од пат матер ќе ти ебат….Ќе добиеш заушка, чадор по глава и замерка дека ни ги почитуваш постарите. А старите мора да се почитуваат токму онака како што тие не почитуваат нас и нашите потреби и проблеми…

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s