Како да ја ќарам девојката на мојот живот?

Picture 0132Проаѓа пред зграда супер јебозовно пиче, и за миг настанува молк, три секунди молчење. Штом  таа ќе го одмине чопорот, се вртат еден куп глави за да го измерат убаво извајаниот газ, убавите нозе, струкот, должината на косата, нејзиниот од. Сите се плашат да и пријдат, а таа е можеби најуплашена, најосамена од сите. Кој би и пришол на таква пизда? Треба да си полн себе. Треба да си его-манијак, премногу сигурен во себе и лесно да навалиш, иако со егоцентричен приод шансите се многу мали да ја ќариш. Мачо упад пали само кај турбо-фолк сељанки што носат високи топуци, розев фустан со жолт прслук и танга шо излага над струкот од курвинската сукња. Таму може комотно да улета некој самобендисан сељак и да покажува муда и закржљавен мозок. Збориме за вистинска девојка. Инетелигентна убавица кај која не проаѓаат клишеа и сељачки испади… Ај да почнеме да бираме тактики како да се справиме со овие пиЌиња…
Ваквите девојки сакаат типци со смисол за хумор, лудаци шо знаат да фураат заебанции на свој рачун, знаат да разговаат, но пред се да слушаат. Без пафтање и фалење. Моментот ЈАС, заборавете го. Пробај со Ти, или Вие, ако е префинета госпоѓа. Ова за почеток нормално. Како ќе се отвара муабетот нема да е утка и курот да се извади на маса, но тоа да биде со стил… Девојките сакаат да бидат ценети, да се почитува нивниот интелект, времето за одмор и пилатес. Не сакаат упорно ѕвонење на телефон затоа шо на тој начин им ја рушиш сликата на деловна и зафатена женa. Дефиниција за успешна пичка. Најчесто е недостапна и не крева телефон. Ако крене, шансите се од старт поволни. Но и тие не се преголеми, добар дел од шансата треба да се одработи во вистински правец.
Жената сака загатка, жената сака  маж кој нема да падне од прва на нејзиниот шарм. Чиста вистина е дека жената губи половина интерес кон маж за кој знае дека може да го врзе у клопче. Лошо е да бидете клопче и да се претворите во домашно милениче. Ќе ве замени набрзо  со пекинезер или сијамска мачка. Жената сака да се натпреварува и да се трка со своите опоненти. Со жени за кои смета дека е појака од нив. Ако ја понижиш со таква и ја одјебеш во втор план, лесно ќе се фати на мамката и ќе тргне кон сопствена победа. На крај тоа е победа на типот  кој лови на софистициран начин.
Убавата девојка која ве оспеднала и за која знаете шо кола вози, може да ја начекате на некоја раскрсница или остра кривина. Треба да се распрашате малку за нејзината возна маршута, а потоа слободно паднете и  под тркало. Ако ви даде Господ да преживеете делувајте дека сте у полусвесна состојба. Таа ќе дојде да ве праша како сте, а вие со полутивок глас и сјај во очите  ќе и одговорите: НИКАД БОЉЕ… Ма се зезам…
Жената сака покрај себе изгубен случај, неспастрен и непедантен лик за кој она мисли дека може да му го смени животот начисто. Демек да го дотера у ред и да го му го опраи изгубениот и пропаднат живот. Изгубен случај би го дозволил тоа секако. Ја бев таков случај кога жена ми ме сретна. И ден денес ме нема средено. Непедантен, недисциплиниран, никогаш точен, но бар во вокабуларот сум сочен. Од таа проклета уста излага се.
Беше една бадникова вечер кога труп пијан се ѕверев во неа. Ја споредив со бадниково дрвце и ја поканив дома да ми го просветли домот за Божиќ. Се смееше на мојот муабет но јас бев мртов сериозен. На крај и многу бев понижен и повреден шо тоа бадниково дрвце не ме сфати сериозно и што не  сака да дојде до мојот дом да се напиеме барем една чаша вино. Бев облечен у тренерки, пиев топла ракија, бев сам, а таа со нејзините 30 другарки. Сите околу нас молчеа и чекаа исход. Исходот е општо познат. Денес ми е жена, имам со неа деца и постојано ме дупи дека сум и се удварал на ужасно сељачки начин… Ма кој кур сум па јас да кажувам како со најубавата девојка?  И да знаете, нема никој да ви признае. Ако е љубовта во прашање не е битно шо ќе истрескате, ако е за провод може да упали некој шизички муабет, обичен цвет подарен без повод. Ако сте толку безнадежни случаи, работа ќе заврши и шпанска мушичка, само немојте со оние клишеа: Шо вака сама, мацо?… Шо вака убава девојка а сама?… Одма делуваш ко Џон Вејн залутан у  филмот Ѕвездените патеки. Не бе брат. Не ти пали повеќе… Можеш едноставно да ја прашаш зашто погледот и е чуден, што ја мачи… Ко шо сме сите со чудни погледи и помалку замислени лесно ќе се ували на муабет. Нека е најака девојка на светот, ако и го разнишаш мистичниот свет веќе си половично навлезен во неа. Останатото е рутина, дизајнирање под постулатите на Хемијата… Со нејзина помош ќе стигнеш на право место. Колку и да е разебан светов и во него владее сексуалната револуција, не се бара пичка  од прва вечер.  Барем не кај девојка шо сакаш да ја чуваш за добра времена… Убав момент е да ја залапаш, нежно да ја протрљаш за газето  и да осети  дека си тврд меѓу нозете од нејзиниот бакнеж… Тоа ќе и даде убав сон и желба да те види што побрзо.
Цветот во рацете на убава жена е како дијамант во круната на имепраторот. Се почнува од цвет (не се сеќавам кога последен пат сум купил без повод, срам да ми е)  и убав муабет. Муабетот во тие моменти и не се мери по грамажа, повеќе тежат погледите и вниманието…

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

4 Responses to Како да ја ќарам девојката на мојот живот?

  1. Iva напиша:

    Pozdrav do makedonskiot Charles Bukowski

  2. Isnije Pini напиша:

    хаха ! Ептен јако , ти се восхитувам на секој папишан твој текст. Секоја чест🙂

  3. Biljana напиша:

    Ubavo napishano, mnogu vistinito, samo ne bi se soglasila sekogash za ova:
    Жената сака покрај себе изгубен случај, неспастрен и непедантен лик за кој она мисли дека може да му го смени животот начисто.
    Ne se site zeni opsednati so spasuvanje tipovi, nekoi sakaat i ramnopraven partner, nekoi sakaat covek na koj mozat da se potprat, nekoi pa se im zavisi u koj period od zivotot se….nishto ne e crno belo, ima mnogu nijansi, barem so zenite….

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s