Повраќаница

Седнав на шоља да серам. Помислив желудникот ќе ми прсне а цревата беа убаво натапкани. Претходните три дена се убив од пиење ракии..пива…вина,штокови, јадев скари,салати..печеници. Срањето ме пристигна. Тоа е проклетството на храната.Убава е само додека да стигне во желудникот а потоа…?Затоа повеќе преферирам во животот алкохол бидејќи колку и да го обработува организмот на крајот излегува од човекот или како малку заматена мочка или во најлош случај како бљуваница-повраќаница. Трагедијата  на човекот е што цел живот сере а не може никогаш да се ослободи од гомната. Нашето лице,нашите фризури се еден вид на камуфлажа над она што навистина сме ние.Серев 45 минути и на три пати пуштав вода. Отворениот прозорец не го прочисти воздухот во купатилото. Водостојот на Вардар го наполнив со лајна а десно од мене беше пепелникот во кој димеше цигара.
Што да кажам за претходните ноќи…Преполна кафана со митингаши, држеа свои говори, политички, спортски…..жените ги вадеа фрустрациите на маса а мажите зјапаа наоколу во газовите и цицките на жените кои сигурно беа укотвени на расклатените маси. Не зборувам многу кога пијам. За среќа не ни слушам многу. Пијам и уживам во секоја капка. Алкохолот дури и да не ме менува. Почетната и крајната слика од влегување до излегување од тие локали е речиси иста. Тоа е мојата несреќа. Не можам вистински да се начукам. Морам да му приредам на џигерот нукеларна-алкохолна доза за малку да ме измести од колосек. А и тогаш нема голема разлика освен што фацата малку ми се менува кон налудничава. Се забележува таа промена кај мене единствено на фотографиите, доколку ги има. Муабетот е ист. Во главно досаден и празен. Се чудам како успевам да ги насмеам луѓето околу мене кога јас сум жива несреќа во секоја смисла. Не можам да се начукам, не можам да се возбудам, не можам да го сватам трансот на луѓето кои уживаат во тие гомненици. Се ми беше како еден циркуз и како еден маскенбал каде секој се крие да биде од она што вистински е. На почетокот сите се загрижени за утрешниот ден, а на крајот се ослободители на светот. Некои и дури тргнуваат во дуел со инвентарот по кафаната или обезбедувањето. Скршените глави не беа ретка појава. Легените со вода ги миеа локвите со крв и купиштата повраќаници, вецињата смрдеа на мочка и на женски улошки натопени со мензис. Последната вечер бевме во една кафана налик на скривница . Лош инвентар, лоши конобари, лоша бела неонка која ги оцртуваше нашите подочњаци и лоши конобарки. Шанкерката беше нешто попозитивна слика од околината и тоа можеше до некаде да ја поправи сликата. Имаше широки очи и широка насмевка. Речиси и постојано се смееше. Не знаев дали е удрена во мозокот или нависина е позитивна личност. Лево од нашата маса имаше некоја расправија. Почнаа да се мешаат крици, па да се прават длабоки муабети, па да се удира во масата, па да се вмешуваат митингаши од соседните маси. Како на панаѓур во Истанбул, ситуацијата стана бучна, грозна и хаотична.Добив нагон за  повраќање но се воздржав. Си турив уште една пијачка со црпката. Пиев бунар и се повеќе тонев кон дното. Расправијата лево од нас се распламтуваше. Многу повеќе јадење гомна отколку вистинска акција. Во душите им цветаше една јаглика во форма на  пичка па не се осудуваа да мавнат први бидејќи не се ни учени ќотеци да трпат. 45 ка и фаца, ногарска од маса, пепељара у глава, ивица од маса или флаша у нос….
-Дојди брат,да разговараме како мажи…на само..јас и ти..викна едниот младич—-Ајде бе брат,ајдеееее…рикна неговиот ортак. Исходот го знаев однапред. За кратко време ќе почнат да се туркаат како петли, едниот несреќно ќе зададе удар и ќе настане тепачка во кој најдебелиот крај ќе го изедат оние што делат. Така и бидна. Двата петли се размаваа и многу повеќе урлаа него што тепаа па сепак се појавија црвенила и гребаници на нивните лица. Жените спискаа, другарите од страна влегоа во војна каде што со мала доза на лажен авторитет  се издигнааа над нулата од луѓе. Почнаа да летаат маси, столици, срчи пукаа како новогодишни конфети на  Тајм Сквер за Нова година. Конобарот веќе беше треснат и ги носеше своите ајнцери со модрица на левото око.Газдата не беше тука. Веројатно ја пеглаше конобарката која иде само прва смена. Музиката се прекршуваше и тоновите од неа како шилци се забиваа во моето тело. Мислев дека ме јадат орли. Позади мене слушнав удар на бокс но не се завртев. Лево од мене видов  едно петле како лежи . Продолжив да пијам. Сите се сакаа и се објаснуваа како браќа а всушност во тој момент се вадеа утроби. За кратко време се испкоршија толку срчи и толку столици што не беше можно да се оди по подот а притоа без да ги исечеш ѓоновите од обувките. Запалив цигара. Веројатно и бев многу пијан. Е што тие мојата ебана несреќа. На голема доза алкохол беше потребен и ваков зачин за вистински да се начукам. Гнасотија од кафана, гнасотија од луѓе…..супер. Јас бев пијан. Устата постојано ми се лигавеше а грлото ми играше нагоре надоле. Ќе повратам или не??Не знаев ама се потешко беше да се воздржам.Повратив на белиот чаршав. Речиси и никој да не забележа а војната околу мене сеуште траеше. Шанкерката сеуште се церекаше и целата беше претворена во заби……………..

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s