Ма каква инвалидска?! Вади умреница!

Пишувачот се беше затворил во својот малечок свет. Мозокот му беше отпорен да ги прима надворешните влијанија зачинети со малодушност, љубомора и алчност за власт. Го погледна последниот натпис во неговиот компјутер и реши убаво да се натреска.
-Господе боже…зарем ова излегува од мојата глава???-Ги презираше сопствените зборови нафрлани на програмот Microsoft Word. Потоа го исклучи компјутерот, ги спушти ролетните на прозорците, зема едно шише Шток и почна да навлага во дебата со самиот себе.
Тој ден го забележа на ТВ екраните  оној снаодлив болничар кој работи на една  позната клиника и кој беше обвинет за некои фалсификати околу инвалидските пензии. Беше осуден на 2 години условна робија. Амебата со месечни примања од околу 10 000 денари имаше два стана, три куќи, два градежни плаца и обработливо земјиште од кое црпеше субвенции. Пишувачот беше заглавен во долгови до врв. Од 24 часа работеше по 18 но доволно само да ги плати сметките, да купи нешто за јадење и пиење и да си дозволи едно до две излегувања во некоја ефтина прчвара. Метастазата не е во доменот на оваа криминогена банда. Таа се има префрлено и горе кон судските инстанци-мрмореше самиот со себе додека сказалките од саатот му чукаа во малиот мозок. Црв го гризаше паркетот а во лавабото капеше вода во оставените садови. На ТВ екранот одеше ликот на еден залижан гомнар со циничен и расипан поглед. Тој да ти  бил пали и гаси во државата за зимање инвалидски пензии. Единствен проблем е што од ваквите гомнари болен човек не може да се доџапа до тоа што му следува. Тоа го добиваа митаџии, партиски мајмуни, потрчковци на директори и министри и разни клатикурци на кои ги мрзи да одат на работа. Тие фрлаа илјадници евра за убава месечна пензија и живот у раскош.
Залижаниот мајмун  ги оставаше болните луѓе со мозочни удари и преживеани инфаркти со месеци да тропаат на неговиот шалтер. Тоа е процедура која може да се убрза но само доколку во пликот има некое евро за лакомата ламја. Ако сиротињата нема евра за фрлање може и да умре од трчање по шалтери, но тоа за залижаниот посерко беше само еден обичен статистички момент. Извод за умреница, еден обичен лист со печат, скината лична карта, еден матичен број помалку во евиденцијата. Ништо повеќе. Своите клиенти не ги гледаше како луѓе туку како златни рипки кои носат или не носат златници во неговиот паричник. Тој живееше од болеста на луѓето а за добра сума пари на неговот конто им удараше печати на мрзливите паразити кои не сакаат да работат и кои сакат  да си го дрват и да зимаат пензија.
Гомнарот смета дека неговиот живот и животот на неговите деца вредат многу повеќе од животите на оние сиротињи кои мака мачат со болестите и со бирократските царства во кои владеат ламјите  како него. Неговиот гс е научен да оди два пати на море годишно, да вози џип БМВ Х-6, да има 4-5 дуќани од кој ќе рента кирија и да наздравува на маса  само со  луѓе кои наместо во очи те гледаат во џебот и по вредноста на возниот парк кој си го паркирал пред куќа.
Ма би зел една убава  палка и би почнал  на ситно да го реметам  стекнатото богатство со криминал и трговија со човечки судбини. Дупење гуми, кршење штопови, мочање на скупиот паркет, цртање графити по дневните салони и демонтирање со експлозив на сефојте во кој ги трупаат своите дневни хонорори.
Ма што се занасам бе. Ова не се Нотингемските шуми. Ова не е царството на Робин Худ. Во ова наше метастазирано  царство Робин Худ би добил палица у глава и би бил спроведен во соодветна установа. Робин Худ би добил пресуда за малтретирање  и за самовластие  од пријателот на оној залижан мајмун кој трпа стотици илјади евра од болеста на луѓето. Залижаниот и пријателот лесно ќе ја откуцаат пресудата бидејќи  тоа е пријателство кое се темели на силни основи. До душа неморални, но нив  не ги руши ниту динамит.
Сепак ја би да им дадеме на овие инвалидиве една инвалидска пензија. Да не ме сватат погрешно хендикеприаните луѓе во државата. Тие не се за мене инвалиди. Инвалиди се луѓе со ваков ментален склоп кој во животот  гледаат се  низ призмата на парите, на моќта и раскошот. Дај да се солидлизираме со нивните големи потреби, со нивните зинати газови и сите  заедно да им плеснеме  на тацна една ИНВАЛИДСКА! Нема да им побараме ни едно скапано евро. Нека им стои како печат на профилот кој го носат……

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s