Фрлени во костурницата Зебрњак

ЗабрњакАбе некогаш ги лажевме студентките да легнат под ќебе до нас со онаа форана дека нема ништо да им праиме. Може малку за цицка фаќкање,за дунде или газе ама никако секс. Во најдобар случај се добиваше петинг. Е тогаш мудата отекуваа ама лесно се решаваше проблемот. Два круга тоалетна хартија околу дланката, една десанка и решен проблем.
Мене тие односи многу ме потсетуваат на сегашните ни наши односи со комшиите од Север. Те они не бркаат од Св.Прохор Пчињски, тие ние демек малку се лутиме, па те малку навијаме за Ноле Џоковиќ, па на крај им ја свиркаме химната на фудбалски натпревар. Они нас со грчко знаме по нос, ние за инат Асном у Пелинце. Абе убаво е да тераш инает за национални интереси ама ова некако инаетењево се оди по наш грб. А ние со Србите во комплицирана врска. Нит се ебааме , нит се тепаме.Како ќе не удрат хормоните…. имаме бурна врска. Тие врски тешко завршуваат ама најчесто завршуваат со модри сливи под очите.
Сите ние Македонците жестоко плукаме по Букурешкиот договор затоа што со тој договор нас ни ја расплакале мамицата и не прати по беспатиата и страдањата. Се согласувам со тоа. Ако на Хрват му го спомнеш Вуковар или на Србин Јасеновац има мајка да ти заебе шо си му спомнал. Е ние сме толерантни. Затоа сме на тоа ниво кај што сме. Кај други ни ја кршеле кичмата, ние дури и ќе се поднаведнеме за да бидеме поголеми Европјани од Скандивците и поголеми Срби од Србите.
Оваа година Србите слават 100 години од Кумановската битка и нивната победа над Турција со што е ставен крај на Турскиот империјализам на овие простори.Јас го почитувам нивното славење на тој момент и правото да се гордеат со еден таков настан. Но некако заборавивме дека токму таа победа во Куманово беше предвесник на македонското идно раскинување и страдање. Национално и територијално. Оттука и битката кај Зебрњак нема никакво позитивно значење за Македонија туку напротив. По таа битка следува српската окупација врз Македонија.Таа битка беше предвесник на четничкиот атак над Македонците во Вардарско. Нешто за што многу малку сака да се зборува во нашата ни татковина. Таа битка беше предвесник на атакот на четите на Бабунци и Прелиќи над Македонците во Тиквешко и Скопско. Мачењето на баба Нада Пинџурова и фрлањето на бремени жени во Кавадаречките бунари, обесчестувањето и масакрирањето на близу 1000 цивили е финален прозвод на таа Кумановска битка.
За Зебрњак кој нема никакво значење за нас се зборува на широко. За Тиквешкото востание, произлезено од српскиот терор над Македонците не се ни зборува во нашата земја.
А Србите баш со нас онака во стилот, легни до мене нема ништо да ти напраам. Те не признаа под уставно име ,те насекаде не ословуваат со референцата. Да потврдат дека сме бивши Југословени излезени од нивните пранги конечно. Но дали? Додека ние нашата светост, Асном, 2 Август 1944 година, после сите понижувања од српските власти решивме да го славиме во новозиграден меморијален центар близу Пелинце, истите тие провокатори со целата дрскост доаѓаат во Куманово да го слават српскиот продор во Македонија. Некој ќе рече тоа е во европски дух. Но дали таков дух имаше кога некој побара со соседна Бугарија да го славиме заедно Илинден??? Не! Тогаш фрштеа етикети за предавства токму од овие денес кои повикуваат на некое европско однесување.
Зебрњак не е ден кој Македонецот треба немо да го проследи. Тоа е синоним за негово поробување. Дали после 100 години ние повторно ќе паднеме во нивно ропство? Тодор се превртува мртов во гробот но мене ми е потешко. Жив сум и тоа го живеам, немоќен било што да променам А името македонско го носам…

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s