Сите знаат…..

spiun1Агентатура на сите страни. Не можам да отидам на мочање а без позади грб да ме ми се појави сенката на шпионот. Курва кога дупиш не знаеш дали е во мисија да те спичка или е само обична друмска курава. Многу оски шибаат овде во државата. Од толку оски почнаа многу фрекфенции да зујат. Да влагаат една у друга. Да се слушаат, да се бламираат и себе да се потсмеваат. Овде ко ке седнат 5 души у кафана да наздрават 4 идеологии на маса се вадат. После некоја пијачка плус од 4 стануваат 8. Да земеш да ги претресеш еден нема да најдеш  без бубачка во џебот. Сите после излагањето даваат отчет кај претопставениот, кој што рекол, кој каква песна нарачал, кој што за соседите дродорел.
Ако одиш случајно во кафана и ја нарачаш песната ,,Нешто ќе те питам бабо” онаа убавана за Тодор Александров ќе влезеш во маркерите на ОЗНА. Мамицу му ебам бугарска види го у сред Скопје ми се праи ко Софиски гангстер. Озна има све да дозна и сите Београдски кумови да ги добиеш на маса за пријатели. А на таа маса и тоа живели не е искрено. Еден удар на чашите а десет погледи забегани лево десно. Радиофрекфенцијата емитира бран во живо од разговорот. Некој слуша и запишува. Во нашата ни држава односи со соседите ни креираат токму тие. Со Софија однос градат Београдски бараби а со Белград Софиски тепачишта. Грците се демек во криза ама увото како инка им е начурено према нас. Албаницте кур ги боли. Тие ако треба некого да спичкаат ќе спичкаат.Треба само некој да им рече.  А на маса пијанката оди како подмачкана  баш кога се сите овие на маса. Борис, Немања, Маноли и Агим нарачуваат песни. Шота, Сиртаки, Зажалела е мајка Блгарија и Спремте се четници. Песните си врват, од околу гости се вртат и се чудат какво е тоа братство и другарство :)
Тоа да ти е шпионажа невидена. Мислиш се дружат и пијат а тие во мислите мајката си ја ебаваат.  После пијанката сите одат кај шефот и  даваат рапорт. Келнерот исто така. И тој е дел од нечиј тим. Оди погоди чив. По бекенбарда ќе го откриеш. Ако носи дугачка и затапена под уво, гарант е бугарофил. Ако има шпиц ципела, подрабена пантолона и златен саат мора да е Албанез. Егзекутор, извршител на нарачки. Софиски агент неможеш да препознаеш. Нив ги има најмалку во државата ни.Но затоа  српски тешко да промашиш. Со него глава во автобус ќе искршиш на разминување и ќе добиеш извинување. Него ќе видиш во парк како чита весник додека ти пиеш пиво на клупа. Ништо чудно да го препознаеш и во попска мантија. Може и дете да ти крсти а под мантијата да носи микрофонче. Од него примаш рецепти за у аптека, оценка у индекс, тој е селектор на национален тим, шеф у музејот и архивот. Српкиот агент е заслужен граѓанин у оваа земја.Toj работи на оската Север-Југ. Грците не чинат, Бугарите исто, Албанците се за голема Албанија. Некад помислувам дека тие агентите  и Голема Албанија ќе ја создадат со нивните разузнавачки заебанции. Српскиот агент можеш да го видиш и на фудбалски натпревар у Албанија како пали македонско знаме. Малку ми е чудно. Тие Албанците  мама си ебаа со Србите а во Тирана гори исклучиво македонско знаме. Овде нас без потреба не курчат. Абе не е без потреба, они си знаат. Сигурни  Бугарите се криви:)
Пред скоро време запознав едно пријателче по име Богдан. Изгорен за милфица, тазе оженет со природни антитела спрема србоманите. За него Тодор е голем, Сарафов исто, Чакаларов и Бунева Мара. Мора да е татарски шпион. Сите знаат а знае и он дека мајчицата е една. Каква е таква е, неа не смееш да ја плукаш. Една е. Ах по ѓаволите. Мора да е пратен од дворецот во Софија. Креира  пробугарска пропаганда  во државава со контраверзни ликови. А за овој народ само Тито и Колишевски не се контраверзни. Хм….ма шо се заебавам. Тие биле агенти над агентите. Тито кур си играл со 6 разузнавачки сили а Лазар давал налог за путување према Голи Оток. Со неговите налози, Македонците рељефот го сменија на осторовот. Ах господе помагај…..Мора да одам да се исповедам. Ах…а попот на шо задача е? Ма заеби муабет. Ќе напишам текст и ќе ми олесне. Лустрацијата завршува а веќе се трупаат нови досиеа. Во кое сме ние? :)

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s