Цвет за жената наместо ергенски данок

Ах среќа се оженив на време  и ќе куртулам од новата баждарина. Забрането е плукање на улица, мочање, фрлање пикавци и праење ајвар. Од сега натаму ќе забранат да бидеш и соло. За мажи над 30…за жени над 35 години. Помислувам да отворам агенција за лични контакти. Бизнисот би бил профитабилен. Наместо да носиме жени од Албанија за ергените, ќе земам од тоа љубовните стрели и како Купидон ќе ги мавам младите и осамени душички. Во огласите ќе имам само една рубрика. Рубрика ,,За сериозно”. Рубриките за перверзии, за садо мазо и за слободни врски ќе ги конзервираме како успомена од некои минати и курварски времиња..Шо би се рекло по наш жаргон, за врски за везден. Ах бе батки. Памет не ви иде. Наталитет опаѓа, бројот на разводи е речиси поголем од бројот на склучени бракови а вие само по кафани и дрољи акате. Абе девојки за дома бирајте. Ако не сами , барајте стројници затоа што планираат да ве закрпат.Ах..камо да можеше љубовта да се носи на тацна или спакувана во коверт.
Најсериозно размислувам после овој предлог за задолжителна женидба да доставам амандаман на законот државата да ја дозволи и легализира бигамијата со потпис и дозвола од првата супруга. Ако на батињава кои се соло државата не може да им ги донесе рибите од соништата, да ни дозволи нам кои сме со послаб укус да си земеме  по уште една жена и да ги спасиме овие пребирливите од казни. Ние ќе тепаме деца и ќе го дигаме наталитетот а нив ќе ги ослободиме да ги чекаат своите селебрити. Би се жртвувал јас лично за оние на кој љубовта не им е јака страна. Или барем така ги деградираат, Љубов има. Нешто друго фали. Тоа сигурно не се наоѓа со глоби и казни. Ах бее…одиме понатаму?
Време за курвање веќе нема. Од сега секоја пенетрација мора да биде суштинска. Не ме чуди да донесат во блиска иднина  и глоба за извршена ејакулација на друга локација  наместо у женска матка. Па нели за наталитетот се работи. Сексањето  не мора да е квалитетно, мора да е плодно драги мои. Од сега па натаму, егзебиции како свршавање у фаца, у уста не се пожелни. Во иднина ќе бидат и забранети. Ништо чудно и кондомите да се укинат и  да бидат повлечени целосно апојте за контрацепција. Абортусот најстрого да се забрани а за развод да се плаќа дебела глоба.
Секс според предлог законот   ќе се практикува исклучиво у класична поза. Легнуваш под кебе,  и ги дигаш ногите  на партнерица и ја пуниш до врв. Хм…не знам….?
Ова ми е малку животински. Па каде е сензитивноста и емоцијата во нашите срца и каде е онаа суштина која нас не разликува од животните. Мислам дека бев повеќе од ироничен. Бев грозно ироничен. Ја сум еден од најголемите поборници за големи и среќни македонски  семејства но тоа мора да биде според шаблонот на љубовта а не според шаблоните на математиката и статистиката. Сепак сме луѓе и еволутувниот процес природно треба да ни  биде напреден а  не да не врати кон некои времиња кога  брачните заедниците се засноваа по пештери и во племенски сојузи.Сепак за дечињата во иднина ќе се работи а не за мали животинки…..
Наместо глоби, создавајте услови за љубов. Наместо казни, подајте им рака на осамените. Затоа што речено е . Оној кој двајца ќе спои, и тоа ќе заврши со брак, исто како да изградил една црква.

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

One Response to Цвет за жената наместо ергенски данок

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s