Со упут за на психијатрија

Се разбудив тоа утро како сите нерви на образот да ми беа мртви. Очите ги мрдав лево десно и можев да ја отворам устата. Гримаси со фацата не! Бетониран во лицето застанав пред огледало и се гледав едно 2-3 минути. На крај се исплукав во огледалото и си го опцув ликот од кој ми е веќе скурчено. 31 година  ја зјапам истата забегана фаца у огледало. Помислив дека сум луд. Или релативно луд.
Се облеков во зелени пантолони и црвена кошула и се качив во гратскиот превоз. Во него оние досадни пензионери кои развалуваат вилици за слободно столче. Една дебела баба си ги ветрееше босите нозе на едно слободно столче. Имаше дебели стапала кои личеа на свински копита. За нејзе слободното место во автобусот значеше и едно плус за дебелите диреци. Јадеше некој сув ѓеврек кој  го крцкаше помеѓу жолтите заби. Тој звук ми го уби звукот од  брчењето на моторот од автобусот. По некое време слушав само крцкање и чматање од дебелата свиња која го имаше узурпирано моето слободно место.
По две станици се симнав доле и влегов во амбулантата.
САКАМ ДА ОДАМ НА ПСИХИЈАТАР! И се обратив на матичната докторка која со двогледи на очите после некое извесно зјапање ме позна. Ме праша што ми е. И објаснив дека секоја вечер од мојот плакар излага мало зелено суштество со мало тело и голема глава и дека ми урла во текот на цела ноќ. Некад се качува на лустер и пуши кубанска пура. Некад ми пее над глава а знае и да ми шкрта по ѕидовите. Тоа утро кога станав за на клиника станот ми беше лом. На ѕидовите имаше нацртано разни глисти и влекачи со расцветани јазици и црвени очи од кои излегува пламен. Во лавабото имаше извадено два здрави заби. Чинам беа катници. Кога се погледнав во огледалото крварев од устата. Во рацете држев моторцангли а пижамата ми беше крвава. Дупките од кај катниците ми правеа провев во ушите и мозокот. Малото зелено суштество ми се церекаше со широко расчепена муцка. Тргнав да го фатам и замавнав да го треснам со тупаница. Раката буквално  ми помина низ него и треснав во ѕидот. Набрзо ми отече. Заработив и фрактура на дланката и зглобот. Така со два извадени заба и скршена рака го чекав идиотот во бел мантил да ме прегледа. Имаше тело во форма на срп, мала глава со мала фаца на која имаше две мали очи и долг нос. Рацете му се тресеа и одеше бавно како зомби. Едвај го слушав што зборува. Претпоставувам дека беше на апчиња Хелекс затоа што тоа психијатрите во суштина се секогаш позабегани од пациентите. Јас се расправав со мало зелено суштество, тој веројатно со диносауруси. Побарав лек. Кога ме виде целиот претепан ми дојде со една светлина блиску до фацата и почна да ми ги бара зениците. Видов еден нос како ми се доближува а позади носот некој инсектовиден поглед. Со малите очи ја бараше мојата зеница. Таа одамна беше зајдена позади хоризонтот.
Тогаш го забележав мојот зелен пријател како доаѓа со остра метална шипка накај докторот. Го расцвета директно по черепот а траги од крв летнаа на мојата облека. Српот лежеше мртов на подот а зеленко се сокри во еден плакар. Ја земав металната шипка да го барам  главоњата кога во ординацијата влегоа медицинските тимови и дел од обезбедувањето. Осетив силен удар во фацата а блиц во окото ме телепортираше во длабок коматозен сон. Немав рефлекси да го одбегнам ударот. Бев спор како влекач со отапена моторика и емоции. Бев легнат на болничкиот кревет со неколку појаси врзан по целото тело. Добив една инекција со силен лек по што малиот зелен кретен избега од мојата соба. Кој знае колку му станав и нему страшен. Се губеше на 2-3 саати и повторно доаѓаше. Заради тоа копиле заработив кривична пријава и добив притвор од 30 дена. На суд ме теретеа за убиство од прв степен на особено брутален начин. Пред судијата како доказ беше приложена мојата облека со остатоци од мозок и останати ткива од жртвата. На шипката беа моите отпечатоци а прсканиците со крв беа како украс на зелените пантолони. Сите докази беа против мене. Ми нема спас си реков…. Ми текна  тогаш на свињата во автобусот. Бар да ја лежев  нејзе.  Утре седиштето ќе беше слободно за некој друг. Судијата, адвокатите и поротата гледаа во мене како во џелат. А јас бев само жртва на зелениот монструм кој ми се кикотеше додека ми го читаа обвинителниот акт. Од 10 години до доживотен затвор висеа над мојата луда глава. Со такви докази и ни еден сведок на моја страна исходот беше очекуван. Првите 6 месеци од одлежувањето бев упатен во тотоална изолација во центар за душевно болни….
Влегов во ходникот кој немаше крај…..Надвор од другата страна на вратата остана зеленко. Чекаше пригода да ме посети……Ја здогледав на крајот сликата на Мона Лиза. И таа беше со некоја чудна искривена фаца…..

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s