Пази пази паркинг зона

Ауч мори мајко овие се доближија до мојата зграда. Окупаторите на асфлатот со некои четки за боја цртаат нивна нова територија. Други лепат табли како означување на територијата. Со нивна инвестиција од  3 кила поликолор и 6 лима ние стануваме предмет на пајак службите и на паркинг тарифите. Нема никаков потрес околу сето ова. Народов абер си нема. Он живее добро. Боље него у Шведска. Паркинг зоните се за нашето општо добро. Тоа е во име на нашиот поорганизиран живот. Сазмо шо животот не е подобро организиран. Со овие зони и тарифи не можеш на гости да отидеш пријатели да си посетиш. Или ќе ги заборавиш најблиските, или ќе добиеш блокатор на тркало или рентање до Пајак депо. Ако не сакаш да се караш на шалтери се арогантни рекетари за наплата плукни си 100 денари плус за паркинг и пробај да се убедиш дека не е скапо. Ако ти е скапо, ќе си поседиш пократко и муабетите ќе ги тераме на пола. Нема шо да се разврзува додека тарифата врти. Седиш на гости а исто како да си  седнат во такси. Бројчаникот откуцува додека праиш здравица. Ма какво црно организирање. Обична баждарина која утре ќе ни ја фукнат како нивна донација за некој објект од  голем интерес на граѓаните.
Во Чаир и Бит Пазар нема паркинг зони па сепак можеш многу полесно да завршиш било каква работа. Јес да е паркирањето хард кор , онака чаршиски,но не му ја мислиш многу  додека претрчаш да купиш нешто од продавница. Таму пајак не те дира освен ако не затвориш приод до амбуланта или општина. Кој е во право? Оние окупатори со тарифата или овие другиве? Не знам. Ќе бидам воздражан. Од вчера треба да плаќам такса и да ја оставам колата пред моја зграда. И тоа е за наше добро очигледно.
Целта со овие зони  сигурно не е народот да се едуцира правилно и прописно да паркира. Целта е од него да се изнудат пари кои се и онака во недостаток за било што. Како иначе да го протолкуваме дигањето на коли од заседа? Излагаш од кола на 5 минути, паукот дреме у некоја кривина, набрзина крева и бега. Во буквална смисла на зборот.Па приватен е, има да дига и тоа како. А штом пајакот дигне тури му пепел дали со едно или едно и половина тркало  си бил на асфалт или зелена површина. Тие треба да дигнат, а ние да платиме. Правдата барање у Стразбур. Дали има знак за паркирање и тоа не е битно. Битно е дека колата мора да ја извадиш од депо. А таа се вади со 2500 денари.
Пред некој деј ден бев до клиника да подигнам резултати од крвна слика  за мојата бремена сопруга и паркирав на булевар 50 Дивизија поткачен на едно земјено полутротоарче со уште 50 останати возила. Тоа е она слепо уличе кое води кон Водњанска и каде секогаш има паркирани возила. Не се задржав повеќе од 10 минути. Кога се вратив на местото моето возило го немаше а венаш до моето паукот дигаше друго. Од кого дигаат бе? Ха….од луѓе шо се маткаат по болници. Обзир нула, битно е да се исполни нормата на казнување. Еби му мајката. Фортуната ми била лоша тој ден. Среќа цела па резултатите од крвната слика беа арни, на другото да му се плукнав и помочав. Тоа е тоа…..
Кога стигнав на депото бев пресреќен. Возилото беше таму. За миг помислив дека е украдено. Ми олесна. Пукнав 2500 и среќен си заминав дома……

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s