Директорската ќеркичка

Тоа утро стана со вообичаената утринска куродрвица. На здивот му се лепеа мушички од ноќниот мамурлук. Со здив измешан со алкохол и никотин, отиде во купатилото да се помоча. Почна да моча но прсна некако на страна. Додека го исправи млазот плочките веќе беа убаво накиснати. Во едната рака го држеше патлакот во другата рака цигарата. Ја стави во уста, го истресе и застана пред огледалото. Во тој момент му заѕвоне мобилниот телефон но не се ни заврте кон него. Ја допуши цигарата во купатилото, пушти студен млаз вода над главата и замина во дневната соба. Од ормарот извади шише Шток и си сипа во подиспразнетата чаша. Првата голтка ја пробуричка во устата пред да ја голтне. Веќе втората ја акна на екс, а третата почна на тенане и мераклиски да ја лигави. Пиеше со стил. Дури и човек кој не пие би посакал да проба кога ќе го видеше неговиот ритуал со алкохолот. Додека го цедеше шишето рано посабајле телефонот му заѕвони уште неколку пати. Кога конечно се начука отиде и крена.
-Да!!!-рикна во слушалката а со другата рака си го трљаше стапот. Се шеташе по гаќи низ станот а ролетните и завесите беа целосно тргнати кон видокот нанадвор. Имаше и по некоја жена на терасите. Не им обрнуваше многу внимание нити па го засегаше дали го гледаат.
Од другата страна на линијата беше таа. Малата и чувана принцеза. Ранета со кавијар, црни овошки и месо од дивеч. Воспитана во манир на дама и принцеза таа џабе го дишеше воздухот на клошарите. Според нејзиниот татко, нејзиното добро утро не беше вредно за шљамот кој ја отпоздравува. Беше негувана и чувана, одеше на часеви по виолина, учеше Германски и Италијански а Англискиот го везеше перфектно. Одеше на деловни состаноци во фирмата на татко и и таа беше задолжена за маркетинг и менаџмент. Беше пичка која би ја преебал секој. На самите состаноци во воздухот лебдеше некоја блага еротика додека таа ги вртеше документите со негуваните и нежни дланки. Многу од тие буџовани пробаа да ја освојат. Носеа цвеќиња, сортни вина, скапоцен накит и секакви работи за да го придобијат нејзиното внимание. Безуспешно.
Тоа утро му вртеше на безделникот кој е верен само на шишето шток. Живееше во гарсоњера со една соба и купатило. На терасата чуваше канаринци и пердуви и лајна од птиците имаше на сите страни. Ги чуваше непедантно. Целиот дом му беше во хаос освен шанкот. Пијалоците му беа подредени како производи во аптека. На вратата заѕвони таа. Ќерката на моќниот директор чекаше пред вратата на пијаниот и несреден пастув. Клошарот се движеше бавно кон вратата а принцезата чекаше и подигруваше со колениците. Отвори и ја внесе внатре. Не му беше гајле за хаосот кој е во неговиот дом. Тој точно знаеше што бара принцезата во неговиот дом. Таа не беше супервизор за хигиена и педантност туку напалена женка која падна на шармот на пијаницата претходната ноќ. Ја освои со неговата незаинтересирарност и оригиналност. Ни и лижеше од нозете туку и упати поглед на презир кога почна да му се потмсева на едно лигле што ја опсипува со комплименти и подароци, Во чашата на пастувот му остави телефонски број. Го извади ливчето од внатре, го запиша неговиот број и и го стави меѓу разголените цицки. Го напушти локалот и замина.
Веќе ова утро таа негувана срна стоеше пред пијаниот клошар. Ја понуди со пијалок а таа го одби. -Не пијам алкохол…само свеж и цеден портокал……
Пијаниот клошар беше еден пропаднат и непознат писател кој живееше со својата имагинација и со својот компјутер. Најчесто се пијанеше до него и вадеше чудни текстови. Ретко излегуваше а кога ќе го направеше тоа беше краток и многу оригинален со своето присуство. Набрзина го дегустираше светот и мораше брзо да си оди. Дивјак несоцијализиран.
Извади од ормарот едно сортно вино и и пријде на малата убавица.
-Ќе ми дозволиш ли да го испијам виното со тебе на мој начин?
-Секако-воздивна таа.
Со еден потег со дланките  и го соблече тенкото летно зелено фустанче. На нејзе останаа само долната облека која жешко се прилепуваше во нејзиното мазно тело.
Беше извајана…тенка висока со мали и уметнички гради а со погледот се трудеше да му пркоси. Меѓу нејзините нозе стави тенка и висока чаша. Почна да ја потура со вино помеѓу градите а капките низ нејзиното тело патуваа во меѓуножјето на подивената срна. Капка по капка се слеваа во тенката чаша која беше  под неа. Клошарот го собираше со бакнеж секој слив на вино од телото на малечката. Пиеше од нејзината кожа а нејзиното дишење стана забрзано. Ја смачка како црна овошка и ја пикна во тенката чаша. Отпи од нејзе и ја турна на растурениот кревет. Малата веќе беше занесена во играта на нејзиниот волк, а тој доволно крволочен да ја раздразни но без да ја изеде и повреди.
Ја имаше во своите раце и ја пренесе на трпезариската маса каде светеше еден стар свеќник. Бојата на двете кожи се прелеваа во една, фигурата на младата срна стана  уште поволшебна на сенката од разиграниот ѕид. Водеа љубов….се ебеа тоа утро во таа темна дневна соба. Сиот раскош малата принцеза го имаше фрелено на подот од тој стан предавајќи се во рацете на мистериозниот патник.
Тоа утро тој се истури како валкана дамка во перфектниот живот на младата ебачица. Стана грев, стана провалник во тој перфектен нејзин живот. Ќеркичката која го воодушевуваше големото добро утро со нејзината култура и бон тон се кршеше во рацете на незнајниот клошар. Една интрига, една мистерија, една неконтролирана страст…еден поглед без присиутво на почит, беше доволен да ја освои оваа перфектна жена. Веќе во неговите очи беше иста и како сите…..гола и обична жена…..

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

9 Responses to Директорската ќеркичка

  1. sajo напиша:

    more perverzna budala tinkac eden

  2. цепо напиша:

    на некој делови од текстот си требал да се задржиш повеќе,да дадеш по детален опис.
    вака некако кога го читам како да фалат неколку скали од скалата.

  3. Ксантика напиша:

    Одлично како и секогаш, ама ми фалат малку  сочни пикантерии :)

  4. komitamkd напиша:

    Се викаш Маријан или Марјан….познавав еден Маријан тешко креле…ама ти си Марјан ….сигурно не си таков….Иначе Буковски не го читам за твоја информација а најмалку па сакам некого да копирам….поздрав МАРЈАН и немој да бидеш ко Маријан….речиси исто,ама не е исто

    • Marjan напиша:

      Жал ми е што мојот коментар предизвика негативна реакција кај тебе…воопшто не ми беше тоа целта…
      Имам прочитано 2-3 книги од Буковски, со истиот стил како што е и твојот текст…затоа помислив дека е извадок од некоја негова книга и сакав да ми го кажеш насловот на книгата.

      • komitamkd напиша:

        зарем мислиш дека препишувам текстови и ги вадам на блог? не бе брат…мозокот ми е растурен ко сарма вадам секој ден по 150-60 реда🙂 ете ѕирни го псоледниот пост…дали и тој те потсека на Хенри Кинаски???:)))

  5. Ана напиша:

    Ти, Лајла Грејс, 10 празни места, па после Буковски, Уелбек, Б.Шлинк, Барико, Достоевски. Пи-са-те-ли-шта! Браво! Симињам капа! Се гледа дека имаш прочитано не книги, туку книгишта. Не само текстов, туку и одговорот за Марјан што не е Маријан ти е врв! Секоја чест!

    (аплауз и овации во позадина).

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s