Мојот розев свет

Понекогаш сакам да се облечам во одело на Пинк Пантер, да опнам розеви цвикери и така да се прошетам низ градот. Не ми е гајле за дијагнозите шо ќе ги добијам. Тешко на оној шо никад не бил предмет на посматрање. Џабе живеел.
Секоја песна ме потсеќа на некое тешко пијанство. На друго и не се сеќавам оти ме удараат црни дупки и флешови како успорени снимки. Збумбарени фаци, курви качени на астал, пукнати глави пред влезот на локалот, повраќаници во лавабото. Тоа се само мали сиви секвенци кои како заматени слики ми се враќаат у мозокот.
Кога човек сака да промени нешто во животот или менува фризура или купува нова гардероба или си наоѓа нов сексуален партнер. А за маж, нов агол на пенетрација или нова телесна температура на путката е навистина суштинска промена. (Целиот текст можете да го прочитате на www.trn.mk)

Но да се вратиме на мојата маска на Пинк Пантер и розевите очила. Морам да ги ставам затоа што без нив имам силен нагон да повратам, да му се помочам на целото лудило околу мене. Жените се дотеруваат за да бидат понедостапни, мажите билдаат мишичи и шишаат глави за да бидат поблиску до оние недостапните а во суштина никој не сака да уклучи мозок. Кај нас се оди по дифолт. Чиста механика. Една слепчуга да тргне на ИЛЕРИ и сите има да го следат. А што беше мотивот? Нема мотив. Во нашиот живот сите сакаат да пловат во јато и да се сликаат со локалните моќници. Јас ги презирам и едните и другите. Сакам да си плутам како гомно во канализацијата. Сакам да бидам Пинк пантер и да ги сјебувам сите малери околу мене. Пинк Пантер е синоним за прилагодување кон ситуацијата а плус имам симпатии и кон оние дечкине шо лупаат и пљачкаат златари низ Европа.Тие пичат јахти на Канарски, Девствени и слични на нив острови а јас пичам на бицикл низ мојот град. Слични сме нели?

Секој во својот живот има своја пасија. Понекогаш и неинвентивноста и лошиот талент можат да претставуваат талент или уникатност.Батково од спотов, Рубинчо Благадуша снимил љубовен спот со срцепарателна содржина каде љубовта се осваја со пиштоли на глава у стилот на Вуците кои вијат у турската долина. Езел му бил на типов со слатка душа силна инспирација за да скрпи музички запис со музика од истоимениот серијал. Не знам за сексуалните афинитети на луѓето шо ќе свршат на спотов но сигурно истиот е добар пример што се може да му направат на народецов оние евтини серии од Та преку Босфорот….Педерите веќе одамна знаат. Тие имаат шанси кај Езел. Тешко на запсотавениве наши домакинќи кои мастурбираа на згодниот Турчин. Тој не би ги ни помирисал. Батиња си сака момакот. Ќе мора нашиве невести да си најдат нов предмет за мастурбирање. Пинк Пантер? Зашто да не. Од таму ќе им рипне еден напален дечко на кого тестостерон му се лачи надпросечно. Пинк Пантер е типичен доказ дека не е се нака како шо изгледа :)

Барајте го Пинк Пантер..Турете му пепел на Езел:)

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

6 Responses to Мојот розев свет

  1. Stevanoski Goce напиша:

    Brat te molam ama TE MOLAM…nemoj da staas deka celiot tekst e negde na druga strana.Jas sum u VUKOJEBINA u Afghanistan..I osven Facebook,Sitel.com.mk i tvojov BLOG nisto nemozam da otvoram taka da…glej da ostanes ko coek i da pisues ko coek…baj d vej respekat do sea za sekoj tekst…
    Ajt Pozdrav i samo taka..:)

  2. Tea напиша:

    Толку многу се заљубив во стилов на пишување, што ми дојде да го признаам тоа🙂
    Браво !

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s