Богатинов (Јуриј Гагарин), србоманите и ,,усташите”

Мартин Богатинов има амбиција да го стигне Нил Армстронг и да отпатува на месечнината. Сепак амбицијата му е недостижна..битно им подари два гoла на Хрватите летајќи во празен простор како тело без гравитација….Добро сега…ја нема да бидам толкав гомнојадец…млад е дечкото, а башка и голмани ко Симан, Паљука, Валдез, примале слични голови да бидеме реални. Нема везе шо младичов прими ист таков гол со Ирска кога Роби Кин ја зачука онака селска од 40 метра и Мартинчо место по топката се џитна накај корнер знаменцето. Ќе се поправи во иднина нели?
Со Хрватска во Загреб и со Шкотска создадовме 15 шанси за гол а погодивме само еднаш…Јаневски за мечот во Скопје  посакуваше да играме слабо но да победиме….не е лошо…исполни 50 % од зацртаното.., имавме многу слаба игра….уште да победевме:))))….П.С. ИМАМ ГОЛЕМА ПОЧИТ КОН ЧЕДЕ, АМА МАЛКУ ЈАДЕЊЕ ВАФЛИ НЕ Е НА ОДМЕТ.
Но шо да праиме со нашата ни армија навиvачи? 33 000 публика убаво ја загреа атмосферата, со фанови од цела Македонија, како и што доликува за настап на националната репрезентација.  Навивањето беше одлично во првите 35 минути се додека Чорлука не ни го збибери по киксoт на Попов….И потоа штама. Наместо да се подигнат своите фудбалери од моменталната летаргија, мртвиот амбиент на моменти ја зголеми нервозата кај нашите фудбалери. Лесно е да се навива кога се е ок и кога се победува,  поентата на навивањето кон клуб, репрезентација е тоа да се праи кога не оди баш најдобро.
Повторно како народ покажавме огромна потреба да си стекнуваме непријатели наоколу. Ако немаме кодоши, предавници и внатрешни непријатели за плукање на менито веднаш си наоѓаме увезни…..од страна. Па така хрватските навивачи кои во текот на 90 минути со ниту една песна или гест не исгестикулираа против нашата репрезентација или нашата публика(Скандираа против ХНС и црномурестиот Самир од нивни причини) ги почестивме со скандирање ,,УСТАШКИ ПИЧКИ” , па дури и со српски песни кои го поврзуваат нивното блиско и болно воено минато со Србија.
Зашто сето тоа? Од кога Хрватите за нас Македонците се усташи? Што зло виде овој народ од Хрватите? Виде ли зло или само сакаме да се пуваме и додворуваме на соседите од север? Онака помодарски, тие викаат Усташи ај ќе викаме и ние. Мора да е помодарство. Србите и Хрватите крваво војуваа, си испотепаа стотина илјади народ. За Србите и да се усташи….ај ќе разберам…Но што причина имаме ние? Освен ,,БЕОГРАДСКИ” чалам ништо друго ,братееее”. Србоманите Македонци треба да знаат. Хрватски куршуми овој народ не ги јадел, против нас навива коректно и кога доаѓаа во Скопје најавуваа дека одат кај свои пријатели. Од  каде потребата да се распуцаваме со нив. Грциве лоши, Бугариве исто, Албаницте и Србите исто. Сите се против нас. Супер. Ај сега да си придобиеме уште некој непријател. Малку ги имаме, а ние без непријатели не можеме да функционираме. Како инаку би се пувале како големи патриоти и големи Македонци? Па нормално. Со барање постојано непријатели………
Ај да не јадам вафли…..одам да купам карти за следниот дуел со Србија. За мене како навивач циклусот не е сеуште завршен. Имам верба. Само немам верба колку луѓе на стадион ќе скокнат ако Србите ни зачукаат гол. Не сакам да видам за да се уверам…Нека заврши 2-0!!!

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

16 Responses to Богатинов (Јуриј Гагарин), србоманите и ,,усташите”

  1. Kure напиша:

    Dobri se Hrvatite? Zatoa na granica ne prasuvaat dali nosime piper i domati koga vlagame u Hrvarska. Inace Hrvatite na nas gledaat kako na poniska klasa narod, ti dete nisto neznaes, samo si prais bajram na mozok. Zatoa i komentarite za stadionot na nekoi hrvatski internet strani bea so potcenuvanje, iako e mnogu podobar od nivniot Maksimir. itn . aj pozz,….. ne sum Srboman, samo preku kur mi se dojdeni site tie licemerni ex-yu brakja !!!

    • komitamkd напиша:

      Треба да разликуваш спортска провокација(околу стадионот) и глобална…јас бев вчера блиску до хрватските навивачи и беа крајно коректни кон нашата публика-пред почетокот низ паркот имаше заеднички седенки, се менуваа шалови и од каде кај нас потребата да ги анрекуваме УСТАШИ???? Помодарство србоманско…е од таму…ама клет народ..да не ти е преку кур дојдено и од почитта кон Русија кога нашите имбецили скандираа за Чеченија против Русите..кога против Босна го скандиравме Ратко Младиќ….и слично..Отруен и злобен народ пријателе…..сакаме да не мразат сите и имаме многу комплекси….А за барањето гаранции на граница тоа пријателче го имаш на секоја можна граница….кој ќе ти пушти странец во држава шо нема 50 евра во џеб? Тоа е криминоген фактор кој остава простор за праење други проблеми..знаеш кои….Една парична казна за нарушување јавен ред и мир не можеш да платиш со 50 евра..а идеш во странска држава..епа ако сакаш европски третман ќе влагаш таму ко европјанин а не ко опинок…поздрав

      • Kure напиша:

        Никад Хрватите не биле коректни со нас, кога ке отидеш во Хрватска и кога ке кажеш дека си македонец најпријателски ке те пречекаат србите што живеат таму, ова не е пропаганда – ова е вистина, кој како сака нека ме сфати ја не се замарам многу со нации, ама Хрватите се бетер и од србите националисти, мразат све што е православно…И јас сум против навредливо скандирање, ама треба да имаме исти критериуми кон сите и хрвати, албанци, грци, бугари,срби…без разлика. Ако глумиме шмекери да бидеме спрема сите рамноправни, и да го оделиме спортот од останатите проблеми кои ги разединуваат народите.

  2. Македонец напиша:

    Одличен текст. Се согласувам со секој збор, а и со коментарот што си му го пишал на Kure.

  3. bazo! напиша:

    Bratche odlicno tekstov napraven ama se prashuvam so ne ti e jasno koga nie megu gradovi se mrazime 2 tima od ist grad so se vika brajca se si karaat majki sajki pa ako si veren navivac na timot pej si pesni za timot tvoj so kur jadis lajna za drugite..sestramu kurva bila majkamu za 100 denari se davala i neznam uste kolku gluposti imam slusnato epa duri navivame taka i nas tim nema da prodolzi negde vo evropa da igra ni pa nasata reprezentacija ce uspej nekogas…

    • komitamkd напиша:

      И ти си прав….Многу зло има во нас како луѓе..сакаме да плукаме ..да оцрнуваме….како да се искорени тоа? Ах анасана…

      • bazo! напиша:

        Konecen odgovor e : Nie sme tie so necinime ne ni e nikoj kriv so cela planeta ima barem po 1 a i pojce neubaj mislejna za nasava zemja..duri ne se vidime sami do kaj sme stasani vo nisto nema da uspeeme ..

  4. Небитен напиша:

    Здраво Комита, дали како што ти смета скандирање „усташки пички“ би ти сметало и „Јас те ебам Србијо“? И дали и тоа ќе го сфатиш како додворување на Хрватите?

    Значи се сложувам дека нема потреба од навредување на Хрватските навивачи кои се конкретни кон нас, но сметам и дека Српските навивачи никогаш не ја навредиле Македонската репрезентација, последен контакт во Ниш и Белград каде што бевме пречекани одлично.

    • komitamkd напиша:

      Би имал против да се навредува било кој што не не навредува нас…Тоа е подеднакво за сите….ние не треба да влагаме во судири кои не не засегаат иако мој личен став е дека во таа каша Хрватите се жртви на една агресивна и окупаторска политика….бев многу малечок кога гледав како се бомбардира Дубровник…..не знаев зашто..единствено знам дека не ги сакав тие што го бомбардираат….Тие си ја бранеја земјата од агресија но поради тоа немам јас ништо против Србите….тоа не е моја битка, иако е кога ќе видам во Белград транспарент.КОСОВО Е СРБИЈА-МАКЕДОНИЈА Е ГРЧКА…….првиот пасус од паролата е ок но вториот ме вади од такт…Имам роднини и пријатели горе во Србија и не би пеел јас те ебам Србијо…тоа преоѓа кон антагонизам иако не ги есапам многу поради она нивно БЈРМ во пракса..а Република Македонија само на папир……нека е политика, оставам во тој домен но и мотивите поради кое го прават тоа се политички така да не ги есапам многу…за мене се исти како и сите останати во светот…ништо поблиску од тоа….ете ти искрен одгововор другарче…

      • Filip II напиша:

        KOMITA, ocigledno e deka si bil mlad, mnogu mlad. nikoj nikogo ne okupirase vo taa vojna… a i neznam od kade sega toa da go sporeduvas so navivanjeto.. da te potsetam deka prvata zrtva na taa vojna bese vojnik na JNA, koj slucajno bese MAKEDONEC. a bese utepan od hrvat. Dovolno za toa sto i kako si gledal na TV. Da se vratime na navivanjeto, vo pravo si… prav navijac treba da go trosi glasot izvkuvajki go imeto na svojot tim, namesto da pluka po protivnickite navivaci… na vremeto, koga jas odev na ZAPAD na gradski, postarite navivaci ni “diktiraa” sto ke peeme, sto ke vikame.. dodeka na eden natprevar ( se sekavam kako denes, protiv Dinamo Zagreb ), pocnaa da go skandiraat imeto na edna politicka partija… od togas veke na zapad ne sum stapnal… Toa im go pravat i do den denes na pomladite navivaci .. da mozea barem 65% da rezoniraat kako tebe ( barem toa sto go procitav od tvoive komentari ), nemase da bideme tuka kade sto sme denes.. ke bevme mnogu ponapred..
        Postapkite na edna individua se segde isti.. doma, vo skolo, na ulica, na stadion…

        MAKEDONIJA ZA SEKOGAS

  5. Makedonec напиша:

    немаше никаква потреба да се викаат хрватите усташки пички…ние немаме видено ништо лошо од нив само то ти е имаме многу црбомани во Македонија…ај да видам како ке ги врегате србиве од тие копилина имаме видено многу лошо низ векојве нив да ги пцуете да ги вреѓа ок кој ги ебат срби гнаси схо нон стоп иставаат транспарен Македонија е грчка…а ова со хрвативе немаше потреба од извикување усташки пички

  6. goce напиша:

    se soglasuvam so komentatorot, vo pravo e za se i seshto napisal, se nadevam kje se oporavat nasite po (ne)ocekuvaniot poraz… i sakam javno da kazam deka ne treba vo prviot tim da igraat sumulikovski i ristic… treba eden baze ilijoski i taka natamu.. pozz do site makedonci

  7. DO-DO напиша:

    OK e tekstov, se slozuvam so muabetov okollu navinanjevo deka da ne bese korekno ni najmalku,da taka e loso od nasa strana,ali povekje bi komentiral okolu igrata mislam C.Janevski ne e ni najmalce kriv za celokupniot ishod ,pa moze i premnogu barame od nasive neznam so e problemot.Ova e premnogu dlaboka tema ne e krivicata samo kaj Bogatinov nego celokupnata igra a najbitna stvar se igracite so ne go davaat svojot makcimum a ko vtoro ima dosta makedonci so igraat vo evropa i svetot so ne se povikani za reprezantacija,ako sakame uspeh treba da imame pogolem fond na kvalitetni igraci a gi imame ….

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s