Само ГС папир да има, друго не треба:))

Во Скопје Сити Мол го ограничиле купувањето на г’с папир. Па богами како навалија првите неколку дена со тоа меките ролни помислив се спремаме за војна или недај боже некоја елементарна непогода е на пат. А народ наш што ти е, малку да е поефтино па ќе купи дури и да не му треба. И рицино ќе пие за серка да го стегне само парите за евтино да не одат тутун.
Пред некој ден пред тоа новиот трговски комплекс видов една бабичка со 38 ролни хартија за г’с. Целата пресреќна со окез преку уши ги извади гордо ролните пред касиерката. Но се запрепастив кога по нејзе видов уште една окезена девојка со отприлика 28 ролни за бришење г’с. Aј мајката…се зачудив и збунив.За момент и мене ме стегна стомак ама укапирав дека ми се прди. Не е до нужда дојдено.
И шо калибар сега да му опнеме на народецов? Во последниве неколку месеци сите прехранбени артикли, струја, парно, вода поскапеа неколкукратно. Некои граѓански движења се обидоа да организираат некој протест и да повикаат на масовност. Ма каква масовност. Двајца без тројца. И тоа сеирџии. Оние шо дремат по цел ден на клупите од жена парк и ранат голуби и гугутки. Толку. Организирана свест многу потешко. Свеста е бомбардирана помпезно од вакви зданија и евтини цени на артикли кои се поврзани со нашето олеснување. Абе батиња. Може да се утемапе од серење сите, ама нема да се олеснеме.Се испотепавме за 4 денари поевтино а не не засегна скапотијата која ни ги сотре џебовите.Со празни фрижидери не знам како може клозетот да биде полн, ама тоа ти е…..Ефтино е.
Сега е сезона на стомачни вируси. Баш во моментите на бум-цени со папиров. Хм. Ми мириса на теорија за заговор. Фармацевтскиве куќи и извознициве на миризлива и мека хартија се имаат спогодено. Едните пуштаат стомачен вирус на слобода, другите вадат ниска цена на тоалетната хартија. Ах шо ти е пазарна економија, не можеш ниту да прднеш со ова евтиниве производи. Можеш да прднеш ама попатно и можеш да се усереш. Немаме гајле. Хартија има евтина на претек а и аптекиве даваат Линекс без рецепт. Се оди онака европски како подмачкано.
Дента кога поминав покрај Скопје Сити Мол здогледав една женска налик на експлозивна направа. Големи цицки, разголено деколте, секси задница, и убава и негувана фаца. Ми беше многу секси. Почнав да фантазирам како би било сега да ми се онесвести и јас да морам да ја освестувам. Па онака уз пат и муабет-ЕЛА ДОКАЈ МЕНЕ, ВАМУ ЖИВЕАМ..ТРТ МРТ И на крај ЏВРТ.Ах да га ебем. Се заврте накај мене кога гледам во раката тегне два пакети со мека и миризлива хартија. Ах боже?
Зарем и овие секс бомби вршат голема нужда? Знаеш, во тие моменти не ти текнува на тоа ама тој детал моментално ми ја сјеба хемијата кон типката. Нека е јака колку сака. Готово. Филмот ми пукна. Те молам срцка немој да паѓаш у несвест. Ќе барам некоја кладилница да пишам некое ливче. Таму и да промашам, зијан ќе бидам 100 денари.

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

4 Responses to Само ГС папир да има, друго не треба:))

  1. koj bilo напиша:

    Moram da priznaam deka slikata na tekstot e grozna ama vpecatliva i soodvetna🙂 A sto se odnesuva do tekstot imas palec nagore, a posebno za posledniot del, navistina e pogubna slikata na zhena na sholja za nejziniot seksipil!🙂

  2. Jana напиша:

    Туф бре да не пукнеш ме изнасмеа ахахахаха како знаеш да ми го разубавиш посраниов ден и тоа без мека, миризлива и ем евтина тоалетна…. чудо….Закон ти е статијава, сега на пола народ ќе му биде срам да отиде до тоалет да се олеснат. Со еден збор ги посрамоти сите што се “усраа” од радост.

  3. Dejan напиша:

    Јас не се усрав, но се измочав од смеа.

    Како и да е, имам свои залихи на тоалетна хартија што ја купувам во локалниот супермаркет, не морам да одам до Скопје Сити Мол по тоалетна хартија, без разлика по колку ниска цена ја продаваат.

    Кој сака второкласна и третокласна бугарска роба, слободно нека купува евтини чоколади и сокови од Карфур, а првокласната роба која ја има во секој супермаркет, ќе си остане со иста цена и во супермаркетите и во Карфур, како што забележав. Патем, ништо немам купено од Скопје Сити Мол досега, иако го посетив во 2 наврата, односно во 3 наврати ако се земе во предвид и првиот пат кога влегов во трговскиот центар на еден ден пред неговото отворање.

    Единствена позитивна карактеристика што јас лично ја најдов кај овој трговски центар, е речиси неизбежната женска убавина од источна и од јужна Македонија, од разбирливи причини, бидејќи студентскиот дом Гоце Делчев е во близина.😀

    Ќе има каде да се бркаат убави моми, ама мислам на вистински убави моми, а не на провинцијалки.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s