Презирајќи го општеството

Често пати знаеме да опцуеме за дегенерацијата која царува околу нас. Да бидеш дел од општествoто значи да бидеш предмет на многу лакрдии и заебанции. За да бидеш наострен кон општеството и да го презираш треба да си дел од него.
Јас не го презирам општеството. Та колку и да е сјебано. Едноставно не се сметам како дел од него. Сите тие правила на игра, редици, шалтери и тотална неорганизираност се мали чеда, мали копилиња на истото.
Роди се и стани обичен број на службите. Заведен реден број. За општествтото човекот е само една статистичка категорија. Дали е лев, дали е десен, дали е црвен, дали е плав,дали е вработен или не и еден тон други прашања потпрашања, делби и поделби.
Како би можело човекот да биде дел од некоја шема поради која мора да се приспособува за да мора да преживее по таа шема?  Дали е тоа слобода?  Работи за да заработиш, но најчесто работиш за да му заработиш на некој друг многу повеќе отколку што ќе заработиш за себе.
Тоа што ќе го  заработиш треба да го  вратиш  на банките. На легалните лихварски куќи кои ја дерат душата на обичниот човек со ,,поволни” кредити. Еден усран станбен кредит во една наша еминентна банка е пресметан на тој начин што трудот на човекот кој што ќе треба да го врати е помножен со нула. Така на пример за сума од 22 000 евра која ќе ти искешираат легалните лихаварски куќи, обичниот смртник треба да врати 38 000 евра. Треба да врати и да заработи 38 000 евра, додека некој дебело газец укотвен во кожна фотеља за драпање килави муда ќе инкасира на контото 16 000 евра. Замислете ја сумата од 100 клиенти или од 1000.
Да бидеме реални. Бројот на клиентите е во неколку илјадна бројка па лесно  може лесно да се увиди колку е вреднуван трудот на работникот и оној дебелоглав клатикур кој инкасира пари на својата сметка од бедата и маката на смртникот. Во општеството оваа појава се нарекува поволен кредит. Какви ли се неповолните не сакам да знам.
Во секое  општество се е подредено на нелогичност. Еден човек кој боледува од срце и на кого му е потребна итна операција за да се спаси неговиот живот треба да закаже термин за итната операција. Терминот е најчесто после 5 или 6 месеци а се што треба да направи смртникот во тие 6 месеци е да не умре. Доколку умре тоа ќе биде само еден пациент помалку на листата за чекање. Ништо повеќе.
Стани за да работиш и малку да заработиш. Стани за да го оставиш твоето мало богатство на шалтерите. Живеј за поскапувањата и прилагодувај се на нив. Оди на лекар за да се доразболиш наместо да се оздравиш.Биди дел од судскиот систем за да ја чекаш правдата и по 10 години. Биди лојален граѓанин на оваа земја затоа што те сметаат за ретардиран глупак. Оние нелојалните живеат во хациенди. Но што ќе му на човекот хациенда. Доволно му е нему да е лојален играч во играта во која го прават мајмун. Еволутивниот процес оди во спротивна насока. Живеј ја малограѓанштината затоа што ќе те удават веднаш ако одвоиш со култура.Голтни ги правилата на општеството и удави се во нив. Е тогаш ќе ја имаш сета причина на светот да го пцуеш и презираш. Јас не. Затоа што никогаш не сум бил дел од него.
Единствено што жалам овие денови е поради донесувањето закон за  забрана за сушење алишта на тераса. Тоа ќе ми го ускрати задоволството да ја набљудувам разновидната долна облека на мојата секси комшика и да ја замислувам во разни ситуации кога наутро на балконот го пијам утринското кафе. Кога наутро на балконот го гледам сиот циркуз што се растура низ улиците најавувајќи уште еден обичен ден за водење статистика.

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

One Response to Презирајќи го општеството

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s