Кон својата голгота

Се наоѓам во емотивно кршлива состојба. Авторот на текстов е напрегнат од воздишка за која е желен спокојно да ја испушти. Со таа воздишка нека отидат сликите на презир и сиот  гнасотилок кој се голта од бедното и мизерно опкружување.
Нула луѓе, души во провалија  дадени под наем на лукавиот. Оваа болка која ме тишти  во  моментов е  единствен сигнал дека сум суштество со чувства, а не бездушно животно. Камо да бев!
Камо да ја презирав правдата и да ги мочав идеалите. Не би се чувствувал вака. Тогаш би направил генијален план како на некого да му го напикам до коска. Да му го разебам постоењето додека му се смеам во очите. Да му ископам гробот додека наздравувам  со него на масата. Да му ја отворам вратата кон пропаста додека го тапкам за рамо. Да му ја разебам сортата сељачка без око да ми трепне. Да се искачам на неговото брдо и од таа туѓа височина да ги мочам изиграните мои кловнови славејќи некоја си лажна победа.
Не бе браќа. Не сум створен за тоа. Добив нагон да повратам додека ги набројував овие ситуации. Ова се за жал човечки особони но никако мои. Странец сум за нив. Очаен странец кој се надева дека вешто ќе ги одмине. Но тоа не е можно. Во очите се слева целата мизерија и беда со која се храни човековата душа. Потреба за лажна победа, алчност за моќ, лицемерие, дволичност и љубомора. Но љубомора за што? Љубомора за она кое тие не го посакуваат. Духовниот мир. Да, тие ќе пробаат да ти го одземат  само доколку видат мал спокој во твојата душа. Она што нив не ги прави среќни, пробуваат да  ти го одземат иако ним тоа не им е потребно. Не го љубат тоа.
Седнат сум во првиот ред и прожекторот ја емитира сликата на белото платно. А платното е искинато, со нијанси на крв и бљуткава текучина излезена од блудот на човечките души. Нешто во вид на валкана сперма која се забришува од усните додека се голта лажниот трофеј. Нашата Голгота е повисока од вистинската. Но ние сами ја одбравме. Никој не не испрати таму. Тоа сме ние бедните луѓе кои тргнавме по животинските нагони, кои се излакомивме да собереме се што ни треба и не ни треба. Нашите дланки, нашите раце, се претворија во канџи на некои хорор суштества. Нашите очи се натопија со крвави нијанси а во увото се слева звукот на врисок и очајна болка.  Срцето се претвори во пурпурен камен од каде излегуваат влакенсти инсекти. Сонцето го затемнивме а на иконата фрливме црна дамка во форма на грев. Неа нема ништо да ја избрише. Можеби само едно мало покајание. Толку мало а за нас тешко достижно. Покајанието го потиснавме со его, самобендисаност и алчност од самозадоволување. Дркањето е нула во однос на емотивното самозадоволување. На тоа луѓето свршуваат во секоја наредна секунда додека гледаат како се искачуваат едно ниво погоре во скалите од човечки трупови.
Седнат во првиот ред го гледам овој грозен филм. Киноператорот заспал на балконот а добар дел од публиката ужива во сцените. Лево од мене гледам жена со краставо лице која ги трие рацете од задоволство. На самиот горен ќош од киното го гледам Исус како виси на својот крст. Неговата болка е уште поголема од онаа кога го качуваа таму. Пробувам да најдам милост во неговите очи. Гледам некоја емоција од нив која не е благонаклонета кон смртните грешници. Молам за покајание во името на сите.
Боите на есента се прелеаа во светло темна нијанса. Изумреа сите и се претопија во црната и белата боја. Како да ја вратиме живоста? Многу едноставно. Кога ќе го отвориме срцето и ќе посакаме љубов. Кога на бедникот ќе му ја дадеме последната милостина. Кога егото ќе го погазиме и ќе го исфрлиме со ниските страсти. Кога несебично ќе ја подадеме нашата рака кон обичниот смртник. Но не за да го удавиме, туку да го извадиме од калта и да го насочиме на прав пат. Можеби тогаш Исусовиот поглед кон нас ќе шири и доза на милостина, доза на надеж и вера. Тогаш кога ќе посакаме повторно да станеме луѓе, а не потрчковци на лукавиот………….

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

One Response to Кон својата голгота

  1. еден напиша:

    За една работа си во криво, а за друга во право🙂 Како поминуваат годините, човек сфаќа дека не може никого да насочи на прав пат освен себеси. Оттука мачењето, стравот, грижата на совест, оти сме нечии браќа, сестри, ќерки, синови, внуци, мајки, татковци, а НЕ МОЖЕМЕ да наметнуваме наша свест за нештата, наши правила, макар и биле сосема во право, макар и само добро се изродило од тоа, што никогаш не е така кога се наметнува нешто. Можеби единствената работа што можеме да ја направиме за друг, за тој да го посака ете правиот пат, доблесниот, е да го љубиме, да го отвориме срцето како што велиш, и не да посакаме љубов, туку да осетиме, дури и во неговиот порок. И тешко е, ама затоа се вика љубов.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s