Та преку свирката на Геро

Група на палавковци се собраа пред Основниот Суд за да изразат некоја врста  на протест ради навредите од батко  Миленко во неговата емисија кон оваа група. Човекот во своето студио и на својот ФБ навредил група на граѓани со специфичен перформанс на расудување и отако се нашле увредени решиле да одат пред судот, да свиракат и да пискаат.
Чудно. Јас не се согласувам со мешање на мајки и шајки како и членови на семејства во јавни расправии. За степенот на култура секој нека му ја мисли. Ја повеќе преферирам на навреди да вратам со навреди или контрааргументи доколу го имам. Ако некому сум му погрешил неосновано отворен сум за паљба и спремен сум тоа да го издржам. Мајка мамина ми расплакаа  искомплексирани провинцијалци и присталици на турбо фолк фелата заради некои мои ставови па никому ништо. Труден од пцовка не останал никој. Не сум некоја пискачина цвикаторска која ќе цвили ако некој некогаш  ме навредил.
Но дали овој чичко Геро е свесен колку навреди и малодушност има распукано кон своите Македонци?  Па можам комотно да го наречам македонофоб. Ние како народ  за него  бевме лудаци затоа што славиме успеси во спортот, ние бевме идиоти затоа што ја пеевме песната за Гоцевата раса, ние бевме омаловажувани во успехот токму од овој плачко, па никој не излезе јавно на улиците и да цимоли заради неговите нискости. Ние за овој чичко бевме посочени како националисти и расисти кога изразивме протест заради убиството на момчињата кај Смиљковци. Тој шовинистичките протести во Гостивар каде се бараше смрт за каурите ги нарече граѓански, а протестите на Македонците фашистички. Не бе бате. Премногу си лицемерен за да бараш правда кога некој ќе те навреди. Ние не  знаеме од каде ти се мотивите да плукаш на својот народ. Или си премногу ископлексиран или таквиот приод и гледишта ти носат екстра профит. Не знам  и не ме интересира. Она што знам дека на овој народ му е доста од твоите циркузи. Не знам дали на некого си му омилен во државата ама секако на многумина си им антипатичен. Јас за ова прашање сум рамнодушен.
Кога веќе си играме со отровни стрели и сакаме да пукаме ниско треба да знаме и да издржиме ниски удари. Не со цвилење и плачење брате Геро. Ако си го фатил орото и си решил да бидеш јавна фаца која сака да мава подло тогаш биди маж и истрпи ги таквите удари. Не си светец а и самиот си свесен со каква намера ги понижуваш и омаловажуваш вредностите на овој народ. За тебе сите на Балканов се гулаби со маслинови гранки, само нас Македонците не прикажуваш како  Хитлер да не праел. Во ред е и тоа ако е тоа твој став.
Драми од тоа нема да правиме. Јавноста суди. Некогаш исправно некогаш не. Битно е како ние ќе се чувсвтуваме после тие судења. Дали ќе не заголица душата и дали ќе го смениме курсот.
Со свирки и тапанчиња не се чистат гнасотилоците кои ќе ги посереме позади нас. За онаа јавна преписка нема да судам и не сакам ни да размислувам кој е прав а кој не. Но она што навистина ме интересира е, што бара вечниот провокатор пред Основниот Суд? Кој кого овде учи на морал и етика? Ако бон тонот некому не му е јака страна не знам како може истиот да го очекува. Јас не сум по бон тонот и затоа не ме тангира преписката и оваа кавга . Она што навистина иритира е цинизмот и користењето на истиот како морално оружје. Далеку сте од тоа оружје господа свиркачи………

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

One Response to Та преку свирката на Геро

  1. Dejan напиша:

    Не знаев дека сеуште некој обрнува внимание на глупостите кои ги тропаат тролачите од типот на Геро.

    Токму таквите како Геро ги делат Македонците и токму таквите како него мораат да бидат изолирани од македонскиот народ.

    Таквите како Геро славеа кога августовските предавници извршија предавство во август 2001, секогаш плукаат по македонскиот народ и затоа заслужуваат да бидат фрлени во амбисот на минатото и никогаш да не се вратат од таму, само тогаш Македонците ќе се обединат во својата народна борба.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s