Далеку си земјо од нашите срца

И како тоа бива. Во оваа земја народ не знае да прдне ако тоа не е наредба од некој партиски комитет. Затоа 20 години испуштаме бездушни крици на сите јатагани и ортоми околу вратот. Пу јазк, сите се против нас. Тоа ни стана животна девиза без да се потрудиме да ги мрднеме виугите  и да осознаеме што е ебење у мозок а што евтина фора на заведување.
Ние не знаеме ништо да промениме околу нас. Се менуваме ние по потреба од гнилежот на нашето опкружување. Се се плашам дека со толку промени за неколку години ќе ја загубиме нашата црква, нашата вера. Македонија одамна ја дадовме на арнаутите. И за тоа кур не заболе.
Ние чекаме некој да ни дојде од странство и јако да му се изнаплукаме, јако да си ги истераме комплексите затоа што овде во Македонија одамна сите ги отеравме по ѓаволите. Во Македонија речиси и да нема човек што не се нашол пред неморалниот суд. Дали се тоа спортисти, глумци, писатели, политичари. За сите извадивме по некоја прикаска. Некои се бугарофили, некои се србомани, некои се предавници, некои се комуњари. Од 1 милион и 200 илјади Македонци ставаме знак на делење со 100. Колку сме? Ич не сме. А и тие што сме, за никаде сме.
Струјата поскапе а ценовниот удар во форма на канџа влезе во нашите џебови. И сега што? Ништо страшно. Цел свет е во рецесија и го јаде стапот од економската криза. Сите нации во светот се борат и се трудат како  да покажат форма на отпор од девалвирањето на животот. Сите, буквално сите освен ние. Кај нас не се излага на протест со граѓански префикс. Се што е болка и мака на овој народ вешто се манипулира и политизира. Се крши духот на обесправениот  и се сее малодушност и апатија.
Дали биле граѓански здруженија ,,Аман-заман” или оние другите кои излегоа на циркуз сцената во врска со поскапената струја се едно.
„Изгор – приватизација“ е нова граѓанска иницијатива, со која се протестира поради поскапувањата на струјата. Е сега дали тие протестираат поради поскапувањето на струјата или се нечии адвокати не знам.
Мене ми личи дека се излезени да ја бранат Регулаторна комисија. Барем според нив сите се вионовни освен нив за ценовните салта.  Кој апсурд. Тоа се оние кои ги креираат новите цени на сите ресурси. Не е битно.
Некој мисли дека некој друг  е крив за струјата. Секако дека е крив, но името нема да му го спомнам иако тој е можеби најкрив.  Но луѓе, затоа го сменивме нели? Затоа губи на изборите како Грчка. Ве молам бателете ми го. Вас ве прашува овој народ како понатаму? Штрајкбрејкери во овие години се изнагледавме. Доста маките на луѓето ги етикетирате со партиски симбол. Овој народ навистина си има свои проблеми.
Можеме да се праиме дека се е розово. Може да ја пуштиме тетка Калиопи на цел глас со ,,Едно име имаме” и да паднеме у транс. Да. Калиопи е супер. Од година во година е се поубава и посекси. Добра милфица е нема што. Таа е како црното вино. Но дали може тоа до толку да не опие и преку ноќ да заборавиме каков живот живееме? Дека секој месец наместо 30 дена, посакуваме да има 15. Дека животот си го преполовивме само да ја избегнеме шаката на некој инаксатор  или на некој извршител? Малку фали да паднеме во амбисот. Речиси и сме до него. Но многу поболен ќе биде падот ако не посакаме да се фатиме за нешто. За некоја грутка или гранка што ќе го ублажи тој пад. По се изгледа сакаме да треснеме силно. Нема мотив за животната борба. Се е сведено на очај и самосожалување. Ја сакаме ли навистина својата земја или битно ни е само да се собереме на некој концерт и да глумиме дека сме тешки патриоти?
Она што УЧК го правеше 2001 преку своите платеници во црни униформи сега го прави институционално. Менување на имиња на школи, на улици, уривање на бисти на истакнати Македонци. Да да. Тоа е бришење на нашето предходно постоење. Така се создаваат лажни прикаски. Кон овие работи се однесуваме како да се случуваат  на блискиот исток, а не преку другиот брег на Вардар. Ние молчиме а тие не раскрчмуваат како земја и народ.
Нив им се сака, и нив им се може. Ако тие решат нешто да направат тоа е загарантирано нивно право. Кога ние нешто ќе решиме да сториме тоа некој го нарекува мајоризација или дискриминација. Ма доста ми е веќе од небулози и кич стандарди. За оваа земја се бореле моите прадедовци и таа почива на коските и нивната крв која ја завија во црната земја. Токму за оваа Македонија. Не за Македонија од 2001. Ние постоиме од многу порано нели?
Носам крв на дедо Војвода и можеби тоа е објаснувањето на македонската болест што ја имам во себе. Болест која исрекно посакувам   да ја снема. Повеќе да не му ја мислам на ништо. Да се претопам во безгласна буква која ќе вегетира  и ќе се удави со мнозинството. Затоа што ова е навистина тешко и болно за здравиот разум. Лоботомијата е можеби лек:)  Сеуште сум оган под ѕвездите, сеуште ја љубам оваа ровка родна земја……ВЕ САКАМ……….

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s