Моралот не се шие со конец

Пред некој ден ја чепнав темата за малата Мони и за нејзината прерано  изгубена девственост. Никогаш не е доцна девојче кое погрешило  на тие години да се насочи на вистински пат и да израсне во квалитетна личност. Квалитетна личност за самата себе. Ако продолжи со спортот на другите секогаш ке им е квалитетна.
Во последно време по клиникиве ширум низ државата зголемен е бројот на хируршки опфати на такозвано враќање на хименот у првобитно стање. Е сега, некои шијат химен од морални побуди, како  девојката полесно би се етаблирала  во новиот дом, а некои  шијат од технички побуди. Сакајќи на партнерот да му овозоможат врхунско уживање си ја подзашијуваат мачорката како  чинот на пенетрација би бил посуштински и со поголемо физичко триење. Њутн ги погодил точно сите физички акции и реакции но не сум сигурен дека експериментирал на стеснат отвор:)
Деновиве пред одбележувањето на нашата независност, во паркот ,,Жена борец” , спомениот на чуварот на огнот Прометеј го начекав покриен со некои крпи.
Неговата голотија не била адекватна на прославувањето на денот на независноста. Пред тоа Промо им пречеше на некои жени поради неговата разголена машкост. Утре можеби ќе им засмета на некои феминистки или присталици на виножитото.
Тогаш се прашувам зошто воопшто статуата на овој лик е поставена на ова место ако истата не може да зрачи со својата автентичност?  Ако нашиов народ сеуште затвара очи од разголени ташаци на некоја историска фигура тогаш треба да се запрашаме каков народ ни живее во земјава. Во земја каде децата се ебаваат по вециња и на училишни клупи, овој народ реши да ги затвори очите пред мудата на Промотеј. Ах, да се треснам по главата и да проверам дали спијам.
Кога веќе овој лик е жртва на толку чести облакања и соблакања, те со гаќи, те со разни крпи, предлагам за Промотеј да најдеме еден моден стилист. Ако веќе оригиналноста сакаме да му ја фингираме нека биде тоа со стил. Ношпал е мојот предлог.А вашиот?
Сепак сите донакеда ме разбравте што сакам да кажам. Курвата што си го сошила хименот и понатаму ќе останате курва. Оној што ќе ја покрие голотијата на Промотеј треба да знае дека голотијата е распространета на секаде. Ќе ни требаат многу конци и игли за да го сошиеме овој параспурлук кој е раскинат на сите страни. Не бе батиња.
Оној шо сака голо ќе си најде голо, оној шо сака прибрано ќе си најде и такво.
На денот на прославата на нашиот најголем стадион се одржа концерт каде балканските пеачи ги изведуваа нашите македонски народни хитови. Изборот на песни ми се бендиса. Она што не ми се допадна е исвиркувањето на албанските пеачи кој некако се дрзнале да дојдат и да испеат некоја песна  во име на Независноста и заедно со нас под сонцето.  Сега некој ќе рече дека пееле на албански. Ок. Но и Тијана Дапчевиќ ни пееше на српски и тоа почестувајќи не со оро шумадиско, па никому ништо. Многу пеачи ни пееле овде на секаков јазик и ги дрпале хонорарите. Јас лично не видов проблем на албански да се отпее некоја хип- хип нумера. Ало пријателчиња.Она што забележав е дека немаше толкави свирежи кај јебозовната Аделина. Или се лажам? Она ја разби националната поларизација, онака со кук, со остар потег со газето. Ептен секси и пичонски:)
Не ги ставајте пеачите, спортистите и уметниците во кошот на политиката затоа што токму тие првите ни се единствена причина да ставиме некоја насмевка на лицето. Се друго е веќе еден трул и скапан производ.
И конечно за крај сакам да споделам со вас една новост што ја дознав баш вчера на тој концерт иако можно е некој од вас и веќе  да ја знае. Правото име на Дадо Топиќ било Адолф Топиќ.
Нема врска, човекот од вчера го почитувам малку повеќе. Поради некои мали финеси🙂

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

4 Responses to Моралот не се шие со конец

  1. Јебо Факич напиша:

    Цар си цар! Реков јас! Од сега ќе те читам редовно! Поздрав и се најдобро!

  2. crvenobeliot напиша:

    Насловот кажа се, тоа е тоа.

  3. ognen напиша:

    Ti Mirza brat go drkas?

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s