Плуканица наместо заслуга! Камен наместо благодарам….

Колективна појава не е, но премногу застапена и тоа како. Ниските побуди, малограѓанштината, ловот на вештерки, делење на етикети во нашево македонско опкружување се нужна потреба и храна на добар дел од популацијата.
Ете синоќа на денот на големиот христијански празник Голема Богородица на народниот собир се појави и нашиот претседател. Еден ден после големиот празник, на кој нели треба да си ги испостиме душите од валкани и долни мисли некои се дрзнаа да ја облечат наметката на лукавиот и да паганат.
На жителите на Матка многу им било криво  зашто  нашиот претседател во црквата оставил наводно  само 200 денари!  Кај нас наголемо се јаде гомна ако некој функционер купи некоја бесна кола и со неа дига чалам. Тогаш ќе се запрашаме од каде му се нему парите  да купи толку скапо возило а живее од државна  плата.
Сега кога еден функционер, во овој случај претседател на државата, остава симболична и скромна  сума на пари,  во име на големиот празникот, на некој му е тоа чудно и неразбирливо кога еден човек од висока функција сака да се помеша со своите граѓани и во таа пригода сака да биде природен и скромен.  Но наместо да ги мериме гестовите, ние секогаш тргнуваме да вагаме од материјалното, па биле ли 200, 500 или 1000 денари, ако некој решил да јаде гомна ќе си јаде.
Оди на чобан затни му ја муцката. Јас гарантирам дека  ниски муабети ќе се вртеа и ако нашиот председател се решеше да остави и многу поголема сума. Тогаш аголот на гледишта ќе беше поинаков, но финалниот коментар секако низок. Таквите гледишта, таквиот малограѓански тип на перцепција ни ја даваат колективната слика како народ. А таа не е баш убава.
Еве денес , кога го пишувам овој текст, нашиот познат оперски пеач Борис Трајанов објави дека ја прекинува својата комуникација со јавноста. Зашто? Напади и клевети како по обичај. Овој народ освен да пагани по туѓите животи и да кука над својата судбина,  не е способен за друго нешто. Па ете, сега чичко Борис Трајанов си ја доби етикета дека е профитер од акцијата за пошумување на Македонија. Тоа е благодарницата од овој народ за се што направи овој човек за неа!
Па човекот кој трчаше со своите Македонци кога се подготвуваше референдумот за територијална поделба, каде беше еден од најгласните агитатори ги заслужи нашите отровни стрели? Зарем човекот кој секаде со гордост го носи  македонското  име заслужи да го труеме со блуд? Зарем амбасадорот на добрата воља, репрезентот на оваа наша мала држава  дозволивме се најде пред овој неморален суд? Со кое право само си дозволуваат одредени луѓе да ни ја одземаат нас гордоста, да ни ја сервираат малодушноста секојдневно како топол оброк?
Да бидеме по јасни. Да не е Борис, или Ѓорѓи, ќе биде некој друг. Оброкот со измет мора да се изделка а кој налетал на патот и не е толку важно. Ова наше опружување има силна потреба на одреден период некого да  закачи на ченгел и  да се испукаат отровните стрели. Но душите и после тоа на овие им остануваат отровни. Продолжуваат да ја бараат новата цел!
Сите знаеме како лесно во оваа земја се добива етикета. За да не биде човек прогласен за предавник или државен непријател потребно е да се истакне кодекс за фино понашање и  тој да биде закачен на секој булевар и сокаче.
Тазе е онаа прикаска за нашиот фудбалер Горан Попов кој е пред трансфер во англиската премиер лига. Горан Попов драги мои е предавник на нацијата затоа што со бугарска патна исправа полесно ќе добиел работна дозвола. Не е бито правилото играч на Европската унија! Не е битно што таков пример имаме ние со Лестер Бо Мек Кејлеб кој од спортски побуди зема македонски пасош. Не е битно што секаде во светот играчите зимаат разни патни исправи поради потребата на спортските колективи. Не е воопшто битно што таков прост пример имаме и во нашиот фудбалски клуб Вардар. Србин и Нигериец играат со македонски пасош за да се ослободи место за други странски играчи.Тоа е чисто ко ден нели? Секако дека е. Но Попов е  сепак предавник според добар дел од популацијата во Македонија!  Не знам колкав процент од овие плукачиве го бањаат смрдениот шупак по грчките плажи? Не ме ни интересира. Јас во Грција не одам и не сакам да одам додека бланко не признаат дека доаѓам од Македонија! Тоа на никому не му е битно драги мои освен можеби на мене!
Но затоа бранејќи го потегот на Горан Попов си заработив етикета дека сум бугарофил и дека поседувам и јас бугарски пасош. Искрено ме заболе. Јас таков документ немам абер како изгледа но тоа е пак мој став. Не го правам заради докажување со овие багри! Би ги разочарал ако им објаснам дека и нашиот великан Гоце Делчев го патуваше светот со бугарска патна исправа но сепак во името на Македонија.
Одамна во ова наше опкружување нема меродавна критика за  било што . Се е  сведено на генерализирање и приклонување кон колективните ставови. Мозокот да се уклучи и да се мисли со своја глава е  малце потешко. Затоа комотно овде можеш да се соблечеш гол и да шеташ по  центарот на Скопје.Ќе зборуваат за тебе ден  два и ќе те забоварат. Толку време е потребно на широката маса  да си најде нова будала на нивното мени.
Нека го фрли првиот камен тој што е безгрешен….

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

6 Responses to Плуканица наместо заслуга! Камен наместо благодарам….

  1. Dejan напиша:

    Лестер Бо Мекејлеб има македонски пасош, но претпоставувам дека во истиот тој пасош пишува дека по националност е Американец, а не Македонец, што е најнормално, а пред се, е негово право.

    Не знам што пишува за Горан Попов во неговиот најнов пасош за неговата националност, дали е Македонец или Бугарин, без разлика што пишува, тоа е негово право и ако сака да игра за македонската национална репрезентација во фудбал, слободно ќе може да се нарекува себеси Македонец или Бугарин или Марсовец или како му душа сака, бидејќи сепак тоа е негово право.

    Поделбите на предавници и патриоти не држат вода уште од менувањето на знамето во 1993 година, кога Македонците требаше со сила да ја сменат предавничката влада која без да го праша македонскиот народ на референдум, го смени знамето на Република Македонија, а наместо присилно симнување од власт, Македонците и изгласаа уште еден владејачки мандат на истата таа предавничка влада во 1994, за да веќе во 1995 истата таа предавничка влада не запише во Организацијата на Обединетите Нации како ПЈРМ. И во 1995 година Македонците молчеа, а во 1998 и дадоа владејачки мандат на нова предавничка влада која во 2001 потпиша предавничко примирје, велам предавничко бидејќи претставува предавство на македонските национални интереси, да беше само примирје ќе го нарекував примирје. Но и во 2001 година Македонците молчеа, секоја им чест на тие кои гинеа и загинаа за македонскиот народ, вечна им слава, но остатокот од Македонците молчеа и се заблагодаруваа за предавството на македонските национални интереси, бидејќи истото тоа предавство им донесе мир. А во 2004 година, македонските великани како маестро Борис Трајанов ги повикаа Македонците на референдум, не бараа од Македонците да се борат со пушки и пиштоли, или со лопати и вили, или со дрва и камења, ниту бараа од Македонците да се откажат од нешто, напротив, ги молеа Македонците да го искористат своето граѓанско право, загарантирано со самиот Устав на Република Македонија, и да гласаат на референдум, нешто што немаше да ги чини ама баш НИШТО, освен само неколку минути во недела од дома до гласачкото место и назад. Но и во 2004 година Македонците молчеа, одлучија да го прифатат советот на Денис МекШејн, британско ѓубре од редовите на британската Лабуристичка Партија, кој мудруваше и филозофираше со својот рачен часовник пред Собранието на Република Македонија, а денес се соочува со судски процес против него во Велика Британија поради проневера на финансиски средства, за што ако биде прогласен за виновен, ќе заработи затворска казна, ете чиј совет Македонците послушаа во 2004 година.

    Така да, Горан Попов како и секое друго човечко суштество на планетава, има право да се нарекува и идентификува себеси како му душа сака, тоа е негово право, на мене лично воопшто нема да ми пречи да игра во македонската национална фудбалска репрезентација, без разлика дали како Македонец, како Бугарин, како Марсовец или како не знам што по националност и/или по религија, се додека настапува под македонското национално знаме, за мене ќе биде еднакво прифатлив како и сите останати играчи во македонската национална фудбалска репрезентација.

    А на кучињата кои знаат само да лаат, но не и да касаат, останува само да лаат, а караванот ќе продолжи да си врви, ако Македонците знаеа да касаат, ќе касаа уште во 1993, во 1995, во 2001, во 2004, во 2011 кога беа амнестирани воените злосторници и во ред други прилики.

    На крај, една позната изрека на американскиот научник и еден од основачките татковци на САД, Бенџамин Френклин, ви текнува, тој типот чија што слика ја има на секоја банкнота од 100 американски долари:

    ” Тие кои што се подготвени да ги жртвуваат своите најосновни човекови права во замена за привремена безбедност, не го заслужуваат ни едното ни другото ” .

    • Dejan напиша:

      Еве баш сега рамковистичките хиени бараат одново пишување на историјата, пишување на нова историја, според која, сите народи на овие простори се бореле заедно за слобода и независност, сигурно Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Јане Сандански, Питу Гули, Ѓорче Петров, Павел Шатев, Стив Наумов, Методија Андонов Ченто и ред други заслужни Македонци се превртуваат во гробовите гледајќи како денешните Македонци молчат и плукаат по нивните спомени.

      Каде се сега Македонците да го спречат фалсификувањето на историјата ?

      Или Лигата на Шампионите им е поважна тема за дискусија бидејќи Ти-Хоум ги откупил ексклузивните права за емитување на фудбалските натпревари од ЛШ ?

      Но затоа полесно им е на Македонците да плукаат по актуелниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по големиот македонски великан, маестро Борис Трајанов, по фудбалерот Горан Попов и по ред други луѓе.

      • komitamkd напиша:

        Токму за тоа зборувам во мои текстови……20 години се ни помина пред нос, за ништо не се спротиставивме, а сме најголеми плукачи и давачи на етикети…колективно ја носиме вината за се. Јас неколку пати се имам осетено ко будала излегувајќи на некои собири, протести каде имало едвај 100 души. На 50 метри од мене се тераше шема, се пиеја кафиња по кафиќи наместо да се излезе на протест против продавањето на македонската гордост……Не не бива, нема иницијатива кај нас. Борис Трајанов трчаше од град во град за да мобилизира што повеќе луѓе да излезат на референдумот. Тој е еден од ретките Македонци кои веруваат во нешто свето, кој беше исходот. Македонците излегоа со 30 % само на референдум,, со пенкало не можевме да кажеме на вештачкото албанизирање на Струга, Скопје а еве сега за некоја година и Кичево е на ред….тогаш луѓето си седеа дома….денес истите тие плукаат по се живо и диво…кои небулози…..

  2. Јана напиша:

    И не само што ја тераат шемата по локалните кафиќи, накинџурени од глава до пети како на ромска свадба, туку се дрзнуваат и да те покажуваат со прст и да ти се потсмеваат затоа што си го исполнуваш твоето граѓанско право, да го кренеш гласот како резултат на незадоволство. После истите тие такви ќе ти продаваат фанта политика, а ти ќе си мислиш дали да му залепиш една родителска воспитна колку да го освестиш или само да го заобиколиш!

  3. Dejan напиша:

    ” Македонците излегоа со 30 % само на референдум,, со пенкало не можевме да кажеме на вештачкото албанизирање на Струга, Скопје а еве сега за некоја година и Кичево е на ред….тогаш луѓето си седеа дома….денес истите тие плукаат по се живо и диво…кои небулози….. ”

    Мала поправка:
    Македонците МОЖЕА, но НЕ САКАА со пенкало да кажат НЕ на вештачкото албанизирање на Струга и на Кичево, што ќе се случи во 2013 година.

    Јас лично не можев во 2004 да гласам на референдумот бидејќи тогаш бев малолетен и немав право гласам, но затоа ги замолив моите родители да излезат и да гласаат и тоа и го направија.

    За жал во Македонија е важно само тоа што се случува во Скопје, и тоа не во цело Скопје, туку само тоа што се случува во Аеродром, Центар и Карпош, можеме да ја додадеме и Кисела Вода, додека тоа што им се случува на Македонците во Чаир, Арачиново, Кондово, Сарај и ред други места, воопшто не е важно, а уште помалку важно е тоа што им се случува на Македонците во Тетово, Гостивар, Струга, Кичево и сите останати градови во Македонија.

    Но ако, нека ни е, ќе ни се врати мило за драго, исто како што скопјани молчеа во 2004 додека Владо Бучковски ги нарекуваше стружани ” манијаци и хулигани “, за што беше награден со хеликоптерска евакуација, а стружани бидејќи го искористија своето право на протест загарантирано со самиот Устав на Република Македонија, беа наградени со кривични пријави, апсења, судења, затворања и со преместување на Струшките Вечери на Поезијата од Струга во Скопје, така и стружани и сите останати Македонци кои живеат надвор од Скопје ќе ни вратат со иста мера на нас скопјани кога ќе поминуваме низ нивните агонии и патешествија, доколку веќе не поминуваме низ истите.

    Еден Велес слободно нека се труе и покрај тоа што топилницата не работи, сепак депонијата на топилницата располага со доволно тешки метали и отрови за да ги труе велешани со децении, но на скопјани ич око не им трепнува за маките на Македонците надвор од Скопје, поконкретно за маките на Македонците надвор од Аеродром, Центар, Карпош, и Кисела Вода.

    За волја на вистината, и скопјани ги трујат Железара и Охис, но бидејќи никој не ги информира за количините на метали и отрови кои скопјани секојдневно ги консумираат, како и за последиците од истите тие метали и отрови, се шетаме без грижа низ Центар, откако ги отстранија станиците за мерење на квалитетот на воздухот во Центар се разбира, изгледа и отровниот воздух си замина со истите тие станици, ќе дознаеме за едно 10-15 години кога ќе располагаме со поконкретни слики за состојбата на нашите бели дробови и на нашата крв.

    • Dejan напиша:

      Јас лично не можев во 2004 да гласам на референдумот бидејќи тогаш бев малолетен и немав право ДА гласам, но затоа ги замолив моите родители да излезат и да гласаат и тоа и го направија.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s