Молам за колективен егзорцизам

Отворено барам и замолувам мобилните оператори да отворат за мене една линија за донација. Ѓаволот влезе во мене и потребни ми се финансиски средства за егзорцизам на Света Гора каде свештеници од ова свето место ќе пробаат да го истераат лукавиот од мене. Ме опседна малодушоста од која сум опкружен и која ја гледам секојдневно кај луѓето. Веќе ни една здравица со пијачката не е искрена не па за нешто понатаму да размислуваме. Лицемерие, презир, малодушност, делби, делење  етикети, завист,љубомора, алчност. Алчноста е сепак мајка на  овие предходно споменативе. Да не беше г’зот зинат за пуста и проклета пара луѓето не би се шетале и не би се дружеле со чедата на Алчноста.
Речиси и да нема голем Христијански празник а на врата да не затропа некој фалсификатор кој бара донација за некое болно дете. Се тргува со нашата љубов кон Бога. А нам, на кои тоа им е најголемо благо кое свети во душата малку треба да не сопнат, да не принудат да ја подадеме раката. И тоа е исправно. Раката наша ќе дава секогаш во името на Бога, во името на хуманоста, верата и надежта. Нема да осиромашиме за 5 ситни банки нити па би се чувствувале ебано во мозокот ако некој имбецил со наштелована гримаса, поганејќи го името Господово бара милостина. Нека оди за Бог,а за кого ќе стигне тие си знаат.
Пред некој ден на еден од форумите прочитав за една девојка во Дубровник, која пронашла паричник со 4 000 евра и лични документи од сопственикот. Девојкава се јавила кај сопственикот и ги вратила парите. Додека го читав текстот осетив симпатија    кон личноста на таа девојка. Си реков, ете конечно човечност, конечно малку добрина.
Но останав запрепастен кога ги читав коментарите во врска со гестот на девојката. Хуманата и чесната, доби епитети дека е будала ненормална, дека е глуперда, дека била слепа при очите, дека не знаела што е добро и ред други гнасотии, само затоа што ги вратила туѓите пари. Се запрашав? Колку ли лесно лукавиот ни ги освои срцата? Ѓаволот веќе се шета по рајските градини……
Некогаш пред стотици години ваквите гестови беа нормални, луѓето си подаваа рака, беа чесни, беа блиску до Бога, се гледаа со полни а не со матни и подзакриени очи. Душата се чита со погледот, а тој е се позаматен, поизгубен.  Денес остатоците од тој убав свет се мета на потсмев, на презир. Денес нашето опкружување колективно има потреба од егзорицам и од бркање на лукавиот ангел од нашите души…..
Во последно време посакувам  да одам во некоја психијатриска болница и да полежам таму некои десетина дена. Колку да направам споредба дали има некаква разлика од тој нивниот и од овој нашиот свет. Не верувам дека е нешто воопшто различно. Лудаци и таму и надвор, колку и да сакаш…..

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s