Цела вечер ќе ти пеам…….(ПОСВЕТЕНО)

Тетка  Атина Апостолова  на времето кога царуваше правиот фолк, а не силиконските цицки и разголени бутови и газови,  отпеа една типично македонска фолк нумера  . Во песната таа пееше  ,,Цела вечер ќе ти пеам а ти само крши чаши, ќе те крадам јас од неа….ништо веќе не ме плаши”

Оваа госпоѓа во поодминати години ни ја долови песната на вистински начин, што ќе рече,  квалитетот на нејзиниот вокал и настап излегоа на виделина и без оние денешниве неизбежни  голотии. Цицка, газ и разголена пичка покрај тоа што се добри за зјапање, се и  добро покритие на неквалитетен и раштиман глас.
Не сум присталица на оваа музика, но некако лесно ми влезе во уво слушајќи ја со  добра дружина, пијан како коњ, навален на еден стол со една лига од мојата уста која гравитира кон земјата. Гравитирав и јас, но глаата ми беше зацрвстена на дрвениот астал, а во мозокот  покрај мешањето на разните муабети ме кинеше и песната на тетка Атина. Лигата од устата се тегнеше кон земјата кога некако со тешка мака ја дигнав бетонираната тиква и им се обратив на пијаните диск-џокеи-ЕЈ, ПУШТЕТЕ ЈА ПЕСНАВА ПАААААК……ТОООП ЕЕЕЕЕ….:)
Секогаш во животот сакам да гледам промашени  и пропаднати случаи. Алкохоличари, наркомани, пијаници, курви….Тие се секогаш за светот константирано ДНО, но за мене се еден убав свет со неодкриени полиња, и врати со многу прашалници. Позади секоја врата наоѓам по некоја прикаска која ме фасцинира и од каде црпам по некој не битен заклучок. Во дадена ситуација токму тие небитни заклучоци ме носат кон многу битни и суштински констатации. Пронаоѓање на вистински авантури и забегани ликови у животот. Ах, без нив не се може верувајте ми.
Исто како што не можат и оние ликови од песната на тетка Атина, без пилешко месо, разголени бутчиња, цициња со набрекнати брадавици, бели газиња излезени од пантолончињата, или некои бакарни , исончани и расни бедра .
Ликовите од оваа песна најчесто ја оставаат целата плата во цицките на онаа која им завива над црната судбина. Дома ги чека некоја трошна и запоставена  домаќинка на која не и бега боксот у фаца ако е ручекот загорен или ако постави  прашање од типот-КАЈ БЕШЕ ДО СЕГА? Ма што серам. Тоа прашање се поставува еднаш и никогаш повеќе.
Курвата која пее и која со цицките и шундата вадат тешко заработени пари од  џебот на клошарот е жената на нивниот живот. Очајната домаќинка која чува деца и дом е боксерска вреќа преку која исчадува алхохолот од  тиквата на забревтаниот и неиживеан мажјак. Примерок, без мозок и многу тестостерон во глаата кој најчесто смрди во кафаната и најголем максимум во животот му е цицката на певаљаката во неговите дланки. За пенетрација не постојкат ниту теоретски шанси.
И пак се поставува прашањето, кој во оваа прикаска е главниот режисер. Дали онаа курва, замаскирана во естрадна уметничка, или оној неизживеан имбецил кој после првиот продор во вагина напраил дете и семејство?
Јас мислам дека да не се оние вторите, не би биле ни оние првите, или кога веќе би постоеле, наместо завивање у микрофон, работата ќе ја заменеа со гланцање тацни и порции на смрдена манџа. Но немаат тие зима. Може озон да снема, но чобани и овци за стрижење никогаш.
Мадам Батерфлај од оваа прикаска носи скапа хулахопка од ликра, скупа долна гардероба, некоја животинка околу вратот и парфем во вредност од една наша македонска просечна плата. Влакненцата помеѓу препоните се нежни и не се дури ни подвиткани. Тие немаат време ни малку да пркнат од терапиите по салоните за убавина. Нив и да ги лизнеш, не можеш да ги препознаеш дека се од пичка.
Нашата изнапатена домаќинка, во оваа прикаска, чмае по цели денови дома, го чува домот, одржува хигиена, воспитува деца, прави јадење. Таа создава карактер на нејзиното дете, таа е воспитувач на тој детски и  не полетан дух. Сепак, во оваа прикаска, оваа жена борец го јаде стапот. Таа пере усрани гаќи, кошули со кафански кармини и јаде тупаници по носот. Хероината од оваа прикаска, наместо бакнеж и убав збор, добива  излив на лоши емоции, тегнење за коса и плукање у фаца. Заслугите за жал ги собира мадам Батерфлај….царицата на пропаднатите животи….на промашените случаи……(Тетка Атина е овде)

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s