ЕВН не акна со трофазна ама тужибабите ги закачивме на тапет

Август месец убаво ни го честитаа батките од ЕВН. Ни начукаа една вруќа порција десетка со кромид и тоа без конзумација. Кога го слушав чичко Латас како глатко ни ја сервира веста за 10 насто покачување на струјата, со една добра ментална подготовка, отворајќи ни го мозокот како конзерва паштета, и објаснувајќи ни нам како поскапувањето е од супер интерес на самите потрошувачи, добив желба во наредниве три месеци струјата да ја покачат бар уште три пати по 10 насто. Искрено кажано ми стана мерак шо струјата поскапе.Се израдував. Чим новинарот кажува дека тоа е од општо добро за нас граѓаните тогаш тоа е навистина така. Човекот е упатен за се во државава. Мора да сме најсреќната нација на светот.

Кај нас стандардот е висок, само народот тоа не го знае. Кај нас кога поскапува струјата тоа е супер, ама народот пак тоа не го знае. Тешко на оние кои мораат постојано да ни тријат сол над глава на нас неуките шо е тоа добро а шо лошо. Ние и онака веќе со години абер неаме шо е добро а шо лошо.

Со месеци уназад гледавме по медиумиве како тоа батките од ЕВН завршуваат со дупнати глави кога на некои места одат да исклучат струја поради неплаќање или поради кражба на истата. Во некои места батките од ЕВН одат со АЛФА тимовите од МВР само за да сменат пломба на броилото, а кај нас шутраците кои не користиме боксери и безбол палици, во одела, напарфемисани како да идат од бал. Го штелуваат гласот онака филигрански, и суптилно и педерски  ја издаваат наредбата: ДЕТЕ ….СЕЧИ!!!

Но тоа не е проблем. Ако треба и ние да почнеме да мафтаме со безбол палиците за да не остаат на раат и да не плаќаме струја нека кажат. Ма што тресам зелени. Попрво ќе ни ја покачат струјата уште десет пати одошто македонче да  се побуни за било што. Џебот ни е се потенок, но има и бетер нели?
Батките од ЕВН го најдоа рецептот  за  пополнување на нивните дупки и за нивните расходи. Слично е на пополнување на дупка на патот со нов слој асфалт. А дупките ги пополнуваат со нас, лојалните плаќачи на струја. Ако во нивниот есап нешто не излезе како што треба, ако се установи дека струјата се краде и дека нема доволен прилив на пари во нивната каса, лекот е едноставен. Поскапување!  Само што и тоа поскапување нема да важи за сите. За оние кои не кршат инкасаторски глави. Тие  дали скапа, дали ефтина, пак нема да си плаќаат. Ќе блокираат еден граничен премин накај Ќафасан и проблемот веднаш ќе биде решен.Рестото од загубите на ЕВН ќе го доплаќаме ние. Се медијаторство на ОБСЕ, ЕУ И САД.Тоа се истите оние кои ни дрндаат и ни изготвуваат извештаи како тоа кај нас се спроведуваат законите. Според нивниот тертип, само блокирањето гранични премини му е мајката или клештата у раката замотана со изолир трака.
Лустраторите конечно си ја завршија својата работа. Еј, у живот никад не сум ги сакал тоа тужибабите. Тужибаби у школо, па тужибаби во војска, па тужибаби на работа, тужибаби у куќен совет, па се до врвот у парламент. Се прашувам дали една кариера во Македонија е изградена без тужакање?

Сите ја знаем  она онаа заебанцијана  кога си завртен со грб, 10 души се позади тебе, еден ти маа заушка а сите викаат БЗЗЗЗЗЗЗЗЗЗЗЗЗЗ. Знаеш дека не те удриле сите, дека само еден е измамникот а тој ти се кези у фаца. Слично и со овој случај, само шо во овој  со тужибабиве не ни предопставуваш дека си кодошен. Со она заушката бар ќе те запечат уши и ќе си знаеш. А вака абер си немаш. Седиш на иста софра со овие, можеби делиш и иста канцеларија а на крајот на листата со лустрирани кодоши гледаш дека ти си на едната страна од цртата а тој од другата.
Сега кога им ги обзнанија имињата и презимињата на овие, најубаво ќе биде да ги поредиме у колона по двајца и од пред Собрание према Триумфална капија да им се наредиме од страна и сите да им ѕвизнеме по некоја по уши. Онака да им свири у мозок ко шо им свирело на нивните тужакани жртви. Онака како што тие зацрнуваа туѓи животи и со тој нивен ,,минат труд
’’ градеа кариери. Милчини,Арсовци, Чевревци, Мевревци….
Најмногу ме изненади оној шо го глумеше Кифла у Тетовирање и шо го тужакаше Љубо Манијакот кај командирот дека чува нож испод перница. Оној кој на сите робијаши им ги ебеше жените за да им наточи ракија у тетрапак не ме изненади до толку.
Она што единствено ме изненади е што на овој список не гледам жени. Дали ова значи дека жените не кодошат? Или нивното пренесување на информации има друга техника? А да…направив превид. Тоа спаѓа веќе у сосема друга дисциплина. На оние кои дудлаат досиеа не им се отвараат. Дудлањето не секогаш значи оцрнување на нечиј идентитет. Дудлањето е почесто за лична сатисфакција. Да се отвараа досиеја и за таа работа на тој список кај жени и разно разни лингури, пак ќе ги најдевме и овие кодошиве. Но добро. На непроверено, таа етикета нема да им ја залепиме. Они си знаат најубаво нели?

 

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

One Response to ЕВН не акна со трофазна ама тужибабите ги закачивме на тапет

  1. Vasil Angelovski напиша:

    Potroenata struja vo selata na pogolem del na zapadna Makedonija mora nekoj da ja plati a za toa sepak odlucuvat nekolku lesno potkuplivi (biznismeni) luge taka nareceni “regulatori,” imajki podrska od novinari biznismeni pod zakrila na vlasta koja sepak ima del od toj kolac. Taka da EVN ne mozejki da si gi naplati pobaruvanjata od narodot koj sto seuste zivee na grbot na drzavat ( so neplakanje na obvrskite kon istata a koristejki gi site povolnosti od istat, obrazovanie, zdravstvo i vrabotuvanje na nepismen kadar vo drzavnite institucii) veke ne e privatna firma tuku podruznica na vlasta koja ima potreba od nivnite glasovi . A tuka sme nie obicnata raja koja seto toa ke go platime ….

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s