Како го закопуваме Македонскиот јазик?

Каде ни е грешката мои Македонци?

Крсте Петков Мисирков го дислоциравме за да ја издигнеме славната триумфална порта Македонија. Да беше технички момент во ред, но секако не е.  Многу  работи поврзани со Крсте Петков Мисирков дислоциравме а за тоа не чувствуваме никаква одговорност. А зашто и да чуствуваме.Што ќе ни е Крсте, сега е време на помодарство и странцизми.
Јас се потешко го разбирам  фазонот во нашата спика , па користењето на странцизмите во нашиот говор по дифолт би требало да напраат да  се осеќам шемаџиски и во тренд, затоа што на литературниот наш јазик насушен одамна му се помочаа сите.
Почни со телевизиската програма, каде речиси и да нема цртан филм за нашите најмили, синхронизиран на македонски јазик, па преку користењето на кириличното писмо на интернет фанатиците, се преку нашите кабловски оператори кои на својата програмска шема нудат различен тип на преводи на својата програма , освен на македонски јазик.
Штом го закачиш дугмето на Subtitle ќе ти излезе листа на преведени  јазици , и во надеж дека некаде ќе го пронајдеш македонскиот, остануваш подзинат од фактот дека таму има некои си хебрејски или арапски или какви не  преводи. Ни М од нашето Македонско.
Па да. Скапо им е на овие операториве да платат луѓе тоа да го средат. А Македонче  ко македонче, научено да си голта се  што ќе му се сервира. Не српски или бугарски, има да  почне да чита и од лево на десно ако треба ,но нема да го стави прстот на челото и да се запраша во која земја живее и на кого тоа му ги плаќа денарите додека зјапа по ТВ програмите.
Има ли оваа земја совет за радиодифузија? Како тој совет дава дозволи кабловските оператори да емитираат сигнал без опција за македонски превод на ТВ ппрограмите? Па во која земја работат бе овие?
Јас како вљубеник во фудбалот до пред некоја година на нашите ТВ канали го следев шпанското, англиското, италијанското и француското фудбалско првенство. Оваа година ниту една наша македонска телевизија нема да пренесува фудбал со македонски телевизиски коментар. Јеби га. Фудбалот е скап но турските серии се ефтини. Времето на луѓето? Живо џабе. Тешко е да си го побараме македонскиот јазик на менито, но многу лесно е да се лупаме во гради дека  сме ние најстариот народ на балканот. Тој народ голта  бугарски и српски преводи и око не му трепнува. Тој народ голта српска турбо-фолк музика а од време на време  оди под воионот на коњ и станува поголем од самиот јавач на коњот. Макар на кратко, онака во блиц момент. Потоа? Од Македонското не останува ништо!
И по 20 години независна држава ние наместо да продаваме македонски јазик на соседите, како најстар народ нели, увезуваме концерти од ТВ Пинк и ТВ Планет, гледаме фудбал на Спорт + и на Спорт клуб каде српските коментатори со право свршаваат на своите спортисти. Кој ќе свршава на нашите? Никој. За нив и онака сме ФИРОМ. Тие си се топли браќа со Грците а од нив преземаме слика и српски превод.
Каде ни е нас достоинството? Кога бев да ја платам сметката за кабловска телевизија  пред неколку дена, можеби 10 души ме гледаа како да сум ретардиран фанатик  кога ја прашав вработената на шалтерот, кога на ТВ програмите ќе инсталираат македонски превод.
Да драги мои. Наидов на кисел подсмев на добар дел наши македонци. Еден од нив се сеќавам носеше некаква маица со сонцето од Кутлеш. Но добро. Него му е тоа како добар моден детал. Ретко кој од нас го носи тоа сонце во срцето. Затоа во меѓувреме, оние на шалтер ќе ни ги одкуцаваат сметките,ќе си подпевнуваат некоја песна од Сека или карлеуша  и ќе штанцаат наши македонски  пари.
Одговор за македонскиот јазик нема да ни дадат. Затоа што ние слабо прашуваме. И ако прашаме, стануваме цел на подсмев. Ма што има врска?  Добар дел од овој народ секогаш ќе дрка на Ноле и Џеј, а превод не му е потребен кога ќе ја наполни салфетката со дркотина. За оние историските ТВ канали и немаме некаков интерес. Си го имаме чичко Чепреганов да ни ја кажува неговата сервирана  историја.
Некаде во некои земји до пред скоро забрануваа да се следи светско првенство во фудбал. Кај нас  ништо не е  забрането. Кај нас на големо се инсталира бугарско, српско и турско слово на ТВ каналите. Не знам што е полошо. Она првото или ова нашето….

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

2 Responses to Како го закопуваме Македонскиот јазик?

  1. Dejan напиша:

    Зависи чии услуги користиш, односно на кој ТВ оператор.

    Ако си на Близо, нема да најдеш македонски превод, ако си на Макс ТВ ќе најдеш македонски превод на речиси сите ТВ канали, за Боом ТВ не знам, немам искуство со нив.

    А кога сме кај коментаторите кои говорат во позадина, тоа не е работа на ТВ операторот, туку на телевизискиот канал, ќе им се жалиш на ЕуроСпорт и на СпортКлуб за тоа, иако не знам дали воопшто би им било исплатливо да даваат плата за македонски коментатори, кога српскиот и хрватскиот јазик ги говорат над 10 милиони луѓе, а македонскиот јазик го говорат едвај 2 милиони луѓе, поконкретно зборувам за граѓаните на Република Македонија, а не за Македонците од целиот свет.

    А инаку, јас лично воопшто не го читам бугарскиот превод, полесно ми е без превод, отколку со бугарски превод, а српскиот и хрватскиот ги користам само кога на одредени ТВ содржини нема македонски превод, така на пример, на National Geographic има македонски превод на Макс ТВ, но не на сите емисии, на постарите документарни филмови, како што е Apocalypse: The Second World War, нема македонски превод, па го вклучувам српскиот превод, но бугарскиот не го ни земам во предвид, дури и бугарските ТВ канали ги бришам, настрана македонизмот, да да, македонизмот, а не патриотизмот, главната причина зошто ги бришам е бидејќи имаат посељачка програма и од најсељачките турбофолкери светот.

    • Dejan напиша:

      Мала поправка:

      Главната причина зошто ги бришам е бидејќи имаат посељачка програма и од најсељачките турбофолкери во светот.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s