Кога сељак ќе рашкрапа со упаљачот

Оваа година Македонија гори, пламти. Македонија влегува во деветтиот круг на Данте. Струмица се прости од тројца свои храбри сограѓани кои го загубија  својот живот бранејќи го градот од налетот на огнените јазици.
Браќата Пено и Блажо Стојкови и младиот несуден татко Митко Георгиев заслужуваат да станат симбол на солидарноста и саможртвувањето за градот Струмица, оставајќи ги своите тела во пепелта како залог за градот Струмица. Генерали после војна нема да се правиме, но кога ќе го слушнеме името на овие наши современи јунаци,  не би  можеле  да се наречеме луѓе ако барем малку не почуствуваме срам и самокритика.
Сите сме ние директно или индиректно  мали соучесници во палењето на огновите. Знаеме да фрлиме стакленце во тревата, опушок од цигара од колата додека врвиме по врелите патишта, знаеме да запалиме некое стрмниште, или непрооден планински пат за да дојдеме до полесно крадење на дрвата за огрев. Знаеме да ги палиме контејнерите и депониите, знаеме да ја запалиме сувата трева за да добиеме поубави пасишта за овците. Некој дури палат оган затоа што тоа  сексуално ги возбудува. Да драги мои. Пироманијата е појава слична на педофилијата. Нема да ја наречам болест затоа што тоа ќе ги аменстира идиотите од долгогодишно скапување во затвор.
Педофилијата, пироманијата е подеднакво исто казнивно дело како страста кон крадењето, силувањето, убивањето. Нема, и не смее да има дистинкција помеѓу едните и другите  дела затоа што во тој случај, хероите ќе си ги закопуваме гламјосани и со изгореници од 4 степен, а гомнарите што палат и кои не фрлаат во оган на тој начин би ги испратиле во некоја установа за ресоцилајизација.
А не станува збор за крадење раткапни или бришачи на паркинг плацевите. Станува збор за акт во кој живи луѓе горат, станува збор за акт по кои деца без родител ќе се раѓаат и во кои цели семејства во црнина ќе се обвијат. Вчера браќата Стојкови, денес младиот Георгиев…. утре кој?
Огнот не прашува. Огонот не може да го измери мозокот на простакот кој за ситни и бедни интереси пафта со запалаката на плус 50 степени. Копачот со нискоразвиена свест во оваа држава пали, а некој друг гаси. Се во име на општото добро за неговите овци, за општото добро на неговата нива или за полесен приод кон дивото сечење дрва за огрев. Хм…
Често пати го спомнуваме факторот невнимание. Според гореспоменатоте причини поради кои игра кибритот според мене причините се со  класична умисла нели?
И сето ова ќе ни се повторува од година во година. Луѓето ќе гинат, ќе ги исплачеме, по некој убав збор за нив ќе кажеме,  на крај ќе ги заборавиме.
Се додека не начукаме некој подпалувач со доживотна затворска казна, да скапе во некоја ископина за јаглен, сељациве ќе ни се шетаат по лесно запалливите полиња со кибрити во раце, стадо овци, некој стап за ораси лупање преку рамето или со некоја чутурка брлива ракија. Е потоа веќе причината не е важна. Нека гори, нек си ебе матер. Сељакот е газда на природата. Кога тој реши да ја запали, има да ја запали. А кој што му може? На крај само имбецилно ќе промумламе дека факторот човечко невнимание предизвикал пожар. Луѓе што горат никому ништо. Апсаана или темна зандана? Ма ви се молам. Одиме кон Европа и кон либерализација во казнувањето на злосторниците. Педофили, пиромани се едно. Онаму каде што вредностите се извртени, тие се жртвите и ним им е потребна стручна помош. Ние останатите?
Можеме само да се молиме само некој надрвен кур да не се распафта пред нашето маало, или некоја сељачина да не си најде занимација со кибритот во време на портокалова фаза…

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s