За Чичко Кумплунг

Поминаа добри десетина години и кусур, одкако  на нашите екрани се појави фамозната фаца на маестро Кумплунг, лик  на еден луд Македонец исфрлен  како мрачен производ на транзициска Македонија. А тој мрачен производ драги мој е еден максимално искулиран и ноншалантен тип, пун со шали, на кого му го начукале комуњарите и го избркале од работа.
И од каде да почнеме? Пред нас стои еден самобендисан лик, хедонист, љубител на млади пички и грозни кафани, светски шампион во задоволување на свои потреби. За други ич не му чуе воопшто. Неговата трошна куќа е во главно едно прибежиште каде треба да се преоблече, да се испере и да земе нова пеглана гардероба која жена му Стојна со посебна страст ја  проаѓа под пеглата. Попарата и сецканата зелка му се екстра додаток.
А кај Стојна и  нема посебни потреби. На кутрата жена доволна и е една заповед од лудиот балканец па таа да се осеќа као Кинеска краљица. Као фактор у куќа. Кутра жена. Едини фетиш у живот и е муж и да и постави заповед а она со широко срце да ја исполни. Жена на која не и пречат трагите од кармин на кошуљите и гаќите на немирниот сУпруг. За неа и е битна онаа балканска женска девиза. Демек кај и да иде, дома ќе си дојде.

Пизда ти матер....рикна гумата да ти ебам гумата...у пичку пичку пичкууу

Пизда ти матер….рикна гумата да ти ебам гумата…у пичку пичку пичкууу

Шлаканиците и ќутеците се нешто како зачин во оваа брачна манџа чиј  главен кувар е Кумплунг, а манџата ја матљаат останатите ликови од неговиот живот. Стојна, син му Цоле…….Во колку ли само денешни луѓе спие по еден чичко Кумплунг???
Како транзициска жртва, оставен без работа од страна на лошите комуњари оваа фаца можеби и заслужува свое место во музејот за жртвите од комунизмот, ако веќе не е можна име на улица или детска градинка:)
Во музејот за восочни фигури Мадам Тисо, место за овој лик ќе бараме како лик жртва на алчни курождерки и спонзоруши кои го  јаваат ко џокеи за еден стан и црна пудла. Можам да ги замислам секирациите на чичко Кумплунг. Избркан од работа, со сецкана зелка за ручек во секојдневното мени, и Лада крнтија со која како таксист работи и заработува колку да ги плати хотелските соби за него и за курвата. У меѓе време, син му Цоле ќе иде без ебан динар во џеб, а Стојна ќе слуша староградска музика на крш радио од пред втора светска војна. Ако нешо просере, не и бега и бокс меѓу рогови, колку да се прибере во својот малечок свет на послушна и угнетена македонска жена.
А нашиов главен лик носи фармерки и тексас кошуља, матља чачкалица меѓу зуби, има своја слика на ретровизор и мука мучи како да и купи стан на својата мала курва. Додека Шила врти со газот у кафана као кафанска певачица, Кумплунг со својата крнтија врти километри, колку да собере некој ебан денар за плаќање на евтина хотелска соба. Кога Кумплунг ќе го удри спермата у глава и таксиметар ќе се преврти, и Шола џокеј ќе стане и Стојна ќутек ќе изеде.
Но кога на нашиот лик се ќе му тргне наопаку, а неговата мала дроца ќе му кидне со моќен полициски инспектор ебачиштево од приказната своите муда ќе ги насрчи  на својата несудена снаа. Девојката на неговиот роден син ќе стане негова нова секс водиља и животот. А малата, глупа ко кур, ќе сања за брак со овој заможивник на кого едина амбиција у живот му е само добро да истелачи нешто младо. За 10 кебапи и лименка пиво, јебачки став и раскопчана тексас кошуља, малава ќе падне у загрљајот на чика Кумплунг кој патем и дава еден бесплатен совет како да се ослободи од ,,емотивниот” Цоле. ,,КАЖИ МУ НЕ ТЕ САКАМ ВИШЕ, НА ТАТКО ТИ МУ Е ПОГОЛЕМ”:)
После дугачко пеглање на несудената снаа, снаата останува бремена, Кумплунг на чедото  му станува нешо измеџу дедо и татко, а син му Цоле нешо измеѓу братче или вујко. Стојна добива статус на нешто измеѓу мајка и баба. Тоа е трагедијата. Од еден напален кур на чичко Кумплунг, останаа петорица трудни.
А Цоле е  нашиот трагичен лик. Дечкото кој сањаше платонска и органска љубов, стана жртва на валкан блуд измеѓу неговата највеча љубав и татко му. Јеби га. На малата не и било до платонска љубов. Очигледно барала нешо поише…..

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

2 Responses to За Чичко Кумплунг

  1. Брат текстот ти е закон. Како и секогаш… Инаку чичко Кумплунг е вистинската жртва во филмот, а за тоа се криви комуњарите и фактот дека не заминал за Германија🙂

  2. Igrivo напиша:

    Пусто македонско…

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s