Бегајте људи, свадбариве се разрокаа, а на дедовциве им се качува тестостеронот

Лето е. Време на гастербајтерски свадби. А овие рамковниве се распукале со тоа пиштолите и калашите ко да дигаат интифада во појасот Газа. Фрштат меткови испалени кон небото македонско, ама акал зелен не сваќа дека тоа зрно ќе падне некаде со три пати поголема брзина одколку што иде нагоре. Нагоре ако успорува, надоле кога паѓа забрзува па лесно ги раскинува ткивата на случајните минувачи. Да не зборуваме за децата. Метакот не прашува кого да пробуши.
Се си мислам дека  пуцачот, раката ја штелува онака мангупски, како одметнат апачи тип од каобојските филмови, и дека пиштолот му доаѓа како моден детал на црната шпиц ципела и белата чарапа. Шарени кошули веќе носат сите одамна.
И ете така, еден од сватојте се распукал со тоа пиштолот на свадба во некое тетовско село, метците од таван рикошет и право у трите девојки кои биле гостинки на свадбата. Куку ми се лизна…..
Некој спомна дека рокањето со пиштоли и калаши на свадби е албанска традиција и дека нарушување на људско право за нив било да им се одзимаат пиштолите за време на свадба.Забрана за поседување оружје, за некои  типови е ко да им  забраниш да пијат вода. Тоа што сите останати сме потенцијални играчи на руски рулет ради нивната традиција и не е  многу важно. Сега сум апсолутно сигурен дека идејата на Љубчо за поделба на Македонија ипак не држи вода . Метциве лесно ќе ги прерипаат евентуалните ѕидови. Треба да се бара друго чаре.🙂
И да не испадне сега дека тука напаѓам одреден етникум од нашата ни мултишарена државичка, малку ќе се преселиме во селото Конопница, кривопаланечко. Таму некој стар паланечки шоп си ја носел внуката во плевна и монструозно  си  ги  распламтувал  сексуалните гнасни соништа над девојчето.
Не знам уште колку македоснки епизоди на ФРИЦЛ треба да се случат и кај нас па на некој од овие таканаречени организации за заштита на децата да им текне да поведат законска постапка  за  воведување на кастрирање за овие имбецили. Ни една затворска казна за овие монструми нема да е праведна во однос на траумата што ја трпат децата жртви на сексуално злоставување.
Затоа, јас од таканаречените поборници за заштита на децата и натаму чекам да побараат КАСТРАЦИЈА  за овие мрсни копилиња. Хемиска или физичка?Ја сум за физичка, кога веќе теслата у глава е противуставна нели….
На само 70 км од Паланка, во градот познат по виното Неготино, 17 годишен  малолетник си ја искасапил родената мајка. Дури 50 убоди со нож, за наводно непримерната мајка која во својот дом често си носела разни партнери а   детево било наводно чест  сведок на непримерни дејанија во својот дом.
Дали е ова точно или не е, ќе се утврди за време на истрагата, како и  причината зашто ова момче отишло толку далеку во омразата кон својата мајка. Дека е причина тоа што мајка му го заборавила гробот на татко му, сигурно  не е. Се си мислам дека има доста работа за психијтарите и психолозите во овој случај. Реално. Човек, а поготово дете на оваа возраст, не е нормално да изврши ваков брутален акт и сето тоа да го поднесе толку ладнокрвно и смирено. Од тука се поставува прашањето, дали убиената жена е единствената жртва во овој случај? На прв поглед изгледа така. Но дали е така? Кој би знаел…Има психијатри, психолози, социолози нека прочепкаат вниматело затоа што ваков случај во Македонија до сега не е запаметен. Можеби сега не е време да се спомене, но со детето-убиец е потребно внимателно постапување и пружање на соодветен третман.
За него можеби и да има некое логично објаснување зашто постапил така. Нешто што на пример не може да се констатира за маниајците кои ги вадат органите пред деца, блудничат, ги допираат и сексуално над нив се изживуваат.
Пред само неколку дена во Охрид бевме сведоци како обвинет за силување беше ослободен од притвор и  пуштен да се брани од  слобода. А така е тоа во нашата ни праведна Македонија. Жртвите ќе ги снимаме во папучи со задскриен глас, а ебачите на туѓи животи   ќе се шетаат на слобода. Што ли ќе се деси ако таткото на силуваното девојче некаде на улица го сретне силувачот? И што ако таткото во тој случај земе некоја хебла и му го скрши лобањот на овој мајчин ебач? Кој ќе биде за тоа виновен? Таткото на силуваното девојче или нашиот усран правосуден систем?
На македонскиот нарко-пазар се појавила и фамозната дрога Мјау-Мјау, или позната како РУФИС. Е финтата со оваа дрога била во тоа шо девојките шо ја конзумираат многу лесно почнуваат да ги соблакаат гакичките и да мјаучат по кревет. Нешо такво и се десило на некоја Французинка у Колосеум. Она матљала коктели, си причала со некои си фраерчиња и одеднаш се освестила со орган плус во меѓуножјето. Фората со оваа дрога е во тоа шо моториката на телото се успорува и тешко е да се спротиставиш на било што.
Супер. Сега многу калаштури мераклики ќе можат да се вадат дека го примиле ради дрогава. Мачето слободно ќе им мјаука како и до сега, но барем околностите ќе им бидат малку олеснети🙂

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

3 Responses to Бегајте људи, свадбариве се разрокаа, а на дедовциве им се качува тестостеронот

  1. Gospodin Vakovonakov напиша:

    Друже, колку теми обработуваш во постов??? Уште економската криза фали…

    • komitamkd напиша:

      Црна хроника ебаго :)…во два дена деца ни силуваат, син мајка си коле, нови дроги на тржиште, мора да сме у тек. А економијава бате..џабе ќе збориме за неа…отиде бензинот пак у курац. Го поевтинија 5 пати по еден денар..сега еднаш го поскапија за 5 денари. ефтини финти за народ….

      • Gospodin Vakovonakov напиша:

        Е стварно кога гледав вести не ми се веруваше толку глупости во еден ден да се случат… јбг живот. А за економијава стварно боље да не збориме…:/

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s