Македонски поделби и раскол(На пат кон пропаста)

Дали е можно во нашата Македонија човек да прдне или да се помоча а да не добие партиска или друга етикета по начинот на кој прднал или се помочал?
Јас мислам дека тоа е во доменот на невозможно. Кај нас делби и етикети фрштат како ,,Добар ден,,.
Во минатото кукавме како не ни чинеле Турците, па Грците, па Бугарите па Србите. На овие последниве најмалку сме се плачеле додуша  иако можеби и требало најмногу, но сепак тоа е друга тема, и ако почнам да ја разглабам не е исклучена веројатноста од утре да ми ја шлакосаат бугарофилската етикета.
А во Македонија секој шо е анти-српски настроен, говорам од историски аспект, тогаш автоматски е бугарски егзарх или работи за службите во Софија.
Ај што не чинеле Турците, Бугарите, Грците па замисли и Србите, еве од 1991 година како ја влечеме независноста на нашата Македонија, Македонците пак си го јадат стапот.Кој ни е крив сега?Кога ја создававме државата, таа ја градевме на слаби и килави темели.
Додуша повеќе го дудлавме и повеќе се потресувавме  како  да ја спасиме мртвата Југославија(Србославија), и да ги направиме Хрватите и Словенците сепаратистички олоши одколку што многу му ја мислевме како да  ја дигнеме Македонија на здрави нозе. Нашите лидери кои ни го тупеа курот со нивната имбецилна фраза ,,Оаза на мирот,, во генот ни го всадија она популарното ,,САМО МИР ДА  Е ” или у стилот дека водиме мудра политика , па нема никого да лутиме и да  нервираме дека некаде на крај од паметот ни се мота мислата да создаваме држава.
Чекавме ли Словенците и Хрватите и нас да ни ја доенсат независноста или можеби чекавме Белград да не испрати и да ни даде миро-спогодбен развод со локум и кафе?Не знам.
Единствено што знам дека тогашното државно раководство немаше муда да им се спротистави на српските генерали кои воспоставија еден вид на своја воена хунта во Македонија, ставајќи ја нашата земја под јурисдикција на ЈНА и на српските генерали. Да беше Тодор жив грклани ќе се сечеа, но тогаш ние живеевме во оазата на мирот, а нашите војничиња беа испраќани да ја спасуваат државата која стана приватна сопственост на Слободан Милошевиќ.
Делбите кај Македонецот почнаа уште од почетокот на Македонија како независна  држава. Едните беа мудри, и го дудлаа на Србите, а другите кои похрабро  бараа независна држава беа етикетирани како  сепаратисти и терористи.
И како така, со многу перипетии создадовме држава, со мољакање, со прдакање, само колку    да не налутиме некое српско генeралче гладно за поголем чин и унапредување во службата.А беа унапредени бааги главурди шумадиски. А генералски чинови ги заработија со газење по човечки трупови, во крв до коленици.
Создадовме  држава, но во ООН бевме примени како БЈРМ(Бивша Југоловонеска Република Македонија).Привремено само. Минимум на 15 години  си ја влечеме до сега таканаречената   привремена одредница. Бивша Југословенска Република Македонија. Рафал!!!
Оуу. И ебавме мајката на Југославија и декларативно. Тоа си го закачивме онака гордо во името. Колку да нема во иднина забуни дали сме или не сме пројугослевени.Нека пукнат душманите.Ние сме од тогаш бивши Југословени и на папир!
Денес во Македонија ако плукаш по ВМРО автоматски си симпатизер на Фидел Кастро, Сталин, Тито. Ако го почититуваш Тодор Александров , тогаш си Бугар или продолжена рака на врховистите. Ако си комуњар, по дифолт не ти лежат патриотските песни у кафана. Или па ич не ги ни бараш,  иако тие се наши. Македонски.
Се поделивме на багра обоена со црвен или син маркер по улиците. Ги пополнувавме улиците заради политички а не национални идеологии. Никогаш не излеговме за да се спротиставиме на газењето на Македонија.
А ни сменија име, ни сменија знаме, ни ги ограбија фабриките, ни го сменија уставот по пат на вооружена агресија и ги прифативме правилата на агресорите. Агресорите ни се 11 години во власта!
Но ние и понатаму водиме дневна политика. Кој за што бил крив. Тоа го прават оние кој во овие 20 години не нацртаа една црвена линија позади која нема да одстапат ни еден чекор назат и едните и  другите. И додека чекор по чекор ни ја одкраднаа земјата од нашите  раце, бидејќи ние бевме зафатени со водење дневна политика, ни преостанува онака траги-комично и саркастично да се лупнеме у гради демек сме потомци на Александар а дозволивме 20 % малцинство на мала врата да ни ја донесат консензуалната демократија и да ни ја силуваат државата  со уцени и закани.
Тоа значи дека во иднина нашата држава ќе ја градиме исклучиво со амин на оние 20 %..
А тоа се оние кои работат вредно и патриотски на својата кауза, тоа се оние кои го бојкотираа референдумот за независност на Македонија, тоа се оние кои го бојкотираа гласањето на уставот на државата , тоа се  оние кои 20 години не сакаат да смислат македонски симбол или било што а да асоцира на македонска држава.Тоа се оние кои ја исцртаа Илирида во Македонија и правеа паравојски.
Е да. Тие во иднина ќе бидат градители на македонските стандарди. Ние во меѓувреме ќе се обвинуваме кој е предавник а кој патриот. Тоа сме сите ние. Ние сме тие кои ги  наградивме убијците и крвниците, а нашите синови бранители ги испративме да гнијат по занданите и да се срамат да кажат дека некогаш биле учесници во воен конфликт за својата земја. Тоа сме сите ние. Глобално. Во едно такво заматено кралство главни актери и главни играчи се дудлачите и куропушачите. Тоа се оние кои за бедна позиција 20 години не третираат како да боледуваме од колективно лудило и амнезија и не трујат со ефтини прикаски.
Во меѓувреме, Македонија сите колетивно ќе ја испративме во клиничка соба. Таа е клинички мртва, а вината за тоа го имаме сите до еден. Подеднакво! Ликовите на нашите великани(Гоце, Даме, Самоил, Александров) ќе бидат далечни за нашите очи. Нивните ликови ќе бидат срам за нашите очи затоа што тие не задолжија со свет аманет. Аманет кои ние по се изгледа нема да го предадеме на идните генерации.

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

4 Responses to Македонски поделби и раскол(На пат кон пропаста)

  1. Stevanoski Goce напиша:

    Brat mozam samo da te pozdravam i da kazam od srce nema podobar od tebe NEMA…mi trebase nekoe vreme da procitam skoro se sto imas i iskreno…NEMA PODOBAR…te ispofaliv bukvalno na site sto gi znam…se naogjam momentalno u Afghanistan i iskreno nikad ne sum videl,slusnal i procital vakov tekst….TE MOLAM prodolzi i ponataka…POZDRAV

  2. komitamkd напиша:

    Благодарам брат…..

  3. prophercy напиша:

    dzabe se komentarive zasto veke nacii i patrioti odminuvaat vo minatoto
    sega koga svetot se menuva i se preobrazuva kon 1 i edinstvena nacija koe ke vladee 1 kral so nea i ke se uci 1 jazik a toa bankite go pravaat i im tera uspesno

    koga ke videsh za dzabe ti e sve nitu bugari,nitu grci,nitu srbi,nitu albanci,nitu turci

    nitu edna nacija vo svetot nema veke da go cuvstvuva patriotskiot duh
    naprotiv lugjeto ke se borat za personalna sloboda od porobuvacite koj go drzat , vladeat i upravuvaat so svetot

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s