Разликата се вика Марин Докузовски!

Заврши горчливата епизода од Каракас. Македонија одигра три натпревари против три не европски репрезентации и во тие три натпревари оствари една победа и два порази. Оној срамниот од Ангола и оној помалку срамниот, да не речам очекуваниот од силните Доминиканци. Репрезентацијата која во Литванија го освои високото 4 то место, каде со гранитна одбрана од просечни 64 примени коша по натпревар(втора после Русија) и ги доведуваше во очај противничките репрезентации, во Каракас отидоа  на просечни  и многу лоши 78.7 примени коша по натпревар.
Ако одигравме две феноменални полувремиња во одбрана против Ангола во второтo и против Доминиканската република  во првото полувреме, на истите овие натпревари во едно полувреме примивме 53, односно 58 коша.
Што ли се смени за само 10 месеци по заминувањето на Марин Докузовски?
Не сакаме да ја бараме вината кај селекторот Марјан Лазовски. Во овој случај тоа би било и малку неблагодарно и нечовечки кон човекот кој подеднаково како и сите нас посакуваше пласман на Олимпијадата . За неговите тренерски квалитети нема да зборуваме затоа што тие се далеку  под квалитетите  кои ги поседува Марин. Можеби кај Лазовски не недостасвуаше ентузијазам и желба за свежи ветришта во репрезентацијата. Доказ за тоа се тестирањата на многу наши млади и надежни момчиња, некои и од нив со само 15 годишна возраст, да го осетат духот и шмекот на репрезентацијата. А се започна со една убава најава после победата над Литванија со подмладениот и комбиниран тим, без Гечевски ,Антиќ, Мек Келеб. Таму го видовме капацитетот на еден плејмејкер како Александар Костовски кој од непознати причини не доби ниту 5 минути шанса од стручниот штаб на натпреварите во Каракас,не  давајќи им притоа заслужен одмор на неуморните Мек Келеб и Илиевски. Останува необјасниво седењето на клупа во поголемиот дел од натпреварите на Предраг Самраџиски, кој покажа дека моментално, е најсилната и најквалитетна наша карика под обрачите. Тој тоа го покажа во Литванија на пријтелскиот турнир, каде се издигна во вистински лидер над младите наши кошаркари, и секако на натпреварите со Ангола, Нов Зеланд и особено со Доминиканската Република.
Човекот кој во првото полувреме постигна 11 коша и на тоа надоврза одлични 11 скока, од кои дури 6 офанзивни, од причини познати само на стручниот штаб вториот дел повеќе го преседа на клупата одколку на паркетот. Останува необјасниво оставањето на клупа на талентираниот Кирил Николовски, кој со своите 213 см можеше и тоа како да ги растерети од непотребни лични грешки нашите први центри. Исто како и на предходните три натпревари  и Александар Костовски и Кире Николовски не добија ниту една минута на паркетот а имаше нужна потреба од сето тоа.
Останува нејасно зашто против силните и скочни Доминиканци ја напуштивме тактиката од првото полувреме на долг и стрплив напад, со игра преку високиот Самарџиски, игра која впрочем и ни донесе убедливо водство на полувремето. Противникот беше како во нокдаун па отаму е необјаснива потребата да се прифати ритамот на Доминиканскиот селектор Калипари на брза и фајтерска игра. Тоа во услови на високо водство е секако неразбирливо, нерезонски. Во брз меч каде нападите завршуваа по само 5-10 секунди, предноста ја загубивме многу брзо и многу ефтино.
Токму во тие моменти на свесно забрзан ритам од страна на противникот, фалеше диригенстката палка на Марин Докузовски. Тој знае, тој умее како треба да се амортизира еден ваков брз бран и да го спушти темпото на игра повторно на она ниво кое ни носеше резултат.
Натпреварот со Доминикана беше можеби еден од нашите најбитни натпревари и затоа овој пораз толку боли, а ќе не боли уште долго. Кој знае кога ќе бидеме вака блиску ние во екипен спорт да бидеме учесници на една Олимпијада. Токму поради сериозноста од овој турнир останува необјаснива несериозноста на првите луѓе на федерацијата Димевски и Лекиќ.
Сменивме проверен тренер кој знае и умее со овие момци. Тренер кој дишеше со оваа селекција и кој ни го донесе успехот во Литванија со знаење, а не со факторот среќа. На самиот старт од подготовките Перо Антиќ го предаде капитенскиот трон за потоа да се пишмани. Почнаа да играат разни суети, некој повеќе да скока со носот одколку со рацете над обрачот на противникот. Другарството можеби не, но сигурноста и довербата помеѓу самите кошаркари беше нарушена и тоа како. Марјан Лазовски не успеа да ги врати духовите во нормала, а сетоа тоа стана причина да голтнеме  горчлива пилула и  самите кошаркари и армијата навивачи.

Сите сме ние едно семесјтво кога е нашата репрезентација во прашање. И кога се победува и кога се губи тие се нашите херои. Она што мора во брзо време е да извлечеме школо од оваа горка лекција. А болните лекции нема да  имаат смисол ако од нив не донесеме вистински заклучоци. Тимот е изграден и тој може и мора да трпи освежувања. Луѓето од федерацијата треба да ги симнат своите суети на минимум и да разберат дека не тие, туку стручниот штаб и играчите го донесоа успехот во Литванија. Европското првенство во Словенија 2013 ќе дојде многу брзо а ние веќе сме етаблирана кошаркарска земја на која се гледа со почит. Веќе не сме аутсајдери. До врвот лесно се качува, но тешко се останува. Затоа проектот Словенија 2013 треба да започне веднаш по изготвувањето на извештајот од неуспешната операција Венецуела 2012!

About komitamkd

Десничар,Реалист,
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

2 Responses to Разликата се вика Марин Докузовски!

  1. Marija напиша:

    ”На самиот старт од подготовките Перо Антиќ го предаде капитенскиот трон за потоа да се пишмани. Почнаа да играат разни суети, некој повеќе да скока со носот одколку со рацете над обрачот на противникот. ”
    Mnogu nefer bi bilo vakvoto obvinuvanje sprema kapitenot…toj pokaza apsolutna borbenost i netuzijazam i ostvari duri i double-double protiv nov zeland…duri i protiv Dominikana,se odese dobro dodeka bese toj pod kosevite,zaedno so Samargiski sobraa dosta topki…Antic bese eden od najmotiviranite i sekoj los zbor za negoviot performans mislam deka ne e ok…so ostanatoto vo globala se soglasuvam

    • komitamkd напиша:

      Во соблекувалната не било така. Нервите на капитенот попуштиле и затоа е овој мој став. Јас сум еден од оние кои застанаа зад него после изјавата ФИРОМ, во текстот КОЈ Е ПАТРИТОТ КОЈ ПРЕДАВНИКОТ каде јасно напоменав дека критиките кон него ќе ја нарушат атмосферата во тимот. Очигледно дека тоа успеа. Антиќ на овој турнир беше бледа сенка од стариот Антиќ…..

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s